ЖивотНајмногу зрачат индукциските рингли на шпоретот, не спијте во соба со рутер Најмногу зрачат индукциските плочи, односно рингли или слични уреди што загреваат брзо по пат на индукција.Постојано зрачат рутерите, затоа не е добро да се спие во соба во која има рутер. Треба да се внимава, истовремената употреба на неколку електрични апарати во домот да биде кратка. Старите телевизори со катодна цевка исто зрачат многу, задолжително е оддалечување од два-три метри од екранот. Микробрановите печки се приказна по себе, бидејќи исто така зрачат повеќе од дозволеното, но затоа пак не се вклучени постојано, туку се употребуваат неколку пати на ден. Впрочем, на повидок е технологијата на електропорација, која е уште поригорозна околу ефектите на термичка обработка и електромагнетните зрачења. До ваков заклучок се дојде при истражувањето направено во рамките на проект финансиран од Европската Унија, а на кој шест месеци работеше Здружението на граѓани „Ековита" од Неготино. Се покажа дека луѓе од општините во вардарскиот регион знаат дека уредите зрачат, но не се информирани колку треба да зрачат и каква е состојбата во нивниот дом. Затоа, по направените мерења, се согледува фреквентниот спектар и индикации од кој уред е најголемиот придонес. – Проектот е насловен „Донирај за безбеден дом и безбедна околина". Тоа всушност ни е и целта, заштита од електромагнетното зрачење. Имавме предвидено донаторска касичка, а со донираните финансиски средства обезбедуваме инструменти за мерење на електромагнетното зрачење. Потоа, на донаторите им го мериме електромагнетното зрачење во опкружувањето, дома и во околината, но и на други заинтересирани лица. Тоа ќе го правиме и во иднина. Укажуваме за изложеноста на зрачењето и советуваме како да се намали. Поттикикнуваме да се донира за ова и да се внимава. Да се спречи овој вид загадување, а не да се лечи последицата од него. Повеќе знаење за помалку зрачење, тоа е нашето мото. Повеќе да се дава значење на јавната свест и превентивата, за помалку зрачење наоколу, за МИА рече Сашко Тодоров, дипломиран инженер биолог, претседател на Здружението и координатор на проектот. Од вознемиреност до заборавање и проблеми со срцето Сретен Давидов, доктор на науки по електротехника, стручен консултант во проектот, потсети на последиците од преголема изложеност на електромагнетни зрачења, како вознемиреност, анксиозност, термичка оптовареност, неудобност. Во најлош случај, влијание на стимулација на нервите, стимулирање неконтролирани движења и потези, влијание на ткивото на мозокот поради зрачење на телефонот претежно при употреба на десното уво со појава на заборавање, непомнење, влијание врз ткивото на срцето. -Електромагнетните зрачења се нејонизирачки, а тоа значи дека немаат доволно голема бранова должина или фреквенција за да ја променат структурата на атомот од човечкото ткиво и со тоа да избијат електрон од орбитите околу јадрото и да создадат јон. Многу е тешко да се докаже нивната штетност и воопшто во преминување на болест, поради големиот спектар на комбинации на извори на зрачење и биолошки приматели, константни услови на случување, соодветна состојба и потребата да се постават примарни претпоставки. Телото на човекот по самиот свој природен карактер најпрвин реципрочно враќа на ЕМЗ-дразбата. Потоа, ако е подолг период, се приспособува, па доколку не успее да се адаптира, се јавува болест, во најлошо сценарио. Тоа се трите фази што долго траат и се строго различни кај сите луѓе, појасни Давидов за МИА. Додаде дека овие зрачења на уредите, лаптоп, фен, микробранова, индукциска печка, ТВ со катодна цевка, доведуваат до состојба на подгревање одредени делови на телото (раце, глава, труп..), пецкање што води до неудобност, анксиозност, вознемиреност. – Според директивите на ИЦНИРП, на кои се упатени ЕУ-земјите да ги следат, праговите на осетливост се поставени на вредности на зрачење според кои не предизвикуваат и сте ослободени од емоционална вознемиреност или нервна напнатост. Истите се претежно високи и се однесуваат на мерења на унифицирана изложеност на дел од ткивото на телото на растојание до 20 сантиметри до телото од изворот на зрачење. По ова растојание, настапува нерамномерна просторна дисперзија на зрачењето, со тешко определиви ефекти. Приклучокот за напојување на уредот (усвоено штекер) е потребно да биде лоциран на позиција што е на безбедно растојание според пропишаното (повеќе од 20 сантиметри). Сублиматот на зрачење од повеќе уреди зависи од факторот на истовременост на употреба, времетраењето на употреба и меѓусебното растојание како централизиран меѓуповрзан систем на влијание врз телото. Неопходна е соодветна законска мерка што ќе се почитува, по која ќе се водат правни акти на заштита: во градежништвото при градење на куќите и степенот на заштита во материјалите, општото јавно здравје на граѓаните, оддалеченоста од комуникациско-информациските базни станици, разводни постројки, електроенергетските инсталации и слично, нагласи Давидов. Кај мобилните телефони, додаде, потребно е да се разгранични – едно е употребата во раце за гледање содржина од маркетиншките платформи (Фејсбук, Инстаграм, Линкед ин, портали, веб и слично), друго е преку неговата можност за комуникација. – Кога мобилниот го прима сигналот, забележавме зголемување на електричното и магнетно зрачење, со препознатливи шпицови во определената фреквенција на операторот. Зрачењето зависи од мобилниот уред, за кој, пак, на глобално ниво нема строго детерминирани вредности како гранични. Во литературата се среќава вредност како 1,6 ват на килограм способност за апсорбција. Најголемиот проблем настанува кога покриеноста на мрежата е слаба и мобилниот се труди да воспостави контакт (на пример во лифт, на поле, планина), при што се зголемува неговата температура и се предава зрачење во форма на топлина, кое е поврзано со времетраењето на зборување. Друг факт е потребата за забрана на употреба на мобилни телефони кај адолесценти, до 15 години, кога во главата, односно во мозокот, централниот и периферниот нервен систем се оформуваат и користењето на мобилниот влијае негативно стимулирачки, особено и во пределите за памтење. Нусефектите од постојаната употреба на мобилниот се и нарушување на социјалната интеграција, ментално здравје и состојба. Сѐ повеќе мобилниот телефон се користи како „безбедна зона" за побегнување од реалните случувања. Во една студија е забележана интеракција помеѓу зборувањето повеќе од 50 минути на ден на десното уво (поблиску до делот за памтење) и болеста заборавање. ЕМЗ, како и останатите зрачења ултравиолетово (потпомага да се развива рак на кожата), природните радиолошки зрачења (ја косат ДНК), природниот магнетен електрицитет поради силовите магнетни линии на Земјата се предмет на истражување, рече Давидов. Избегнувајте ви-фи при користење паметен телевизор Го прашав колку е штетно ако во близина на домот има трафостаница или разводно поле. – Потребно е да се дефинира колку е тоа блиску? Сигурно на 15 метри до домот не би сакале да имате високонапонска разводна постројка или друг медиум на емитирање на ЕМЗ, бидејќи во примерот на високонапонски далновод, разводна постројка, постои можност на затворање на магнетните силови линии преку индуцирањето напон преку метални делови во дворот, преку телото, возилата, непосредна опасност од контакт преку метални објекти, предмети и слично. Токму тоа е поентата на проектот, граѓаните да го осознаат спектарот на фреквенции што ги „косат" низ домот, да им дадеме индиции доколку граничните вредности се надминати и да се реагира кај соодветниот орган за да се преземат мерки. Определени институции контиунирано со факултетите да ги одредуваат и да ги следат граничните вредности, бидејќи секоја држава самата си ги уредува директивите согласно условите и потребите, а врз основа на направени експериментални и истражувачки студии. Потребни се силна иницијатива, оригиналност и стручност. Да се утврдуваат граничните нивоа, времетраењето на изложеност на овие полиња, начинот на мерење, да се има предвид факторот на истовременост на електромагнетни зрачења и да се изрекуваат заштитни мерки по закон и тоа за две категории, јавно здравје и професионални работници постојано изложени во работниот однос, рече Давидов. Во Словенија, рече, каде што докторираше, има формирано посебен Институт за нејонизирачки зрачења. -Тој е одговорен и надлежен за сите дејства и сѐ поврзано со нејонизирачките зрачења. Изработен е кодекс на добра пракса, е-карта на базни станици и извори на ЕМЗ и која може да се види во апликација, јавно достапна за секој. Се спроведуваат мерни кампањи, каде што секој заинтересиран граѓанин може да земе мерен апарат беџ и да мери ЕМЗ, не само во својот дом туку и секаде каде што се движи, како за себе така и за сите членови во семејството, со цел да се види експозираноста на ЕМЗ во текот на денот. Се водат кампањи за совесност, се повторуваат ставовите и превентивните мерки, се дебатира на емисии и јавно електронски. Работат истражувачи на експериментални студии, учествуваат директно во формирањето на директивите за ЕМЗ. Можеме да ја земеме Словенија како репер-земја (слични сме по големина на површина и број на население), додаде Давидов. Превентивните мерки се соодветна оддалеченост од уредот, ограничена временска употреба во текот на денот, внимателност при истовременоста на употреба, преместување на рутерите од дневните соби, комуникација на телефон преку звучник (remote) итн. Паметните телевизори да се поврзувааат со мрежен кабел со рутерот, да не се користи опцијата ви-фи. Заштитните мерки можат да бидат и дополнителна инвестиција во домот од финансиски аспект, преку поставување метална мрежа и креирање ефект на Фарадеев кафез, употреба на метали/легури/апсорпциски материјали што имаат способност да ги „впијаат" надворешните зрачења и сл. Тоа е во зависност од индивидуата и совесноста во врска со ЕМЗ, врз основа на укажани зголемени вредности на ЕМЗ. Електромагнетното зрачење (ЕМЗ) и штетноста врз луѓето е екстремно тешко да се докаже, потсети Давидов, токму поради неверојатниот број комбинации помеѓу изворот на емитирање и примателот, состојбата, клеточните процеси, биолошките услови, дополнителните фактори и истовременост на експонирање кон зрачење. – Статистички е докажано само корелација помеѓу детска леукемија и ЕМЗ, но и тоа е само на статистичка база, односно аналитика. Потребно е да се издвојат неколку безбедносни факти во врска со ЕМЗ, тоа е да се задржи безбедносната граница од 20 сантиметри растојание оддалеченост од потенцијалниот извор на ЕМЗ (штекер, напојување), да се ограничи употребата на индуктивни уреди и микробранови на неколку пати дневно (2-3 пати), мобилниот да се користи на левата страна од главата и помалку од 50 минути дневно или да се користат помагала за оддалечено зборување (speakerphone), да се тргнат преносните компјутери од скутовите, да се постават рутерите во ходниците или просториите со помалку време на престој. Но, најважно е граѓаните да сакаат да покажат иницијатива за да се измерат некои параметри на ЕМЗ, врз основа на кои ќе добијат индиции за превентивно или заштитно дејствување, нагласи Давидов. Како што информира Тодоров, овој проект е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Промени за одржливост" финансиран од ЕУ, а спроведуван од Конект во партнерство со Фондација „Аполонија" и Центарот за даночна политика./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
ЕвропаБрисел го откри планот за УкраинаЕвропската унија подготвува планови за четири земји-кандидати, кои вклучуваат индикативни целни датуми за завршување на преговорите за пристапување.Што се однесува до Украина, како можен временски рамка се споменува крајот на 2029 година, според објава на социјалната мрежа „X“ од Рикард Јозвиак, уредник за Европа во Радио Слободна Европа. Како што пренесува „Европска правда“, Јозвиак нагласи дека овој датум се однесува на завршувањето на преговорите за пристапување, а не на самиот момент на зачленување во Европската унија. Според овие индикативни планови, Црна Гора би можела да ги заврши преговорите во текот на 2026 година, додека за Молдавија се споменува временски период од крајот на 2027 до почетокот на 2028 година. the latest thinking on the 🇪🇺 accession roadmaps due to be presented next week (about the finishing negotiations, so not date of membership): 🇲🇪of 2026 🇦🇱&🇲🇩end of 2027 / start 2028 🇺🇦 end of 2029. — Rikard Jozwiak (@RikardJozwiak) October 26, 2026 За Украина, крајот на 2029 година првично беше спомнат како индикативен рок за завршување на преговорите за пристапување. Сепак, Јозвиак подоцна појасни дека, во случајот со Украина и Молдавија, плановите нема да се фокусираат на конечното завршување на преговорите, туку на дефинирање на очекувањата за 2027 година. Попрецизни временски рамки за завршување на преговорите со овие земји ќе бидат утврдени во подоцнежна фаза. Овие датуми претставуваат индикативни цели, а не гаранција дека преговорите ќе бидат завршени до предвиденото време, ниту пак дека земјите дотогаш ќе станат членки на ЕУ.Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook