Најмалку 16 лица повредени во пукање во училиште во Турција, напаѓачот се самоубил - Канал 5

Најмалку 16 лица повредени во пукање во училиште во Турција, напаѓачот се самоубил

Најмалку 16 лица, меѓу кои и ученици, се ранети во пукање во училиште во турскиот град Сиверек, во округот Шанли-Урфа југоисточна Турција.. 

Најмалку 16 лица повредени во пукање во училиште во Турција, напаѓачот се самоубил

Крвав напад во средно училиште во Турција. 19 годишник кој бил поранешен ученик во училиштето „Ахмед Којунџу“ со пушка упаднал во објектот, ранувајќи најмалку 16 лица во округот Сиверек во Шанлиурфа, а веднаш потоа се самоубил. Меѓу повредените се 10-мина ученици, четворица наставници, еден вработен во кантината и еден полицаец.

Дел од сведоците на нападот опишаа дека тој започнал да пука во дворот, а потоа влегол во училиштето и неселективно отворил оган кон секој што му се појавил на патот.

„Вооружениот човек дошол и пукал во воздух. Веднаш истрчавме внатре. –Дали тој беше ученик? –Не беше ученик, имаше околу 17-18 години. Не го препознав како ученик.“

„Прво пукаше налево и надесно, а потоа започна да пука кон училиштето. Потоа истрча внатре (кон училиштето) и набрзо почна да пука кон секој што ќе се најде пред него. “

Според Гувернерот на Шанлиурфа, Хасан Шилдак, училиштето немало високо ниво на ризик и затоа немало постојано присуство на полиција. Тој информираше дека сите повредени се веднаш хоспитализирани.

„Нашите доктори ја проценија како умерена здравствената состојба на четворица повредени – двајца наставници и двајца ученици и се префрлени во две болници во центарот на градот. Во моментов, 12 повредени се на болничко лекување во државната болница во Сиверек.“

Шилдак вели дека 19-годишникот си го одзел животот кога сфатил дека ќе биде фатен откако полициските екипи го притиснале додека бил внатре во училиштето. Не се познати мотивите на момчето, но според локалните медиуми, тој претходно наводно се скарал со пријател, а потоа дошол во училиштето и го започнал крвавиот чин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во туристички регион во Турција: Евакуирана болница и десетици куќи (ВИДЕО)

Голем шумски пожар што избувна во туристичкиот регион Мугла во југозападна Турција доведе до евакуација на жителите и затворање на еден главен пат.

Голем пожар во туристички регион во Турција: Евакуирана болница и десетици куќи (ВИДЕО)

Десетици домови се евакуирани, како и одделението за интензивна нега во локалната болница, а автопатот помеѓу Фетије и Анталија е затворен поради густ чад, објавува Бианет.

Пожар потпомогнат од ветер се прошири

Пожарот избувна на обработливо земјиште во населбата Бајир во округот Сејдикемер во Турција. Силните ветрови потоа го проширија во блиската шума. Пожарот се гаси од воздух и од копно, а според соопштението од канцеларијата на гувернерот на Мугла, на терен се распоредени речиси 400 луѓе, пет авиони и 12 хеликоптери.

Превентивни евакуации

Како мерка на претпазливост, властите евакуираа 65 лица од 43 домови лоцирани во близина на местото на пожарот. Одделенијата за интензивна нега и палијативна нега на Државната болница Сејдикемер се исто така евакуирани. Болницата е оддалечена околу 2,5 километри од пожарот.

Прекин во сообраќајот

Автопатот што ги поврзува Анталија и Сејдикемер е затворен за сообраќај. Властите соопштија дека пожарот и густиот чад целосно го покриле подрачјето, што го направило сообраќајот небезбеден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ал-Итихад му понудил на Меси рекордни 1,5 милијарди евра, но тој ги одбил

Претседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили откри дека бил подготвен да го урне светскиот рекорд за највреден договор во спортот само за да го доведе Лионел Меси.

Ал-Итихад му понудил на Меси рекордни 1,5 милијарди евра, но тој ги одбил

Според првиот човек на Ал-Итихад, клубот му понудил на капитенот на Аргентина фантастични 1,5 милијарди евра по заминувањето од ПСЖ, за трансвер во Саудиска Арабија, но Лео без двоумење ја одбил понудата и се решил кариерата да ја продолжи во Интер Мајами.

„Му понудивме 1,5 милијарди евра, но тој ја одби понудата затоа што неговото семејство сакаше да живее во Мајами“, изјави Ал Хаили.

Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата без многу размислување ја одбил фанстатичната понуда бидејќи сакал да остана доследен на своите лични приоритети и изборот во иднина да продолжи да живее во САД иако саудискиот клуб бил подготвен да понуди историски договор.

39 годишниот Меси по заминувањето од Париз, од 2023 живее во Мајами во САД, каде го носи дресот на Интер Мајами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформите

Премиерот Мицкоски денеска одржал работен состанок посветен на реформската агенда, на кој преку онлајн обраќање учествувал директорот на Генералниот директорат на европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

Мицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформите

На состанокот се зборувало за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ефикасно, навремено и во согласност со утврдените приоритети. На состанокот на кој учествувал и заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимовски, во фокусот биле и реформите во јавната администрација, информираа од ресорното министерство

Остануваме посветени на спроведување на реформите што ќе придонесат за поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и забрзан напредок на државата, изјави денеска Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер