Најмалку четворица загинати во големите поплави во САД (ВИДЕО)

Во американските држави Мисури , Небраска и Ајова е прогласена вонредна состојба , откако најмалку четири лица ги загубија животите во големите поплави.

Поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд на почетокот на неделава, како и топењето на снеговите го зголемија новото на големите реки Мисури и Мисисипи и предизвикаа нивно излевање од коритата на големи подрачја во овие три држави. Метеоролозите предупредуваат дека се можни поплави и во државите Арказас и Канзас.

Потпретседателот Мајк Пенс ги посети поплавените подрачја и вети помош. Во Небраска и во Ајова загинаа најмалку четири лица , а биле спасени над 300 .

Поплавите го однеле добитокот во овие земјоделски држави , ги уништиле житата во силосите , а многу фарми се отсечени. Само во Небраска штетата е проценета на најмалку милијарда долари. На јавните патишта и објекти е направен штета во износ од 553 милиони долари, а на приватните имот 89 милиони.

Поплавен е и воениот аеродром Офут во Омаха , каде се наоѓа командата на американското военоп воздухопловсатво. Поплавени се и приодните патишта кон нуклераната централа Браунвил , која работи под полна пареа.

Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони

Руските вооружени сили денеска ја нападнаа енергетската инфраструктура во три украински региони, соопшти украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

Нападнати се објекти во областите Дњепропетровск, Ивано-Франковск и Лавов.

Халушченко информираше дека во нападот е оштетена енергетската опрема, а најмалку еден работник е повреден.

Тој на својот канал во апликацијата „Телеграм“ напиша дека сега се откстрануваат последиците од нападот.

Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје

 Под мотото „Заштитуваме генерации“, со детските ликови „Биби и Боби“ и детска балетска претстава, денеска во  Градскиот парк во Скопје, на отворената сцена „Школка“, ќе биде одбележана Европската недела на имунизација.

На настанот организиран од Министерството за здравство, заедно со Институт за јавно здравје, СЗО и УНИЦЕФ, поддржани од УСАИД и ЕУ, обраќања ќе имаат евроамбасадорот Дејвид Гир, специјалната претставничка на СЗО д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ д-р Патриција ди Џовани и претставник од Министерство за здравство.

- Заедно да ја подигнеме свесноста за важноста на имунизацијата, како значаен сегмент за градење колективен имунитет, спречување епидемии и обезбедување здрави поколенија, истакнуваат од Министерство за здравство.

Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО

 Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски е нов светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1, до 88,6 кг, откако синоќа во борба за титулата го совлада Берк Дузенли од Турција.

Бодрен во СЦ „Јане Сандански“ од домашната публика и навивачката група „Комити“, Илиоски го совлада актуелниот аматерски светски првак со судиска одлука од 2-1.

Илиоски во ноември лани го освои златниот медал на Светското ВАКО првенство во категоријата лоу кик до 86 килограми и ја обедини светската и европската титула.

За своите успеси на меѓународната сцена Илиоски беше избран за спортист на Македонија во 2023 година.

притисни ентер