Најкраткиот психотест: Немојте многу да мислите одберете или диња или лубеница и дознјате каква личност сте!

Во овој тест нема да имате дилеми – се што треба да сторите е да се водите по вкусот.

Тестот се состои од само две прашања и сосема сме сигурни дека не мора воопшто даа ги напрегате мозоците во оваа интересна психолошка игра.

Првото прашање: Што повеќе сакате – диња или лубеница?

Второ прашање: Што повеќе сакате – домат или краставица?

Одбравте?

Одлично.

Сека вкрстете ги вашите одговори и дознајте што тоа зборува за вас.

Диња и краставица

Ваквиот одговор повеќе е карактеристичен за мажите, отколку за жените Мажите од овој тип се храбри и сериозни. Тие ретко паѓаат под влијание и не се присталици на алкохолот. Меѓу нив се многу спортисти и љубители на патувања. Жените покрај таквите мажи ќе се чувствуваат како зад бедем – неговата одговорност се отсликува и на семејните односи. Таквите личности знаат што сакаат и лесно ја постигнуваат својата цел. Но, ваквиот тип на мажи имаат и свои маани – им недостасува романтика. Нема од него да дочекате букет цвеќе.

Жените од овој тип често стануваат шефови, но во семејниот живот се беспомошни, како деца: лошо готват, не умеат да управуваат со буџет, не сакаат да пеглаат, мијат садови итн. Меѓутоа во лицето на таквата жена секој маж ќе пронајде верен пријател полн со разбирање.

Лубеница и домат

Луѓето од овој тип се секогаш весели и активни. Ги одликува висока комуникативност, но често може да бидат доста експлозивни, што понекогаш резултира со скандали. Мажите од овој тип се гурмани. Поприлично се мрзеливи.

Жените од овој тип се емотивни, го сакаат домот и животните. Покрај секогаш е топло и пријатно. Не се интригантни, но можат да бидат и без такт. Често го зборуваат тоа што го мислат. Инаку искреноста е главниот психолошки квалитет на овие луѓе.

Лубеница и краставица

Луѓето од овој тип постојано доживуваат ментално конфузии. Нивниот надворешен мир и воздржаност во себе ја скриваат внатрешната напнатост. За таквите мажи велат: „тивка вода, карпи рони“. Со таквиот човек живеете како на вулкан – никогаш не знаете што ќе се случи утре и како идеја сега носат во глава.

Жените од овој тип не прават кавга поради ситници – тие собираат навреди и еден убав ден се во состојба да ги искршат сите садови во домот, често и по главата на сопругот.

Инаку луѓето од овој тип се многу креативни Умеат да размислуваат, помеѓу нив често се наоѓаат научниците и пронаоѓачите.

Диња и домат

Ако ви се блиски овие плодови – вие сте избаланасирани, внимателни и мирни. Имате внатрешен такт и чувствителност. Сакате убави работи и имате одличен вкус. Мажите од овој тип се малку феминизирани. Често стануваат уметници, музичари – луѓе со искуство…

Жените од овој тип лесно се вљубуваат, имаат силни емоции и ги покажуваат без проблем. Тие се верни, нежни, грижливи, за разлика од мажите кои се често нарцисоидни и егоисти.

Бонус: Кој е најдобар пар?

-Маж „краставица – диња“ и ена „краставица – лубеница“

Маж „домат – диња“ и жена „краставица – диња“

-Маж „краставица – лубеница“ и жена „домат – лубеница“

-Маж „домат – лубеница“ и жена „патлиџан – диња“

УХМР: Период на променливо и нестабилно време

Утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.

Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во Скопје утре времето ќе биде стабилно и релативно топло. Од среда во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер, стои во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи.

ЕК предложи запирање на постапката против Полска за непочитување на принципите на владеење

ЕК предложи запирање на постапката против Полска за непочитување на принципите на владеење на правото .

Европската комисија денеска ја заврши својата анализа за состојбата со владеењето на правото во Полска во однос на постапката покрената според член 7 став 1 од Договорот за ЕУ и заклучи дека повеќе „не постои јасен ризик од сериозно прекршување на владеењето на правото“ во земјата, соопшти портпаролот на ЕК за правда, еднаквост и владеење на правото Кристијан Виганд.

Според него, врз основа на ваквиот заклучок, Еврокомисијата решила да ги информира Советот на ЕУ и Европскиот парламент оти планира да ја затвори постапката што беше покрената против Полска врз основа на нејзиниот предлог од 2017 година.

- Полска започна серија законодавни и други мерки за да одговори на загриженоста за независноста на правосудниот систем. Таа го призна приматот на правото на ЕУ и е посветена на спроведување на сите пресуди на Судот на правдата на Европската Унија и Европскиот суд за човекови права поврзани со владеењето на правото, истакна Виганд.

Тој додаде дека Комисијата усвоила и „информативна белешка“ што потпретседателката на ЕК задолжена за вредности и транспарентност Вера Јоурова ја испратила до Советот на ЕУ за до го информира за одлуката, а известување е доставено и до Европскиот парламент.

Виганд ја пренесе и пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во врска со ваквата одлука во која таа нагласува дека денешниот ден означува ново поглавје за Полска

[Првото барање за исплата е испратено вчера и го покрива периодот од ноември 2022 до јануари 2022, барањата за исплата ќе се праќаат на месечна основа и ја повикуваме Полска итно да се усоглас]

- По повеќе од шест години, веруваме дека постапката од член 7 став 1 може да биде затворена. Им честитам на (полскиот) премиер Доналд Туск и на неговата Влада за овој важен чекор напред. Тоа е резултат на нивната напорна работа и решителни реформски напори. Тековната обнова на владеењето на правото во Полска е одлична за полскиот народ и за нашата Унија во целина. Тоа е доказ за издржливоста на владеењето на правото и демократијата во Европа, додава Фон дер Лајен во пораката.

Во образложените на својата одлука, ЕК потсетува дека на 20 февруари годинава Полска пред Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) го претстави својот Акциски план за владеење на правото, како одраз на посветеноста да одговори на сериозните грижи Комисијата.

Според ЕК, усвојувањето на јасна програма во форма на Акциски план и фактот дека Полска ги презеде првите конкретни чекори за негово спроведување, биле релевантни елементи за проценка на ризикот по владеењето на правото.

- Откако ги испита овие фактори, Комисијата заклучува дека веќе не постои јасен ризик од сериозно прекршување на владеењето на правото. Во овој контекст, важно е да се забележи дека Полска му се приклучи на Европското јавно обвинителство на 29 февруари 2024 година. Затоа, Комисијата има намера да го повлече својот предлог и го повикува Советот да даде какви било забелешки што би ги сметал за соодветни, се додава во образложението.

Согласно процедурата, Јоурова ќе треба ја претстави одлуката на Комисијата на следниот состанок на Советот за општи работи, кој треба да се произнесе по неа. Доколку Советот ја поддржи одлуката, тогаш Еврокомисијата и формално ќе ја запре постапката против Полска.

Ристовски: Нудиме модел на власт која ќе има емпатија и разбирање за маките и страдањата

Нудиме модел на власт која ќе има емпатија и разбирање за маките и страдањата на својот народ, но и за потребите да ги остварат амбициите на децата за поубав и подобар живот.

„Коалиција Храбро за Македонија“

Гласајте за слобода, за број 3, зошто апсолутната власт раѓа аздисаност.

„Во изминативе денови на кампања за парламентарниве и претседателските избори, многупати пративме пораки но и опомени и до претседателските кандидати во вториот круг и но и до нашите политички конкуренти, политичките партии кои се на овие парламентарни избори. Истовремено ја образложивме и нашата визија за тоа како треба да изгледа Македонија во периодов пред нас. Излеговме со разни иновативни, иновациски мерки и инструменти на владини политики со коишто целевме да се сопре растечката сиромаштија, но и да отвориме еден циклус за просперитет, за нов квалитет на животот во Македонија“, кажа во своето обраќање до јавноста претседателот на ИНТЕГРА-македонска конзервативна партија и носител на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија.

„Во среда, на 8 мај од изгрејсонце до зајдисонце ја имате уникатната можност да изберете, вашето право за избор е највисокото демократско право во едно општество, искористете го тоа право, храбро излезете масовно на избори на 8 мај во среда и направете избор. Изборот е за тоа како ќе живеете од четврток натаму. ИНТЕГРА македонска конзервативна партија како додадена вредност во Коалицијата Храбро за Македонија, ви понуди слобода. Власт која што апсолутно ќе цели кон сите видови на слободи, лични, семејни, индивидуални. Ние нудиме влада која што ќе ја прими на и на дело ќе ја покаже пораката што ја добивме со Велгденските празници деновиве, а таа порака е пожртвуваваност од страна на државата, од владата, пожртвувана љубов кон својот народ, емпатија, сочувствителност за маките и страдањата на својот народ но и за потребите на народот како да го премости овој егзистенцијален страв, страв од опстаникот, како утре ќе преживее семејството и секој еден во Македонија, но и како утре ќе отвориме перспективи за да ги оствариме амбициите на своите деца за пристоен живот во Македонија“, рече Ристовски.

„Драги мои Македонци, во среда вие избирате за тоа како ќе живеете во периодот по изборите. Дали сакате повторно апсолутната влас која е апсолутно искорумпирана, по сите теории на политички науки, Лорд Ектон рекол-Апсолутната власт апсолутно корумпира, апсолутната власт раѓа аздисаност. Повторно може да се соочиме со режимски елементи, со притисоци со закани со уцени, со затворања, со непријатности бројни кои ќе го мачат нашиот народ.

Имате право да изберете слобода, ИНТЕГРА македонската конзервативна партија и Коалицијата Храбро за Македонија нуди влада која апсолутно ќе го симне секое бреме на народот. Ќе има растеретување во делот на даноците, ќе има растеретување во притисокот на државата кон животот на поединецот и на вашите семјства кон личниот живот. Со нашата програмска платформа на овие избори, владата мора да стане ваш слуга, владата мора да стане рационален државен апарат кој ќе се грижи за вашите потреби, која ќе создава услови вие да ги остварите вашите потреби, влада која со сите ресурси ќе стане партнер на вашиот сон за подобро утре, за сонот на вашите деца за подобар, посреќен и поквалитетен живот во Македонија. Ова е уникатна можност, уникатна понуда на овие избори. Коалицијата Храбро за Македонија со оваа понуда дава шанса да се создадат услови за секој од вас во полн творечки потенцијал, со сиот претприемачки дух кој го имате во себе да полетате повисоко и подалеку, затоа што државата ќе стане партнер на вашиот сон, вашиот сон каков и да е, богата и просперитетна Република Македонија, вашиот сон, богати и просперитетни среќни семејства, добива партнер со владата на ИНЕГРА македонска конзервативна партија и Коалицијата Храбро за Македонија.

Затоа во среда на на 8 мај заокруужете број 3, гласајте одважно, храбро похрабро од било кога досега за Коалицијата Храбро за Македонија, бидете храбри, покажете храброст на јавна сцена, ќе добиете партнер во парламентот и во владата. Ќе добиете некој што ќе ви ја отвори вратата за секоја ваша потреба, ќе добиете партнер во сите процеси во вашиот живот, за секој проблем ќе ви стоиме на располагање, ќе имаме отворена канцеларија за секој еден од вас, за сите ваши потреби, затоа дадете доверба на Коалицијата Храбро за Македонија, заокружете број 3, факторизирајте не во парламентот за да станеме партнери во процесот за економска препород на Македонија, да направиме навистина богата Македонија, да направиме моќна држава“, рече Ристовски.

притисни ентер