Најмалку 11 повредени во пожар во Тирана - Канал 5

Најмалку 11 повредени во пожар во Тирана

Директорот на Службата за вонредни состојби на Албанија, Арбен Кара, изјави дека пожарот е ставен под контрола и оти е спречено негово понатамошно ширење на блиските станбени кули. 

Најмалку 11 повредени во пожар во Тирана

Најмалку 11 лица се повредени во голем пожар што вчера го зафати станбено-деловниот комплекс „Арлис“ во Тирана, а пожарникарските екипи успеаја да го локализираат огнот и да го спречат неговото ширење на околните згради, соопштија локалните надлежни служби.

Директорот на Службата за вонредни состојби на Албанија, Арбен Кара, изјави дека пожарот е ставен под контрола и оти е спречено негово понатамошно ширење на блиските станбени кули. Тој, како што пренесуваат албанските медиуми, истакна дека пожарот го зафатил североисточниот дел на зградата од приземјето до последниот кат и оти е причинета голема материјална штета.

Кара наведе дека во гаснењето биле ангажирани сите расположливи капацитети, вклучувајќи повеќе од 50 пожарникари од Тирана и други градови, како и припадници на војската.

Директорот на Брзата помош, Скендер Братај, соопшти дека најмалку 11 лица се повредени, додавајќи дека една жена е хоспитализирана со изгореници кои зафаќаат околу 15 отсто од телото, но не е во животна опасност.

- Пет лица се задржани на токсикологија, а меѓу повредените има и пожарникари-информира Братај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, кажи каде се парите од неисплатените субвенции

Филипче без тронка срам одиш и ги лажеш граѓаните, но има еден голем проблем, никој не ти верува.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, кажи каде се парите од неисплатените субвенции

Филипче да те потсетиме дека кога заминавте од власт, оставивте долгови, неисплатени субвенции за 2020, 2021, 2022 и 2023 година. Можеби дојде време да одговорите на земјоделците каде тие пари завршија.

Дали токму со парите на земјоделците си купивте визи во Дубаи, станови по скапи комплекси низ Скопје?

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од самото доаѓање на власт исплати 350 милиони денари за неисплатени плати на вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 27.07.2024 до 31.12.2024 исплати близу 4 милијарди денари.

Вкупно од 27.07.2024 година до денес исплатени се близу 14 милијарди денари за заостанати и тековни обврски.

Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, одговори им зошто во ваше време се вметна во законот за вино дополнителни 8%, кои винариите им ги кратат на лозарите.

Филипче одговори на лозарите зошто не ја изготвивте методологијата за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје, туку Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја донесе за 18 дена.

Не ви поминуваат лагите, прочитани сте, подгответе се за длабока опозиција.

Резултатите во земјоделството се видливи, земјоделците имаат партнер во Владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека никогаш нема да бидат оставени сами како со СДС.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нема брза пруга, ќе има мигранти

Мицкоски и ВМРО денеска се фалат дека „ќе има брза пруга“, а дека „нема мигранти“. 

СДСМ: Нема брза пруга, ќе има мигранти

Ова е уште една во низата нивни лаги.

Пред неколку дена јасно кажавме: Скопје не е на мапата на европската брза пруга.

Нема проект, нема пари, нема ништо. Сега, кога немаат што да кажат, повторно се фалат со празни ветувања.

Сето ова Мицкоски го прави затоа што сака предвремени избори.

Нема ниту еден реален успех на оваа влада, па повторно мора да измислува проекти како предизборни ветувања.

Така ветуваше промена на името, укинување на Преспанскиот договор, па сега ветува брза пруга.

Истото важи и за мигрантите. Уште на почетокот на годината предупредивме дека Мицкоски договара мигранти. Тоа го потврдија и светски медиуми.

Во Давос, освен средбата со 4iG (компанија која сега е под истрага во Унгарија), имал и посебна средба токму за „економски работници“.

Во Европа се зголемуваат протестите против мигранти.

Европската унија усвои правила со кои им овозможува депортација на мигранти во трети земји.

Македонија ја гледаат токму на тој начин - како земја во која може да се носат - затоа што нема напредок во реформите и на патот кон ЕУ.

Мицкоски ја изолира земјата, а потоа ќе прифати мигранти за пари.

Тоа се „економските работници“ како што ги прекрстија со закон.

Владата во јануари донесе уредба за 10.000 оваа година, а Николовски најави зголемување на 50.000 нови економски работници.

Реалноста е едноставна:

Нема да има брза пруга, затоа што нема пари.

Ќе има мигранти, веднаш по изборите, затоа што нема пари.

Кога државата е финансиски исцрпена, а Мицкоски и неговата банда продолжуваат да трошат на клиентелизам и пропаганда, тогаш нема инвестиции, нема развој, туку има само увоз на евтина работна сила за да се одржи системот.

Мицкоски повторно лаже.

Ги лаже граѓаните, ги лаже своите членови, ги лаже и коалиционите партнери. А најмногу – се лаже сам себе дека може да ја прикрие вистината.

Нема пруга. Ќе има мигранти.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОН: Мај беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од почетокот на војната

Мисијата на Обединетите нации за мониторинг на човековите права во Украина заклучи дека бројот на убиени и повредени цивили во оваа земја во мај бил поголем отколку во кој било друг месец во последните четири години.

ОН: Мај беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од почетокот на војната

Мисијата потврди дека најмалку 274 цивили биле убиени, а 1.763 повредени во мај во Украина како резултат на насилство поврзано со конфликтот. Во претходните години, бројот на жртви постојано се зголемуваше месец по месец во текот на пролетта и летото. Причината е што употребата на моќно оружје од страна на Русија во урбаните средини беше главната причина за големиот број жртви во мај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер