Најмалку шест лица загинаа, а пет се водат како исчезнати по налетот на ураганот Берил - Канал 5

Најмалку шест лица загинаа, а пет се водат како исчезнати по налетот на ураганот Берил

 Најмалку шест лица загинаа, а пет се водат како исчезнати откако ураганот Берил го погоди југоисточниот дел на Карибите и почна да се движи кон Јамајка.

Најмалку шест лица загинаа, а пет се водат како исчезнати по налетот на ураганот Берил

Три лица загинаа во Гренада, едно во Сент Винсент и Гренадини, додека двајца загинаа во северна Венецуела, каде пет лица се водат како исчезнати, соопштија официјални лица.

Во сила е предупредувањето за ураган за Јамајка, како и Кајманските Острови - Гранд Кајман, Малиот Кајман и Кајман Брач.

Берил е ослабен, но се прогнозира дека се уште ќе биде со јачина на ураган кога денеска ќе треба да помине близу или над Јамајка, утре во близина на Кајманските острови и во петок над мексиканскиот полуостров Јукатан, соопшти американскиот Национален центар за урагани. /МИА

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Копман: Блокадата е кај Скопје, без уставни измени нема почеток на преговори

Македонија напредува во реформите, но без уставни измени процесот не може да продолжи. Топката е кај Скопје, порачува Генералниот директор за проширување и источно соседство во Европската комисија, Герт Јан Копман.

Копман: Блокадата е кај Скопје, без уставни измени нема почеток на преговори

Во интервју за „Балканс дебриф“ на Атлантскиот совет, високиот европски дипломат признава дека Македонија предолго чека и оти се соочила со многу билатерални прашања, но вели дека ставот на Брисел е јасен и инкорпориран во европските документи.

-Постои ли надеж за надминување на блокадата во Советот и дали Комисијата може нешто да направи во оваа фаза? - Дозволете ми да ве коригирам, ќе ми простите Илва. Блокадата не е во Советот. Блокадата е во самата држава. Земјата точно знае што треба да направи за да ги отвори преговорите, а тоа, во суштина, е промена на Уставот. Тоа е бугарското вето? -Не станува збор само за бугарско прашање. Ова е став на ЕУ. Тоа е дел од заклучоците на Советот. , изјави Герт Јан Копман, генерален директор за проширување и источно соседство на ЕК.

Копман во интервјуто потсетува дека земјава треба да усвои и патокази и акциски план за малцинствата, за кои оцени дека се во напредна фаза на подготовка. Го пофали напредокот во однос на реформската агенда, но и наспроти тоа, вели имате нула напредок за суштинскиот почеток на преговори по кластери.

-Земјата е способна за реформи. Оваа година постигна многу добар напредок во Планот за раст, што всушност значи дека направи многу тешки реформи. Прашањето сега всушност е да се адресира прашањето за уставните измени сериозно. Таа не е блокирана од земја – членка. Таа е блокирана бидејќи, досега, не сака да го направи она што знае дека треба да се направи. Топката е кај Скопје? –Апсолутно. , вели Копман.

Интервјуто на Копман е дадено неколку дена пред Форумот за проширување во Брисел, во чии рамки тој се сретна со премиерот Мицкоски.

По средбата, Мицкоски објави дека во фокусот на разговорот биле европската перспектива, реформските процеси и следните чекори во пристапуваето кон ЕУ. Македонскиот премиер, пак, од Форумот во Брисел порача дека Македонија останува посветена на европскиот пат и покрај условот за Уставните измени, наместо да се вреднува реформскиот напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов Кривичен законик: Построги казни за корупција и јавни набавки, се чека Брисел

Министерството за правда го чека мислењето на Европската комисија за предлог-новиот Кривичен законик. По добивањето на забелешките од Брисел, се најавуваат јавни расправи, а очекувањата се законот во декември да се најде пред пратениците.

Нов Кривичен законик: Построги казни за корупција и јавни набавки, се чека Брисел

Една од дилемите е дали со новиот Кривичен законик конечно ќе бидат отстранети штетните последици од измените во 2023 година, на кои Европската комисија предупредуваше во своите извештаи? Тогаш беа намалени казните за одредени корупциски дела, а беше избришано и посебното дело за злоупотреба при јавни набавки. Од работната група која работеше на законот велат дека во новиот текст е интервенирано токму во овие области.

-Во оваа насока беше интервенирано во делот на службената должност, посебно нели делот во којшто зборуваме за злоупотребата, со посебна нагласка злоупотреба на службената должност и овластување. А во оваа насока ние како експертска група нели одговорна за новите измени и дополнувања на КЗ, освен тоа ние реагиравме и во делот на последниот извештај во којшто Европската комисија дава забелешка во врска со злоупотребите при јавни набавки. Така што во овој контекст ние воведовме едно ново кривично дело со новиот Кривичен законик, членот 461, злоупотреба при јавни набавки или договори за јавно-приватно партнерство, во кое освен другото ние ги зголемивме и казните при вакви злоупотреби,- изјави – Африм Османи – Универзитет во Тетово.

Но дел од правните експерти се сомневаат дека повисоките затворски казни се доволни за да се сузбие корупцијата. Адвокатот Звонко Давидовиќ смета дека суштината не е само во висината на казната, туку во тоа дали законот ќе се применува еднакво кон сите и дали ќе се одзема имотот стекнат со криминал.

-Во ред е што се зголемуваат казните но тоа нема да ја сузбие корупцијата. Корупцијата ќе ја сузбие само сериозно применување на законот кон секого и „чистење“ на институциите од влијание на политиката. Тоа е законски „шминкерај“. Подобро осудете некој на 3 години наместо осум, ама земете и конфискувајте му го тоа што го зел,- изјави – Звонко Давидовиќ – Адвокат ( Само Вистина 18.11.2026).

За злоупотреба на службената положба се предвидуваат казни од шест месеци до пет години, а зависно од прибавената корист или причинетата штета, казните може да достигнат и до 15 години затвор.

За злоупотребите при јавни набавки, казните се движат од една до пет години, а во потешките случаи достигнуваат до 15 години затвор. Меѓу новините во предлог-законикот е и воведувањето кривично дело загрозување на стабилноста на банкарскиот систем.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Факултетите на УКИМ и Ректоратот добија струја, но со рок за плаќање до крајот на неделата

Министерката за образование Весна Јаневска не била запознаена со тоа дека четири факултети и ректоратот на УКИМ вечера останале без електрична енергија поради неподмирени сметки. 

Факултетите на УКИМ и Ректоратот добија струја, но со рок за плаќање до крајот на неделата

При посетата на Филозофски контатираше дека на УКИМ денеска струја има, но не негираше дека неколку високообразовни установи имале долгови за електрична енергија, но тврди дека тие редовно се сервисирале. Долговите кон ЕВН ќе се пополнуваат преку ребалансот на буџетот.

Во текот на вчерашниот ден поради неплатени сметки во повеќечасовен мрак останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот.

Електричната енергија денеска е повторно пуштена, а дел од факлутетите тврдат дека сами си ги подмириле сметките. Јаневска пак уверува дека високообразовните установи немаат причина да стравуваат од нови исклучувања на електричната енергија.

Исклучувањето на струјата во дел од универзитетските објекти наиде на остри реакции кај дел од партиите. Од либерално демократската младина посочуваат дека е срамно во ера на дигитализација, македонските универзитети да се соочуваат со прекин на електричната енергија и да се доведува во прашање одржувањето на настава. Бараат итна одговорност за натрупаниот долг кон ЕВН.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер