Најмладата милијардерка на светот ја откри бруталната цена на успехот: Бе тоа не може ништо - Канал 5

Најмладата милијардерка на светот ја откри бруталната цена на успехот: Бе тоа не може ништо

Триесетгодишната Луси Гуо стана најмладата милијардерка во светот благодарение на неуморната дисциплина и темпото што малкумина можат да го издржат.

Најмладата милијардерка на светот ја откри бруталната цена на успехот: Бе тоа не може ништо

Таа открива дека основачите на стартапи се принудени да работат до 90 часа неделно за да ги започнат своите бизниси. Нејзината дневна рутина вклучува будење во 5:30 часот наутро, двапати одење во теретана и работа цел ден, често без ручек или слободен викенд.

Таа пораснала во Фремонт, Калифорнија, во семејство на кинески имигранти кои барале максимална посветеност на образованието. Додека другите деца го поминувале времето на отворено, Гуо поминувала часови на компјутер и играјќи видео игри, и токму тоа ја разбудило во неа желбата да се занимава со инженерство и софтвер.

Клучниот момент се случил во 2016 година кога ја основала Scale AI, компанија за обработка на податоци за вештачка интелигенција, заедно со Александар Ванг. Иако се повлече од својата оперативна позиција само две години подоцна, таа задржала пет проценти удел што сè уште ѝ носи огромен приход денес.

Од Scale AI до нови стартапи

Scale AI генерираше приход од околу 870 милиони долари во 2024 година, а проценките велат дека ќе достигне 2 милијарди долари оваа година. Мета купи 49 проценти од акциите, зголемувајќи ја вкупната вредност на компанијата на 25 милијарди долари.

Гуо не застана тука. Во 2019 година, таа го основа инвестицискиот фонд Backend Ventures, додека во 2022 година ја лансираше платформата Passes за монетизација на креаторите на содржини. Оваа платформа досега собра повеќе од 65 милиони долари и станува нова адреса за онлајн креаторите кои сакаат да бидат платени за својата работа.

Денес, милијардерката Луси Гуо е симбол на млада генерација претприемачи кои се подготвени да жртвуваат сè за да успеат. Нејзината порака е јасна - успехот доаѓа само со континуирана работа, дури и кога тоа значи 90 часа неделно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Апокалиптични сцени во Истанбул: Улици под вода, буица носи возила, затворени училишта

Обилните дождови предизвикаа големи поплави низ Истанбул, при што улиците се претворија во реки, автомобили останаа заглавени во водата, а беа поплавени и домови и деловни објекти. 

Видео: Апокалиптични сцени во Истанбул: Улици под вода, буица носи возила, затворени училишта

Во невремето настрада и едно момче, откако стапна во локва во парк.

Момчето, идентификувано со иницијалите М.И., починлоа во паркот „Чукур Бостан“, во истанбулската населба Балат, во општината Фатих.

Според информации од кабинетот на гувернерот на Истанбул, момчето било пренесено во болница во бесвесна состојба, но починало и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Надлежните органи започнаа истрага за да ги утврдат сите околности на овој случај.

Разорните врнежи предизвикаа хаос низ градот, при што службите за итни случаи примија вкупно 2.518 повици поврзани со временските неприлики. Евидентирани се 1.277 случаи на поплавување, 15 свлечишта и 47 ситуации во кои луѓе останале заглавени поради водата.

Исто така, пријавени се 13 паднати дрвја и два оштетени покриви. Според достапните податоци, невремето зафатило 808 станбени објекти, 280 деловни простории и 76 возила.

Куќи, продавници, патишта и подвозници се поплавени, а бројни автомобили останаа заробени во водата. Во еден дел од градот, минувачи спасија жена која била носена по улицата од водената стихија, додека пожарникари извлекоа лице заробено во поплавен подрум.

Најсилните врнежи беа регистрирани во областа Омерли, во општината Бејкоз, на азиската страна на Истанбул. Таму беа измерени 193,84 литри дожд на квадратен метар.

Во Арнавуткој беа регистрирани 125,9 литри на квадратен метар, додека во областа ИТУ Маслак, во општината Саријер, наврнаа 124,72 литри.

Во Чаталџа беа измерени 75,2 литри на квадратен метар, во Картал 14,3 литри, а во Бакиркој 6,8 литри. Количината на врнежи на одредени локации доведе до брзо излевање на водата на улиците и поплавување на објекти, што дополнително го отежна движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот.

Поради опасните временски услови, властите одлучија во четврток да ја прекинат наставата во училиштата низ Истанбул. Исто така, забранет е сообраќајот за мотоцикли поради опасностите на патиштата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Скандалозно признание на Тошковски дека нашата граница е швајцарско сирење

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во телевизиско гостувањето, рече дека изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека границата е швајцарско сирење е скандалозна.

Филипче: Скандалозно признание на Тошковски дека нашата граница е швајцарско сирење

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во телевизиско гостувањето, рече дека изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека границата е швајцарско сирење е скандалозна, посочувајќи го примерот со пуштањето на Ива Михаилова , како и низата безбедносни пропусти во изминатиот период.

„Вчера министерот за внатрешни работи, би рекол, скандалозно изјавува дека нашата граница е швајцарско сирење. Ама тоа не треба тој да го изјави, тоа се гледа секојдневно. Изминатите повеќе од две години како е тој министер за внатрешни работи. Се сеќавате на скандалите на границата со Косово, како поминуваше Африм Гаши на свадба и така натаму. Како избега Артан Груби?“, рече Филипче.

Филипче посочи дека случајот со Ива Михаилова е уште еден во низата скандали за кои треба да има одговорност.

„ Најмалку што може, Панче Тошковски, сега, после овој скандал, последен во низата скандали е тоа. Да не го заборавиме случајот со пожарот во Кочани, се обиде да ги заштити делот од полицајците кои што таму работеа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Во врска со случајот со Ива Михаилова, Филипче побара Бугарија да ја екстрадира и побара одговорност од Тошковски и Христовски.

„Бараме Бугарија да направи екстрадиција. И тоа е најмалку што Бугарија треба и може да направи во корист на добрососедските односи. Да потсетам на лажниот сертификат што директорот на АНБ, Бојан Христовски, го има од Бугарија. Да не е тоа причината зошто сега има вакви договори? Затоа што АНБ треба да има одговорност, затоа што МВР треба да има одговорност. А како ние можеме да бидеме сигурни дека сега нема некој таков договор, кога директорот на АНБ има фалсификуван сертификат за англиски јазик од Бугарија?. Нема што друго да е освен договор, затоа што нема објаснување како некој може така да помине граница. И адвокатот и самата Ива кажаа дека ја поминале границата најлегално, рече Филипче.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција.

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција

Договорот ќе биде потпишан во свечената сала на владата.

По потпишувањето предвидено е Мицкоски и претставници на „компанијата да одржат заедничка прес-конференција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер