Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ
1Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
2Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ
„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
1„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
СветНајмалку седум лица загинаа во израелски напад врз либанскиот главен град БејрутНајмалку седум лица загинаа во израелски напад врз Бејрут утрово, само неколку часа по нападот во центарот на либанскиот главен град, повикувајќи се на либанското Министерство за здравство.„Непријателскиот израелски напад врз (плажата) Рамлет ал-Бајда во Бејрут резултираше со седум смртни случаи и 21 повредено лице“, се вели во соопштението на Министерството, осврнувајќи се на јавната плажа каде што раселените лица спијат на отворено од почетокот на обновениот конфликт меѓу Израел и проиранското шиитско движење Хезболах. Локалните медиуми емитуваа снимки на кои се гледа хаос и чад по должината на брегот по нападот. Тоа беше трет напад во срцето на Бејрут од почетокот на блискоисточната војна, која започна со нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари. Утрово, Хезболах објави дека испукал десетици ракети во северен Израел. Целта на нападот била израелска воена разузнавачка база на периферијата на Тел Авив. Во соопштението, Хезболах изјави дека „ја насочил базата во Глилот (штаб на Единицата 8200, дел од израелската воена разузнавачка служба „Аман“) на периферијата на Тел Авив со серија ракети од најнова генерација“. Непосредно пред тоа, Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека Иран извршил „заедничка и интегрирана“ воздушна операција со својот сојузник Хезболах, насочена кон Израел. Ова е првиот координиран напад од почетокот на војната. Претходно денеска, израелската телевизија Канал 12 и онлајн изданието на весникот „Тајмс оф Израел“ објавија дека Хезболах испукал околу 100 ракети. „Тајмс оф Израел“ го опиша нападот како „најголемиот напад на Хезболах врз Израел“ од почетокот на овој месец, кога либанското шиитско движење го продолжи ракетирањето врз Израел по долго затишје во борбите.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтотМакедонија е кредибилен партнер на НАТО и очекувам да се надмине лавиринтот на патот кон Европската унија – порача претседателката гордана Сиљановска Давкова која откри и дека имала средба со бугарскиот претседател Румен Радев. Шефот на дипломатијата Муцунски пак, од НАТО самитот во анкара информираше за билатералните средби, додека министерот за одбрана Мисајловски побара пораките од НАТО да бидат и за ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
МакедонијаСредба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУКолку повеќе доверба имате толку полесно ќе напредувате во европскиот пристапен процес – порача еврокомесарката за проширување Марта Кос од денешната посета на Скопје. За тоа како ќе се гради довербата со соседна Бугарија, според Кос нема готов рецепт, но повтори дека уставните измени остануваат услов за Македонија и посочи дека ЕУ не може да даде гаранции за понатамошниот тек на македонскиот евроинтегративен пат. За премиерот Христијан Мицкоски пак, секое трајно решение мора да подразбира заштита на националното достоинство. - Усвојувањето на договоренит уставни измени останува неопходниот следен чекор за формално започнување на пристапните преговори и затоа уште еднаш ја охрабрувам Владата да го започне процесот кој што наскоро може да донесе измени во Уставот. // Проширувањето на ЕУ не е изградено на гаранции кои се даваат однапред туку се гради врз доверба, обврски, посветеност, нивно исполнување и работа. - Марта Кос, Еврокомесарка за проширување -Очекуваме европската интеграција да остане процес кој се темели на јасни критериуми, на вредности, на исполнување на реформските обврски а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања што создаваат неизвесност и фрустрација кај македонските граѓани. - Христијан Мицкоски, претседател на Влада Кос високо го оцени исполнувањето на реформската агенда во Македонија, и не стави во првите три земји од регионот според реформскиот напредок, што значи дека за нас ќе бидат издвоени дополнителни средства од Планот за раст. Премиерот Мицкоски пак оцени дека за преостанатиот реформски чекор од јунскиот грејс период со финансиска вредност од 4,2 милиони евра, односно Изборниот законик, како што вели,во Собранието се вежба политичка гимнастика. -Охрабрени сме и навистина среќни во Брисел што С.Македонија навистина направи еден ваков скок на првите позиции кога станува збор за спроведувањето на реформите од Планот за раст. // Иако во моментов С.Македонија не може да оди напред во пристапниот процес, тоа не значи дека вие или ние не испорачуваме. Вие испорачувате многу во реформската агенда. - Марта Кос, Еврокомесарка за проширување -Се беше договорено, се беше завршено додека тој предлог не требаше да дојде во Парламент. И тогаш се појави втората политичка партија – СДСМ која рече дека па ако тие така се однесуваат и ние така ќе се однесуваме и најдоа причина зошто тоа да биде така. И едните и другите на отворена сцена од ова се обидуваат да направат естрада. - Христијан Мицкоски, претседател на Влада Еврокомесарката Кос и порача на државава дека за нас има место како полноправна членка на ЕУ и дека Брисел се надева да ја види Македонија меѓу следните потенцијални членки до 2028-та година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
МакедонијаЛишени од слобода 28 возачи за „безобѕирно управување возило“, 25 возеле без возачка дозволаВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 28 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 25 лица управувале возило без возачка дозвола (осум лица во Скопје, четири во Битола, по две лица во Велес, Свети Николе, Тетово и Кичево и по едно лице во Делчево, Кочани, Кавадарци, Неготино и Куманово). Иако имале активна забрана за управување патничко возило, затекнати се како управуваат возило по едно лице во Чашка и тетовско, додека со брзина поголема од дозволената управувало едно лице во гевгелиско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook