3„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во Умаг
СветНајмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија Најмалку 35 лица загинаа, а речиси 400 се повредени во бури предизвикани од обилни снежни врнежи што ја погодија северна Јапонија во последните две недели, соопшти денеска јапонската влада.Петнаесет префектури се погодени, а снегот достигна до два метра во најтешко погодените области. Најголем број смртни случаи е пријавен во префектурата Ниигата - 12, вклучувајќи маж на околу 50 години пронајден на покривот на куќа и постар маж кој паднал додека чистел снег во градот Нагаока. Седум смртни случаи се пријавени во префектурата Акита и пет во Јамагата. Бројот на повредени низ целата земја е 393, вклучувајќи 126 тешко повредени, од кои 42 во Ниигата. Оштетени се 14 куќи. Главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, предупреди дека топењето на снегот може да предизвика лизгање на земјиштето и ги повика граѓаните да користат шлемови и јажиња при чистење на снегот. Властите формираа неколку работни групи за да реагираат на погодените подрачја, а прогнозите предвидуваат повеќе снежни врнежи во текот на претстојниот викенд.Тагови: јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПерински: Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршкаМинистерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Ранковце, каде што се сретна со градоначалникот Даниел Павловски, членовите на Советот и општинската администрација.На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочува Општина Ранковце и можностите за нивно надминување преку поддршката што ја обезбедува Министерството за локална самоуправа. Посебно внимание беше посветено на можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините, преку кој Министерството обезбедува стручна, техничка и советодавна помош за јакнење на административните капацитети, подготовка на плански документи, подобрување на финансиското управување и унапредување на локалните услуги. На состанокот беше истакнато дека Ресурсниот центар претставува важен механизам за поддршка на општините во процесот на поефикасно извршување на нивните надлежности и реализација на развојните проекти. Во рамки на посетата, се изврши увид и во реализацијата на проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“, кој се спроведува во рамки на Интеррег VI-А ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија. Проектот има за цел да придонесе кон економскиот развој на прекуграничниот регион преку создавање услови за развој на четирисезонски туризам и одржливо користење на културните и природните ресурси. Вкупната вредност на проектот изнесува 809.303 евра, додека вредноста на активностите што ги реализираат македонските партнери е 522.806 евра. Министерството за локална самоуправа обезбедува национално кофинансирање во висина од 78.420 евра за македонските партнери. „Посетата на Општина Ранковце, покрај тоа што ја искористив за средба со градоначалникот, советниците и администрацијата, е и можност непосредно да го видиме напредокот на проектите кои се имплементираат во рамки на општината. Проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“ претставува пример како европските средства можат да се искористат за валоризација на локалните потенцијали. Со адаптацијата на објектите во селата Петралица и Отошница се создаваат нови содржини кои ќе придонесат за зачувување на традицијата, развој на туризмот и отворање можности за локален економски развој“, изјави Перински. Тој истакна дека Министерството останува партнер на општините во процесот на користење на европските фондови и потсети дека за овој проект е обезбедено национално кофинансирање од 15 проценти за македонските партнери – Општина Кратово и Општина Ранковце. Министерот информираше и дека Општина Ранковце започнува со имплементација на нов проект во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка со Република Косово, насловен „Активни граѓани за прекуграничен регион без поплави“, чија цел е подобрување на протокот на водите во реките и намалување на ризикот од поплави преку реконструкција на речни корита и инсталирање системи за рано предупредување. Во рамки на посетата беше истакнато и дека преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година се реализира проектот за изградба на локален пат во село Опила, во вредност од над 6 милиони денари, со што дополнително се подобрува патната инфраструктура во општината. Дополнително, преку двата јавни повика на Владата, во Општина Ранковце се имплементираат вкупно пет инфраструктурни проекти од областа на транспортот во вредност од над 38 милиони денари. Градоначалникот на Општина Ранковце, Даниел Павловски, истакна дека посетата на министерот претставува значајна поддршка за општината и нејзините развојни заложби. „За Општина Ранковце претставува особена чест што денес сме домаќини на министерот за локална самоуправа. Неговата посета е потврда дека државата ги препознава потребите на помалите општини и ја поддржува нивната развојна визија. Во моментов успешно го реализираме проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“, преку кој инвестираме во развојот на туризмот, зачувувањето на традицијата и создавањето нови можности за локален економски развој“, рече Павловски. Тој посочи дека особено значење за локалната заедница има реконструкцијата на поранешното училиште во село Петралица. „Овој објект не е само градба, туку дел од колективната меморија на многу генерации жители на селото. Тука се создавале спомени, се стекнувале знаења и се граделе животни приказни. Токму затоа, една од просториите ќе биде уредена како спомен-соба, со цел да ги зачуваме сеќавањата и да им оддадеме почит на генерациите што поминале низ ова училиште“, истакна градоначалникот Павловски.Тагови: Златко Перински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
МакедонијаСДСМ: Институциите да го истражат скандалот со бугарската фирма на ЈанушевУште еден сериозен скандал ја тресе Владата на Христијан Мицкоски.Според документи објавени во бугарски медиуми, генералниот секретар на Владата и негов најблизок соработник, Игор Јанушев, е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил, Бугарија. Според достапните информации, станува збор за фирма чија дејност е патен линиски превоз на стока, а во сопственичката и управувачката структура се појавуваат лица блиски до кругот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Е сега, суштината е во тоа што во анкетните листови поднесени до Државната комисија за спречување на корупцијата нема јавно достапни податоци дека Јанушев пријавил поврзаност со компанија во Бугарија. Токму затоа овој случај бара итна институционална реакција. ДКСК, Јавното обвинителство и сите надлежни институции мора веднаш да отворат постапка, да ги проверат сите факти и да утврдат дали постои непријавен имот, капитал или деловен интерес во странство и зошто? Јавноста заслужува одговор на едноставното прашање. Но, овој скандал открива целото лицемерие на Мицкоски и ВМРО, целиот нивни лажен наратив. Додека ги кажат граѓаните дека е загрозен идентитетот они имаат бугарски пасоши и се бугарски државјани кои тераат бизниси преку бугарски компании. Тераат бизнис интереси во Бугарија, не чекаат како граѓаните со часови на граници а во исто време ја блокираат европската интеграција на Македонија и ги блокираат парите од ЕУ преку фондовите. Дали сега Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија? СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Анна“ на Нина Николиќ во конкуренција за Гран при на фестивалот на камерен театар „Златен лав“ во УмагПо успешниот прием кај домашната публика, „Анна“ го продолжува својот сценски живот пред регионалната публика.Претставата „Анна“, по текст на Драгана Лукан Николоски и во режија на Нина Николиќ, реализирана како копродукција помеѓу Театар Комедија Скопје и Перипетија продукција, ќе биде изведена на 26 јуни 2026 година во рамките на 27. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг, Хрватска. Претставата е избрана во официјалната натпреварувачка програма и ќе конкурира за фестивалската награда Гран при. По успешниот прием кај домашната публика, „Анна“ го продолжува својот сценски живот пред регионалната публика. Станува збор за современа драма која низ интимна и емотивна приказна ги отвора прашањата за љубовта, припадноста, семејните односи и личната слобода. Поставена на пресекот помеѓу личното и општественото, претставата зборува за цената на изборите што ги правиме и за потребата да останеме верни на себеси, дури и кога тоа значи судир со очекувањата на средината. Во претставата играат: Маја Љутков, Благој Веселинов, Саша Ханџиќ, Маја Зеќо и Тони Денковски (како глас). Авторскиот тим го сочинуваат Нина Николиќ (режија), Илина Ангеловска (сценографија), Ивана Каранфиловска Угуровска (костимографија) и Оливер Јосифовски (музика) – автори кои низ својата работа развиваат современ и препознатлив сценски израз. Покрај значењето што го има за меѓународната видливост на современата македонска театарска продукција, гостувањето на „Анна“ отвора простор за претставување на современи женски авторски поетики на регионалната сцена. Преку драмскиот текст на Драгана Лукан Николоски и режисерскиот ракопис на Нина Николиќ, претставата нуди специфичен поглед кон темите на идентитетот, слободата и позицијата на жената во современото општество, претставувајќи авторски гласови кои сè појасно го обликуваат современиот македонски театар. Гостувањето на претставата е поддржано од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.Тагови: Анна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook