Најмал број починати во Турција за последните 24 часа , вкупно над 126 000 заразени со коронавирус

Во Турција починале уште 61 лице од коронавирус, најмалку во изминатиот месец, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коча.

Во Турција, вкупниот број на починати сега е 3.397.Коча објави дека е потврдена инфекција на коронавирусот кај уште 1.670 лица, така што сега се заразени вкупно 126.045.

Бројот на заразени, но и бројот на тестови на дневна основа се намалени.Според него, денес се отпуштени 4.892 лица од болници, а вкупно се излекувале повеќе од 63.000 лица.

Според универзитетот „Џон Хопкинс“, Турција е на осмото место според бројот на заразените на светот .

Сепак, експертите веруваат дека бројот на починати од коронавирусот ширум светот е далеку поголем , отколку што е официјално потврдено.

Ирачкиот премиер изрази сочувство до иранскиот народ

Ирачкиот премиер Шија ал-Судани изрази солидарност со иранскиот народ по смртта на Ебрахим Раиси.

„Со длабока тага и жалост ја примивме трагичната вест за смртта на претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан и нивните придружници, како последица на несреќа во северен Иран“, наведе Ал Судани.

„Изразуваме искрено сочувство до врховниот лидер на Исламската Република Али Хамнеи и до нацијата на Иран, нејзината влада и народ. Ја изразуваме нашата солидарност со братскиот ирански народ и со претставниците на Исламската Република за време на оваа болна трагедија“, додаде ирачкиот премиер.

Мадуро изрази сочувство до Иран за „безусловниот пријател“ Раиси

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрази сочувство до Иран и неговиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека Ебрахим Раиси е „безусловен пријател“ на Венецуела.

„Топла прегратка од Боливарската Република Венецуела. Ти, Иран, си пример за достоинство, морал и отпор“, напиша Мадуро во објавата на социјалните мрежи.

Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени се 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа и крим полицијата при МВР.

Дрогата е откриена при претрес на лицето извршен откако истото подигнало пратка во Пошта пристигната од Германија. Во координација со дежурен јавен обвинител, инспектори од Секторот за контрола и истраги заедно со припадници од МВР извршија и претрес во домот на лицето каде е пронајден пиштол кој е одземен од страна на царинските инспектори, соопшти Царинската управа.

Против лицето ќе биде поведена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

притисни ентер