Најголем процент од кумановските судии донираа од априлската плата за поддршка за справување со Ковид 19

Две третини од кумановските судии од Основниот Суд Куманово донираа на сметките на Министерството за здравство. 

Како што информираа денеска надлежните од судот, собрани се 240.000 денари кои се уплатени на сметките на Министерството за здравство, со што кумановските судии даваат поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата.

Претседателката на кумановскиот суд Снежана Манев информираше дека од 23 судии до денеска донирале 17 судии кои доставиле докази за уплата во солидарните фондови од нивната априлска плата.

-Донациите се движат од 20 до 50 проценти од судиската плата. Околу 240.000 денари веќе донирале судиите од Основен суд Куманово. Тоа се две третини од судиите, очекуваме дополнителен број на судии и се надевам дека ќе одговорат сите, затоа што ова прашање нам ни е многу важно, изјави претседателката на кумановскиот Суд, Манев.

Таа појаснува дека и подружницата на Здружението на судии на Основен Суд Куманово, ја поддржала иницијативата на Здружението на судии на Уставниот суд, со времена мерка да се поништи Уредбата со која судиите требаше да бидат сведени на минималец.

– Сметам за потребно да објаснам, без разлика на ставот на јавноста, на која бевме мета изминатиов период дека судиите се солидарни и одговорни за состојбата со која се соочивме поради пандемијата. Мора да потенцирам и да објаснам дека судиите не е дека не се солидарни или не сакаат да донираат, во прашање е принцип, владеење на право, за кое сите се залагаме. Во прашање е законска и уставна одредба, ставот на Венецијанската комисија и препорака дека независноста на судиите произлегува меѓу другото и од економска независност. Затоа, ние одлучивме да ја поддржиме иницијативата, но од друга страна на ниво на здружение се договоривме да донираме, што и го напраивме, изјави Манев./МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер