ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски тужи а не го почитува судот, јавноста очекува одговори а не бегање од рочишта
2ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски тужи а не го почитува судот, јавноста очекува одговори а не бегање од рочишта
3СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати
УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
2УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
3Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
1Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
ЗабаваНајкраткиот лет во светот Летот трае само осум минути. Дали некогаш сте посакале да стигнете до некоја земја за помалку од 10 минути? Доколку тоа е вашата желба, Аустриан ерлајнс најавуваат лет кој ќе го има приматот најкраток комерцијален лет во светот. Летот ќе трае осум минути. Летот ќе се одвива од Швајцарија до Германија и во обратна насока. Цената на билетот ќе изнесува 40 евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03
Култура„Болва в уво“ на Драмски театар Скопје на фестивалот „Денови на комедија“ во КумановоДрамски театар Скопје на 25 септември, со почеток во 20:00 часот, ќе гостува на 29. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово со претставата „Болва в уво“ од Жорж Фејдо, во режија и адаптација на Синиша Евтимов.Претставата ќе биде изведена на големата сцена на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Фестивалот годинава се одржува од 23 септември до 5 октомври и во програмата носи 11 претстави од театри од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Бугарија. Десет претстави се дел од натпреварувачката програма, во чии рамки ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, режија, актер, актерка, сценографија, костимографија и најмлад актер. „Болва в уво“, една од најпознатите фарси на францускиот драмски автор Жорж Фејдо, во постановката на Драмски театар е динамична театарска машина во која еден мал сомнеж е доволен да предизвика лавина од недоразбирања. Љубовната несигурност го придвижува светот на погрешни врати и соби, заменети идентитети, неочекувани средби и луѓе кои постојано се наоѓаат на погрешното место во погрешно време. Секој обид да се воспостави ред создава уште поголем хаос, а забрзаното темпо на сценската игра ја води фарсата кон нејзините крајни комични последици. Во режисерското читање на Синиша Евтимов, зад механизмот на фарсата стои свет во кој сите зборуваат, но никој вистински не слуша. Ликовите комуницираат преку сомнежи, претпоставки, полуинформации и недоизговорени реченици, додека љубомората, стравот и лагата стануваат движечка сила на нивното однесување. Дијалогот постои, но често само како маска за низа паралелни монолози, а малите приватни „војни“ се раѓаат во главите на ликовите уште пред да постои вистинска причина за нив. Оттаму, креветот што се врти, вратите што се отвораат и се затвораат и телата што непрестајно се разминуваат и се судираат не се само препознатливи механизми на класичната фарса туку и сценска топографија на недоразбирањето. Во навидум елегантниот свет на La Belle Époque, под површината на рационалноста и општествените правила, се откриваат ниските страсти, паранојата и човековата опседнатост со туѓите постапки. Претставата ја задржува експлозивната комика на Фејдо, но истовремено го отвора прашањето колку од тој свет на неслушање, сомнежи и однапред создадени вистини препознаваме и денес. Во претставата настапуваат: Дениз Абдула во улогите на Виктор и на Поше, Ања Митиќ како Рената, Марјан Наумов како Миле, Лазар Христов како Ристе, Игор Стојчевски како д-р Филев, Стефан Вујисиќ како Дони Карлос Хоменидес, Нина Елзесер како Луси, Владимир Петровиќ како Бегби, Рубенс Муратовски како Филип, Катерина Шехтанска-Лаковски како Оли, Томислав Давидовски како Ангел, Јована Спасиќ како Анета, Петар Стојковиќ како Бате и Ивана Павлаковиќ како Евгенија. Режијата и адаптацијата се на Синиша Евтимов, сценографијата е на Мартин Манев, а костимографијата на Раде Василев. Инспициент е Жарко Намичев, а суфлер Милка Анчевска. „Болва в уво“ премиерно беше изведена на 17 декември 2025 година на големата сцена на Драмски театар. Претставата трае 125 минути без пауза. Публиката повторно ќе може да ја погледне на репертоарот на Драмски театар Скопје на 10 октомври, со почеток во 20:00 часот, а билети може да се купат на билетарницата на театарот и на веб-страницата dramski.mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски тужи а не го почитува судот, јавноста очекува одговори а не бегање од рочиштаЉупчо Николовски поранешниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство поднесува тужби и бара судска заштита, но истовремено не се појавува на закажани рочишта. Ако веќе Николовски се повикува на судот, тогаш треба и да покаже почит кон судската постапка. Судот не е место каде што се оди само кога на Николовски му одговара. Ако Љупчо верува во своите тврдења и во тужбата што ја поднел, тогаш треба да се појави на рочиште и таму да ги брани своите наводи и аргументи. Николовски очигледно се држи до старите навики кога со Заев и Филипче беа заштитени од правосудните органи, кога судиите и обвинителите беа контролирани од СДС и се кажуваа пресуди во канцеларии на СЈО. Кога судиите и обвинителите беа бирани во Зајас и Струмица да ги штитат криминалите на СДС и ДУИ. Николовски треба да знае дека фактите не се утврдуваат преку прес-конференции, политички флоскули или медиумски настапи, туку во соодветна постапка пред надлежните институции. Во исто време, јавноста очекува одговори од Николовски на низа прашања, за имотот, кадровските одлуки, деловните интереси и се што е предмет на јавен интерес. Николовски да каже дали има луксузен дуплекс стан во Дајмонд мол од 180м2? Дали берберот кај кој одел Николовски неколку пати во месецот додека бил член на Влада, си го направил советник? Дали Николовски влијаел за фирмата на брат му, Лариком шпед да успее да го зголеми приходот за една година за 1100%? Николовски да даде одговори за кусокот на жито и набавка на поскапо жито од една соседна држава, за кое за возврат Заеви добија за фирмата “Тргопродукт” 1,4 милиони евра грант од ИПАРД? Дополнително, Николовски да одговори за индиции дали наодот за душевна болка е фингиран затоа што докторот Бајрактаров е член и донатор на СДС, а плус и има гласано за него на Влада да биде директор на Клиника за психијатрија? Наместо Николовски да бега од соочување, потребно е да даде одговори. Љупчо Николовски не може истовремено да бара судска заштита, а потоа да не се појавува пред судот. Ако бара институциите да ја завршат својата работа, тогаш и самиот мора да ги почитува правилата на постапката. Кој поднесува тужба, треба да биде подготвен и да се појави пред судот. Кој се повикува на правдата, треба да ја почитува судската постапка. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03
МакедонијаСДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултатиЕкономските резултати на Мицкоски се катастрофлано лоши.Арамиски ги троши парите на граѓаните а економијата оди надолу. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, цените се поскапени, мерки нема. Дупката во ПИОМ е 1 милијарда евра, нема инвестиции, само 18 милиони евра во вториот квартал од 2026 а долговите се зголемени за 4 милијарди евра. Состојбата со буџетот, со народната каса е катастрофална. Според официјалните податоци на Министерството за финансии, буџетскиот дефицит оваа година ќе надмине 900 милиони евра, односно 5 проценти од БДП. Целиот планиран дефицит е веќе потрошен, нема пари. Приходите потфрлаат, владата арамиски ги троши парите на криминални тендери, дефицитот во буџетот е огромен и расте. Но, затоа има најава за нов арамилук преку нов ребаланс. Само после два месеци од последниот. Ќе следува она што го најавивме, ново задолжување. Граѓаните ја плаќаат цената за криминалната организирана група, ВМРО. И кога нема резултати, нема инвестиции, економијата тоне, Мицкоски посегнува по распродажба на националните богатства, на водата, рудата, земјата. Струјата за туѓи профити, рудата за туѓата воена индустрија, ризикот и сметката за граѓаните. Провизијата за арамиите. Тоа не е економска стратегија туку распродажба на Македонија. Мицкоски е економски армагедон за Македонија. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03