Најкрвава борба меѓу две жени – борци во БКФЦ (ВИДЕО) - Канал 5

Најкрвава борба меѓу две жени – борци во БКФЦ (ВИДЕО)

Тејлор Старлинг и Хариса Сигал ја отворија синоќешната Нукелманија, најголемиот настан до сега во BKFC (Bare Knuckle Fighting Championship).

Најкрвава борба меѓу две жени – борци во БКФЦ (ВИДЕО)

Нивната борба беше вистинска гладијаторска крвничка битка, и двете боксерки беа облеани во крв и имаа модринки на крајот од борбата, а по три рунди борба победата ја освои Старлинг.

Публиката од Флорида навиваше во текот на целиот натпревар, а двете боксерки прикажаа една од највозбудливите борби на годината. Иако, некои сцени од борбата не се за секого.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баркола, начелно се договорил за трансфер во Ливерпул

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, репрезенативецот на Франција, Бредли Баркола, начелно се договорил за трансфер во Ливерпул. 

Баркола, начелно се договорил за трансфер во Ливерпул

Оваа одлука уследила по разговорите со тренерот на англискиот клуб, Андони Ираола, но конечниот договор сè уште не е на повидок.

Клубовите стапиле во контакт, но нивните ставови околу обештетувањето сè уште се прилично оддалечени, пишува „Л'Екип“.

Иако неговиот договор со парискиот клуб трае до јуни 2028 година, 23-годишниот Баркола одлучи да не го продолжи – одлука што стана позната во неделата.

Неговиот начелен договор за премин во Ливерпул претставува значаен чекор, иако тоа не значи дека е постигнат конечен договор за условите на трансферот.

Овој развој на настаните е во спротивност со извештаите објавени од италијанските медиуми во понеделникот.

Во изминатите денови, француското крило водеше разговори со неколку претставници на англискиот клуб, како и со менаџерот Андони Ираола. Баркола се надева дека клубовите ќе постигнат договор што ќе му овозможи да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Раководството на Ливерпул ги започна преговорите со своите колеги од Париз. Иако ПСЖ сега е отворен за продажба на играчот, клубот инсистира на високи финансиски услови, а моментално постои значителна разлика во проценката на вредноста на трансферот. Останува да се види дали начелниот договор со францускиот репрезентативец ќе го забрза процесот на трансфер во наредните денови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анѓелка Стевиќ Жугиќ објави 20 романтични фотографии со сопругот: „На моето момче му е роденден“

Популарната српска актерка Анѓелка Стевиќ Жугиќ на Инстаграм му го честиташе роденденот на својот сопруг Марко Жугиќ и сподели низа заеднички фотографии. 

Анѓелка Стевиќ Жугиќ објави 20 романтични фотографии со сопругот: „На моето момче му е роденден“

Таа објави дури 20 моменти од патувањето, а на повеќето од фотките Анѓелка и Марко позираат прегрнати или разменуваат бакнежи.

„На моето момче му е роденден“, напиша таа кратко покрај објавата, која набрзо предизвика многу реакции. Во коментарите имаше честитки, но и комплименти за нивната врска.

„Оваа жена е инспирација; таа е прекрасна“, „Љубовта секогаш победува“ и „Конечно, некој што покажува вистинска љубов“ – напишаа следбениците.

Анѓелка и Марко стапија во брак во септември 2023 година на тајна церемонија на која присуствуваа само членови на семејството и најблиски пријатели.

Свадбената прослава се одржа во ресторан.

Неколку месеци пред свадбата, актерката роди ќерка по име Чарна. Тие ѝ го дадоа името според ликот што Анѓелка го толкуваше во серијата „Жени од Дедиње“ (*Žene s Dedinja*) – улога што ѝ донесе голема популарност.

Ова е прво заедничко дете на парот, а актерката има и син од бракот со Дарио Прпиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Покриени се решетките: Заврши првата фаза од заштитување на Македониумот

Првата фаза од заштитата на нашето културно наследство во Крушево е завршена, а дополнително е поставено и осветлување.

Покриени се решетките: Заврши првата фаза од заштитување на Македониумот

Со поставување на плексанот врз привремено поставените металните решетки, заврши првата фаза од заштитувањето на Македониумот.

Во меѓувреме се изработува пројект за целосно и стопроцентно автетично реконструирање на Македониумот.

Дополнително, на целосно уреден просторот околу споменичниот комплекс е поправено и самото осветлување на Македониумот кои е сега осветлен и видлив во текот на ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер