Најмалку 22 загинати и над илјада повредени во земјотресот во Турција

Турција е во трка со времето, по силниот земјотрес што синоќа го погоди источниот дел на земјата.

Разорен земјотрес ја погодиТурција во кој досега има најмалку 22 жртва и над 1.300 повредени. Земјотресот бил со интензитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала и го погодил источниот дел на Турција близу граодвите Елазиг и Малатија во 20часот и 55 минути по локално време, по што имало и уште два помали потреси со магнитуди од 5,4 и 5,1.

Голем број на екипи за спасување се борат да ги извлечат преживеаните под урнатине во овие два града каде температурите ноќеска се симнаа до 8 степени под нулата. Во една од урнатите згради имало и силна експлозија за која се претпоставува дека е од плинот каде имало 8 жртви.

Но видеото која ја потресе цела Турција е спасувањето на едно четиричлено семејство заробено под урната зграда кое успеало да стапи во контакт преку мобилен со спасувачите, кои ги смируваат дека ќе ги извлечат само да не молчат туку да викаат за да ги лоцираат точно каде се.

Азизе со сопругот и двете деца по неколку часовната битка на екипите успешно се извлечени од под урнатините а по уште триесетина лица се трага. Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача дека сите надлежни институции и служби ги преземаат сите потребни мерки по земјотресот кој синоќа го погоди источниот дел на Турција.

Ердоган во пораката на Твитер во која им оддаде почит на настраданите наведе дека сите турски ресорни институции работат да се заштитат животите на луѓето и да се намалат губитоците на минимум.

Во Турција не се новина силните земјотреси. Над 17.000 настрадаа и половина милион луѓе останаа без своите домови во силниот земјотрес кој беше со јачина од 7,6 степени по Рихтеровата скала во 1999 година со епицентар на 90 километри југоисточно од Истанбул.

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер