Естонија ја затвора границата со Русија на шест месеци,луѓето брзаат да преминат додека сè уште можат
2Естонија ја затвора границата со Русија на шест месеци,луѓето брзаат да преминат додека сè уште можат
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
ЗабаваНаједноставниот трик за врзување вратоврска: Ќе биде подготвени за неколку секунди (видео)Не постои маж кој никогаш не помислил дека вратоврската само го гуши и му пречи за време на јадење.Но, сепак набрзо мажите сфаќаат дека вратоврските ултимативен машки моден аксесоар. Вратоврската денес може да се носи апсолутно со се, со фармерки, сако или костум, а од мажот секогаш во секој прилика ќе направи господин. За оние кои се уште не се вешти еве неколку едноставни чекори со помош на кои лесно ќе ја врзат: Бонус видео:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе запали фабрика во Индонезија, најмалку седум загинатиБројот на загинати во пожар во фабрика за слатки на островот Јава во Индонезија се зголеми на најмалку седум лица, додека бројот на исчезнати се зголеми на околу 50, соопшти денеска индонезиската полиција.Пожарот избувнал синоќа, а пожарникарите продолжија да ги гаснат преостанатите жаришта повеќе од 24 часа по неговото избувнување, пренесува Ројтерс. Според надлежните, поради силината на пожарот, визуелна идентификација на жртвите не е можна, поради што се земаат ДНК-примероци од членовите на семејствата, како и лични предмети на исчезнатите работници. #BREAKING: 3 dead, over 30 missing after candy factory fire in Serang, Indonesia. https://t.co/sCMHPWPYH2 — Insider (World News) (@InsiderWN) November 22, 2026 Полицискиот службеник задолжен за идентификација на жртвите од несреќата, Вахју Хидајати, изјави дека процесот на идентификација би можел да трае две до три недели. Сопственикот на фабриката на прес-конференцијата изјави дека во фабриката имало околу 300 луѓе за време на смената кога синоќа избувна пожарот. Надлежните соопштија дека истрагата за причините за пожарот е во тек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
СветЕстонија ја затвора границата со Русија на шест месеци,луѓето брзаат да преминат додека сè уште можатНа руско-естонската граница се создаваат редици од патници кои се надеваат дека ќе влезат во Естонија, пред затворањето на сите пет патни гранични премини на 1 декември. Естонската влада одлучи да ја затвори границата на шест месеци, наведувајќи безбедносни закани поврзани со Русија, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews). Во рускиот граничен град Ивангород се собираат луѓе со куфери, ранци и торби, обидувајќи се да ја преминат границата пред таа да се затвори. Одлуката особено ги погодува семејствата чии членови живеат во двете земји, како и патниците кои се упатуваат кон Русија преку Естонија. Естонија ја затвора границата по обид за саботажа. Естонската влада ја донесе оваа одлука на 20 ноември, по серија инциденти што ги поврза со руските безбедносни служби. Еден од најновите инциденти се случи на 14 ноември, кога беше направен обид за подметнување пожар во просториите на производителот на беспилотни летала „Threod Systems“. Компанијата се наоѓа во Виимси, северно од главниот град Талин. Според естонската безбедносна служба, обидот за напад бил организиран од руската воена разузнавачка служба ГРУ, а за негово извршување наводно биле регрутирани летонски државјани. Естонските истражители приведоа осуммина летонски државјани осомничени за учество во обидот за саботажа. Службениците за обезбедување на компанијата успеаја навреме да интервенираат и да спречат поголема штета, при што производните капацитети не претрпеа сериозни оштетувања. Естонските власти сметаат дека обидот за подметнување пожар не е изолиран случај, туку дел од поширока шема на непријателски активности насочени против Естонија и други европски земји. Поради тоа, тие одлучија дополнително да ги ограничат директните контакти преку границата. Владата тврди дека затворањето на граничниот премин ќе им отежне на руските разузнавачки служби да врбуваат луѓе и да спроведуваат операции за вршење влијание. Исто така, се очекува новите ограничувања да помогнат во спречувањето на обидите за заобиколување на меѓународните санкции против Русија. Русија ги отфрла тврдењата дека нејзините разузнавачки служби стојат зад обидот за саботажа. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли естонските обвинувања како неосновани и ја негираше каквата било поврзаност меѓу Москва и инцидентот. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја обвини Естонија за кршење на правата на руските граѓани. Таа укажа на можноста за политички и дипломатски контрамерки, а затворањето на границата го спореди со подигнување на нова „Железна завеса“. 🇪🇪 It's official: Estonia is closing its border with Russia The Estonian government has officially decided to close all five border crossings with Russia starting December 1. Foreign Minister Margus Tsahkna had previously warned of the move. The decision comes amid security concerns following arson attacks targeting defense industry facilities. According to Estonian intelligence, Russian special services were behind two such attacks this year, Reuters reports. “The decision is a response to Russia's ongoing hostile actions against Estonia and other European countries,” the government said. The restrictions will remain in place for at least six months. Authorities may review the decision after that period, but the border will not automatically reopen. — NEXTA (@nexta_tv) November 20, 2026 Одлуката особено ќе ги погоди жителите на естонскиот град Нарва, кој брои над 50.000 жители. Тој е одделен од рускиот град Ивангород само со реката Нарва, а двата града со децении се поврзани преку семејни, општествени и економски врски. Многу жители имаат роднини од двете страни на границата и редовно го користеа граничниот премин за семејни посети. Преминот го користеа и патници од други европски земји кои се упатуваа кон Санкт Петербург преку Естонија. Уште во февруари 2024 година, Русија го запре сообраќајот за возила на преминот меѓу Нарва и Ивангород. Сепак, пешаците сè уште можеа да ја преминуваат границата, поради што преминот остана важен за жителите на пограничниот регион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНаташа Поповиќ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струјаЗа граѓаните на Македонија веќе не станува збор за нормално живеење, туку за секојдневна борба за преживување. Со кои пари да се купи храна, а истовремено да се платат и сметки. Народот живее тешко, едвај врзвува крај со крај. Синдикалната кошничка достигна 71.000 денари. Со кирија за стан, трошокот е речиси 90.000 денари месечно. Ниту три плати не се доволни да се покријат месечните трошоци. Само за храна и пијалаци се потребни речиси 26.000 денари месечно а каде се сметки, облека, превоз,трошоци за деца, кирија. Ова е крпен живот. Откако се арамијата Мицкоски и криминалната ВМРО на власт минималната синдикална кошничка е зголемена за над 10.600 денари за само две години. Сега следува уште еден ценовен удар – посакпување на струјата и парното. Се што кажа Мицкоски излажа! Во септември најавуваше дека струјата нема да поскапи, а негоиот човек во РКЕ, Ацо Ристов сега најавува дека од следната година ќе има од 2 до 3 % повисоки сметки за струја, и од 6 до 8 % поскапо парно. Тоа ќе биде силен удар и ќе значи нови поскапувања, допилнително осиромашување на граѓаните. Секој трет работник во Македонија живее со плата под прагот на сиромаштија. Од 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат помалку од 31.200 денари месечно - работата а буквално се сиромашни. СДСМ две и пол години поднесува предлог за 600 евра минимална плата. Два ребаланса направи власта годинава, нема ништо за работниците. И за новиот буџет за 2027 години поднесовме амандамн за 600 евра минимална плата. Што одговори власта - нема пари. До толку нема пари во државната каса, само заради криминалното, душманско крадење на парите на народот. Затоа и се задолжуваат. 4 милијарди евра долг направи Мицкоски за 2 години, за оваа 2027 година најавуваат уште 2 милијарди евра ново задолжување. Нови милијарди задолжување, а работникот со минимална плата мора да пресметува што да тргне од кошничката за да му останат пари за сметки, за живот. На целата оваа економска катастрофа Мицкоски ни ја увезе Алта банка на Вучиќ, или поточно, неговата пералница за пари. Луѓето не можат да си ги подигнат сопствените пари. Немаат пари за храна, а старите и болните немаат пари за лекови. Срамота е што направи овој човек од државата. Македонија стана свртилиште на организиран криминал и корупција. Земја што служи на туѓи интереси. И за ова ќе одговара пред граѓаните, за осиромашувањето на народот, и за секој денар потрошен за криминални тендери, наместо за подобар живот на народот. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО Скопје, 22.11.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook