Најмалку 13 луѓе загинаа при експлозија на бомба во Колумбија (ВИДЕО) - Канал 5

Најмалку 13 луѓе загинаа при експлозија на бомба во Колумбија (ВИДЕО)

Најмалку 13 луѓе загинаа, а 17 се повредени при експлозија на бомба поставена на пат во југозападна Колумбија. Жртвите со автобус патувале по панамериканската магистрала до градот Кахибио.

Најмалку 13 луѓе загинаа при експлозија на бомба во Колумбија (ВИДЕО)

Командантот на вооружените сили на Колумбија, генерал Уго Лопез изјави дека нападот е терористички акт и ги обвини Иван Мордиско, еден од најбараните лидери на вооружена група во Колумбија, како и фракцијата на Хајме Мартинез. Претседателот на Колумбија, Густаво Петро напаѓачите ги опиша како „терористи, фашисти и трговци со дрога“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воз излета од шините во Франција, најмалку 20 повредени (ВИДЕО)

Околу 20 лица се повредени во железничка несреќа што се случи вчеравечер кога воз излета од шините помеѓу Руан и Кан во северна Франција, објавија француските власти.

Воз излета од шините во Франција, најмалку 20 повредени (ВИДЕО)

Возот превезувал 180 патници и излетал од шините во близина на градот Клеон во Нормандија, објави францускиот министер за транспорт Филип Табаро на социјалната мрежа „X“.

140 пожарникари биле на местото на несреќата помагајќи им на повредените и патниците, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 5.5 милиони евра - оваа година лото добивката се падна кај Мицкоски

Оваа година лото-добивката – се падна кај Мицкоски и неговата Организирана криминална група.

СДСМ: 5.5 милиони евра - оваа година лото добивката се падна кај Мицкоски

5,5 милиони евра преку криминални договори кои Мицкоски сакаше да ги сокрие дека се „нула денари“.

Огромни народни пари, во време кога Владата нема пари за земјоделците, нема пари за плати, за пензии, за мерки за помош на граѓаните поради високите цени.

Тоа се 5,5 милиони причини граѓаните да ја знаат целата вистина, да ги видат документите и да добијат одговори каде завршија нивните пари.

Кои компании добиле милиони евра и врз основа на кои критериуми?

Како била избрана тричлената комисија во АД „Државна лотарија“, која одлучувала за изборот на фирма за прославата?

Како е можно претседателот на таа комисија истовремено да се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите за концертот?

Врз основа на кои критериуми биле ангажирани фирми-ќерки и колку милиони евра народни пари добиле преку Државната лотарија?

Колку пари се потрошени за провизии и проценти и во чии џебови завршиле?

Кога биле платени изведувачите и колку?

Дали со Гета сè било претходно договорено, уште пред да биде завршен јавниот повик и пред да се знае кој ќе биде избран на тој повик?

Мора да има одговори на сите прашања.

Ова е оргомен сомнеж за проневера на народни пари и уште еден доказ за арамискиот концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион на „Рајанер“ удри во пистата со крило при грубо слетување (ВИДЕО)

Авион на „Рајанер“ на лет од Манчестер до Даблин направи ризично слетување за време на бура, а снимката снимена од патник покажува како врвот на крилото ја удира пистата.

Авион на „Рајанер“ удри во пистата со крило при грубо слетување (ВИДЕО)

Авионот силно отскокнува и скршнува од курсот при слетувањето, но пилотите успеале да ја одржат контролата врз авионот.

Видеото го прикажува крилото на Боингот 737 како се витка под налетите на ветерот пред неговиот врв накратко да ја допре пистата. Патник по име Метју, кој го снимил инцидентот, го опишал искуството како „многу страшно“, но ја пофалил реакцијата на пилотите.

Незгодно слетување

„Пилотите завршија неверојатна работа. Авионот силно отскокнуваше при слетувањето, потоа се крена и се сврте надесно. Да бидам искрен, мислев дека крилото е готово“, рече тој.

„Рајанер“ потврди дека летот „FR5042“ од Манчестер слета во Даблин поради силни ветрови, но ја опишуваат ситуацијата поинаку. Во официјалното соопштение, тие наведуваат дека авионот слета „нормално“ и дека по корекцијата, слета на пистата при вториот обид без тешкотии.

Инцидентот се случил за време на бурата Кетлин што ја погоди Ирска. Налетите на ветер достигнаа брзина и до 113 километри на час, поради што неколку летови на аеродромот во Даблин беа откажани или пренасочени кон други дестинации.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер