АвтомобилизамНајмалите француски модели заминуваат во историјатаПо раскинувањето на ,,бракот” со Тојота, групацијата ПСА одлучи да го прекине производството на своите супермини возила.Одлуката е конечна, а тоа значи дека Citroen C1 и Peugeot 108 заминуваат во историјата. Иако нема потврда, Ројтерс дознава за ова од три различни извори, а причината е една - парите. Имено, супермините се товар само на производителот, тие не носат профит и нивната популарност опаѓа. Со поригорозните стандарди за емисија на штетните гасови, ќе мора да направат модификации на моторот, но и да инсталираат скапи системи за филтрирање на издувните гасови, што дополнително би ја зголемило цената на автомобилот. Добрата вест е дека постои шанса за еден вид наследник. По обединувањето со FCA, можно е Французите да му го препуштат развојот на најдобрите во А сегментот - Fiat. Панда, а особено 500 се имиња кои се наоѓаат на европските патишта со децении.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусија испраќа остра порака од ОН: „Украина е претворена во концентрационен логор на Зеленски“Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, го обвини Киев за „отворен терор“ против руски цивили и рече дека Москва нема да прифати договор што ги загрозува нејзините безбедносни интереси.„Тероризмот станува последно средство на Киев во обид да ја промени ситуацијата што се развива на негова штета“, рече Небензја. Небензја вели дека Украина, со најактивно учество на Западот, е претворена во „концентрационен логор на Зеленски“. „Со најактивно учество на земјите од колективниот Запад, кои тврдат дека се цивилизирани и демократски, Украина е претворена во „концентрационен логор на Зеленски“, во кој е воведена целосна забрана за какво било различно мислење и опозиција, додека луѓето кои имаат храброст да изразат алтернативна гледна точка се испраќаат зад решетки и физички се ликвидираат без судење и истрага“, рече Небензја. Тој тврди дека западното оружје пристигнува во украинските пристаништа на цивилни бродови. Небензја нагласи дека Русија продолжува систематски да го поткопува воениот потенцијал на режимот во Киев. „Од 15 до 21 август извршивме еден голем и девет групни напади со високопрецизно оружје и ударни беспилотни летала врз објекти на воена инфраструктура. Во истиот период, беа погодени 14 бродови што ги користат вооружените сили на Украина, вклучувајќи два танкера, десет товарни брода и два патролни чамци“, рече Небензја. Тој повтори дека Русија нема да се согласи на никаков договор со Украина на штета на сопствените безбедносни интереси. „Нема да има договори на штета на безбедносните интереси на Русија. Никакви чести состаноци на Советот за безбедност за Украина нема да променат ништо. Сите обиди да ни се наметне замрзнување во форма на прекин на огнот само за да му се даде време на Киев да се прегрупира и вооружи се осудени на неуспех“, рече Небензја. Тој истакна дека значаен политичко-дипломатски дијалог за конфликтот во Украина нема да биде можен сè додека со Русија се зборува на јазикот на заканите, а реалноста на теренот се игнорира. Извор: Б92Тагови: ОН русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаЛитар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензинитеНов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.Тагови: Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес попладне нестабилно со пороен дождПретпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter