Најмалку 46 загинати во поплавите на североисток во САД

Најмалку 46 луѓе загинаа во поплавите на североисток во САД, по што американскиот претседaтел Џо Бајден прогласи вонредна состојба во сојузните држави Њујорк и Њу Џерси.

Овие луѓе ги загубија животите во своите домови и автомобили.

Во регионот што беше предупреден за потенцијално смртоносни поплави, но не се подготви за таков удар, бура уби луѓе од Мериленд до Конектикат во средата вечерта и четвртокот, јавија американски медиуми.

Најмалку 23 лица загинаа во Њу Џерси, изјави гувернерот на таа американска сојузна држава, Фил Марфи.

Најмалку 13 луѓе загинаа во Њујорк, соопшти полицијата, од кои 11 во поплавените подрумски станови, кои честопати служат како релативно достапни станбени единици на еден од најскапите пазари за домување во САД.

Предградието на Њујорк, округот Вестчестер, соопшти за тројца загинати.

Официјални лица изјавија дека најмалку пет лица загинале во Пенсилванија.

Загианти има и во Конектикат и во Мериленд.

Националниот центар за урагани предупреди од вторникот за потенцијално „значајни и опасни по живот поплави" и големи поплави во централен Атлантик и Нова Англија.

Сепак, гувернерката на Њујорк, Кејти Хочул и градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, рекоа дека силината на бурата ги изненадила.

„Не знаевме синоќа помеѓу 20:50 и 21:50 часот дека небото буквално ќе се отвори и ќе предизвика ниво на вода како на Нијагарините водопади на улиците во Њујорк", рече Хочул.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер