Најголемата пирамида на светот е во Мексико, не во Египет

Најголемата пирамида на светот не е Кеопсовата, туку Големата пирамида Чолул во местото Пуебла во Мексико, пренесува американскиот портал „Бизнисинсајдер“.

Базата на овој древен храм на Астеките според наводите е четири пати поголема од пирамидата во Гиза.

Не е познато кој е градителот на овој таинствен објект чија старост се проценува на околу 2300 години. Но , сигурни се дека материјалот од кој е изградена помогнал пирамидата да остане сокриена, посебно нејзината големина.

Хернан Кортес кој во 1519 година направил инвазија на древниот град Чолул, оваа голема пирамида воопшто не ја забележал, а локалните жители го криеле објектот се до 1910 година. Интересно локалното население успеало да сокрие објект долг 450 метри и висок 66 метри.

Се до почетокот на 20 век , оваа најголема пирамида на светото била сокриена под густа вегетација.

Денеска пирамидата е позната под името „Планина изградена од човек“.

Црквата која се наоѓа на врвот на пирамидата е направена пред 500 години.

За големата пирамида се знае многу малку. Но последните истражувања покажале дека на тоа место всушност постоеле шест пирамиди градени една врз друга.

За изградбата биле користени тули направени од мешавина на кал со други материјали, како песок, или слама, кои потоа се печеле на сонце.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер