Најмалку две лица убиени во насилства врз религиозна основа во Мјанмар

Две лица, меѓу кои будистички монах, се убиени и неколку повредени вчера во насилства врз религиозна основа во Мјанмар, соопшти полицијата.

Неколку џамии се опожарени во судири во централниот дел на земјата. Властите биле принудени да воведат полициски час, со цел да спречат дополнително влошување на ситуацијата.

Најмалку 180 лица загинаа и над 115 илјади принудно ги напуштија своите домови, во минатогодишните насилства меѓу претставници на будистите Рахина и муслиманите Рохинга во западната сојузна држава Рахина.

Мнозинството население во Мјанмар се Будисти, а Рохинга немаат право на државјанство./извор МИА




Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево

 Во изминатите 24 часа руските сили интензивно напаѓаа во правец кон Бахмут и Авдеево, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Наведено е дека во изминатиот ден се регистрирани 115 конфликти.

Според украинскиот Генералштаб, 33 руски напади биле одбиени на правецот Бахмут, а 24 на правецот Авдеевски.

Се додава дека повеќе од 110 населени места во Чернихив, Суми, Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Николаев биле под артилериски оган од руските сили.

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

На граничен премин Табановце вчера околу 13 часот полициски службеници  лишиле од слобода 49 годишен Грк  поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, соопштиј а од МВР.

- При пасошка и гранична контрола на возилото „Форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението.

„Гответе со Дракче“ - Плескавица со компир

Во понеделник (29.04.2024) во емисијата гостин ни беше Јане Рафајловски.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. компири

3 лажици брашно

1 главица кромид

сол и зачини по желба

масло за пржење

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер