Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска - Канал 5

Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска

Во сообраќајна несреќа кај Сињ во Хрватска утрово загинаа четири лица за кои полицијата се сомнева дека се мигранти, а уште неколку се повредени.

Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска

Како што јавија хрватските медиуми помеѓу загинатите е и дете на 14-годишна возраст.

Според медиумите, за време на полициската потера од Триљ кон Брназ, автомобил „Ауди“ со унгарски регистарски таблички, бегајќи од полицијата, поради несоодветна брзина удрил во ѕид од трафостаница при што загинале четири лица. Во сплитската болница се пренесени пет лица со тешки повреди меѓу кои и дете.

Сплитската полиција соопшти дека патничкото возило излетало од патот, а потоа удрило во ѕид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дваесет и пет години од масакрот кај Карпалак

25 години од масакрот кај Карпалак. 

Дваесет и пет години од масакрот кај Карпалак

Во конвојот кој беше од заседа нападнат од припадници на ОНА, животот го загубија десет прилепски бранители од резервниот состав на АРМ, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

И четврт век од трагедијата, сеќавањата на нивните соборци се сеуште свежи, велат дека додека се живи ќе ја паметат агонијата во која се нашле додека се обидувале да се спасат. Иако голем број се спасиле, многу од нив починале подоцна, како што велат, поради болести кои ги носи претрпениот стрес. Поранешниот припадник на резервниот состав на АРМ, кој успеал да го преживее воениот конфликт, Јордан Трајкоски вели дека е разочаран што за 25 години државата не успеала да направи достоен споменик за почит на младите бранители кои животот го дале за Македонија.

-И денеска стоиме пред една обична банкина ...нашите „патриоти“ се сеќаваат на нас само десет минути во текот на годината, никој не не прашал како живеете - Јордан Трајкоски – поранешен војник од резервниот состав на АРМ

И Гоце Бежоски бил учесник во воениот конфликт, вели имал голема среќа што преживеал, но и денеска после толку време тагува за другарите.

Почит на загинатите оддадоа делегација од владата предводена од минисерката за обраоазвание Весна Јаневска и министерот за спортБорко Ристовски, претсваници од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, политички партии и здруженија.

Одбележувањата на годишнината почнаа синоќа во прилепската касарна Мирче Ацев, а продолжија во градот и денеска прес споменикот на загинатите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден пред 25 години ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. 

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот – мирот се гради со одговорност, а не со поделби

Филипче порача дека нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска, а Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби.

"Денес, на 8 Август, се сеќаваме и оддаваме почит на загинатите бранители кај Карпалак.

Пред 25 години овие млади луѓе ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска.

Се сеќаваме со почит. Им се поклонуваме со достоинство. Карпалак не смее да биде само датум во календарот.

Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се бранат со одговорност, а не со поделби.Иднината на Македонија се гради заеднички, без страв и без омраза. Вечна им слава. Почит кон нивните семејства", порача Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Канал 5“ на терен со екипите на ЦЈЗ Гостивар: Како тече испитувањето на водата?

Од чешма до лабораторија, секојдневно се проверува дали водата во Гостивар конечно е на пат да стане безбедна за пиење.

„Канал 5“ на терен со екипите на ЦЈЗ Гостивар: Како тече испитувањето на водата?

Секое утро екипи на терен земаат примероци од повеќе мерни точки низ градот, со кои се следи состојбата на целиот водоснабдителен систем.

-Ова е една од локациите од каде што се земаат мостри за анализа на водата во Гостивар. Екипите од институтот за јавно здравје тоа го прават под строго определени услови. Дел од мострите исто така се испраќаат и во лабараторија. Резултатите треба да покажат дали границите на водата се враќаат во рамките на дозволеното.

Постапката започнува со физичко-хемиски мерења. На лице место се проверуваат температурата и нивото на хлор. Овие параметри се следат особено внимателно поради хиперхлорирањето на мрежата, кое периодов беше интензивно поради нејзина дезинфекција по загадувањето. Со постепеното чистење на системот, неговото ниво сега треба да се врати во дозволените граници, а резултатот од овие параметри се добива веднаш со помош на апарат кој се носи на терен. Посложени се микробиолошките анализи. Примероците се земаат во стерилни шишиња и веднаш се транспортираат во лабораториите во Скопје и Тетово, каде се испитува присуството и растот на микроорганизми. Резултатите се добиваат за 24 до 48 часа, а за конечна потврда се потребни и до 72 часа.

- Овие денови континуирано земаме анализи од 7 до 8 мерни места. Денеска ќе земеме од 7 мерни места во градот, така да ќе биде опфатен целокупниот водоводен систем во градот и према тоа ќе видиме до каде сме со анализите. После тоа резултатите ги испраќаме до ЦУК и до АХВ. Секако состојбата е подобра во однос на порано, секојдневно се мери и хлорот. Деновиве се врши чистење на водоводната мрежа, и мораме на повеќе места да се зема вода и да а се испитува хлорот така да тој процес трае се уште. Мислам дека набрзо ќе заврши и мислам дека ќе имаме вода за пиење.- Др. Берун Мустафа - специјалист по хигиена од Центар за јавно здравје Гостивар

Иако резултатите се подобри од почетокот на кризата, водата за сега останува само за техничка употреба. Подобрувањето на резултатите го потврдува и директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Но, конечната одлука кога водата ќе може повторно да се користи за пиење треба да ја соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

- Состојбата со водата во Гостивар е значително подобрена. Последните наоди се значително подобри за разлика од претходните, но потребно е време за истата да биде прогласена за чиста за пиење. АХВ тоа ќе го направи тогаш кога водата ќе биде и хемиски и бактериолошки исправна за пиење. - Стојанче Ангелов – директор на ДЗС

Во меѓувреме, за гостиварчани секојдневието и натаму значи снабдување со вода од пунктовите , каде дистрибуцијата продолжува секојдневно. Кај дел од граѓаните постои дилема дали проблемот е само од неодамна и бараат одговорност за настанатата ситуација.

Покрај присуството на хлор, предизвик останува и бактеријата псевдомонас аеругиноза, која според експертите се појавува во водата при подолга стагнација, особено во делови од мрежата и инсталациите каде водата не циркулира. Токму затоа граѓаните се повикуваат редовно да ги пуштаат чешмите, со цел да се избегне задржување на водата во цевките и да се овозможи нејзина циркулација низ системот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер