ЖивотНајдолго се работи во Италија, кај нас покусо, ама покус е и животниот векВозраста на која се заминува во редовна пензија во земјите од Европа е различна и се движи од најмногу 67 до најмалку 56 години. Во одредени земји е иста возраста на која се пензионираат и мажите и жените, а во други, пак, жените одат порано од мажите. Се разликува и барањето за минимален стаж како услов за пензија. Според податоците од пензиските фондови, најдолго се работи во Италија, Грција, Норвешка, каде што границата за редовно пензионирање е 67 години, а најрано во пензија се заминува во Русија. Во земјите од Балканот, возраста на која може да се оствари пензија е слична и се движи околу 64-65 години. Во Македонија мажите се пензионираат на 64, жените на 62 години, со можност по желба да продолжат да работат до 64, како и мажите. Но, разлики има и во очекуваниот животен век, кој при раѓање во ЕУ во 2020 година изнесува 80,4 години, што е за 0,9 години пониско споредено со претходната 2019 година. Највисок очекуван животен век на ниво во ЕУ при раѓање имаат жителите на Норвешка – 83,3, Исланд и Швајцарија – по 83,1 години. Италија има очекуван животен век од 82,3 години, додека најмал Бугарија – 73,6 години и Романија – 74,2 години. Кај нас очекуваниот животен век е 74,4 години, покажуваат податоците на Евростат. Во земјите од регионот најдолг очекуван животен век при раѓање имаат Грците – 81,4 години, потоа следи Хрватска – 77,8, Албанија – 77,4, Црна Гора – 75,9, Србија – 74,5 и Бугарија – 73,6 години. Животниот век при раѓање во земјава споредно со 2019 година е намален за 2,2 години, кога бил 76,6 години, што е најголемо намалување меѓу сите земји во регионот, додека во Бугарија и Србија е скарен за за 1,5 години. Податоците од пензиските фондови покажуваат дека Италијанците мора да работат најдолго. Условот и за мажите и за жените е 67 години и 20 години работен стаж, за предвремено пензионирање потребно е да имаат 63 години и три децении запишани во работната книшка или 36 години работа на опасни работни места. Една од можностите за предвремено заминување е да се има 62 години и 38 години работно искуство. Но, тие имаат и доста долг очекуван животен век од 82,3 години. Мажите и жените во Грција треба да работат до 67 години и да имаат најмалку 15 години стаж, исто како и Норвежаните. Но, во Грција остварувањето на право на пензија е можно и на 62 години и за мажи и за жени, но само доколку имаат над 40 години работен стаж. И во Норвешка старосната граница е 67 години, но може да се оди во пензија и по навршување 62 години ако се има поголем стаж. И Грција, како и Италија, има прилично долг очекуван животен век, кој во 2020 година изнесувал 81,4 години. Подолго се работи и во Холандија каде условите за пензионирање за мажи и жени се до 66 години и седум месеци. Меѓутоа, на тие во Холандија им требаат само пет години работно искуство или исто толку години престој во оваа земја, a имаат и очекуван животен век над 80 години. Во Русија во пензија се оди со 61 година и 6 месеци старост и 13 година пензиски стаж за мажи и 56 години и 6 месеци старост и 13 година стаж за жени. Исто така, можно е и предвремено пензионирање доколку имате поголем број години пензиски стаж. Во земјите во регионот старосната возраст на која може да се оствари пензија се слични и се движат околу 64-65 години. Во Србија, на пример, годинава мажите во пензија ќе можат да одат со 65 годишна возраст и најмалку 15 години стаж, а жените со навршени 63 години и четири месеци, и исто така 15 години работен стаж. Во пензија и едните и другите ќе можат да одат со 45-годишен стаж без разлика на возраста. Очекуваниот животен век во Србија – 74,5 години. Во земјава условот за остварување на правото на старосна пензија за мажи е кога ќе наполнат 64 години, односно 62 години за жена и најмалку 15 години работен стаж за прв пат е уреден во Законот за пензиското и инвалидското осигурување донесен во 2000 година. – Во преодниот период од 1 септември 2000 година до 31 декември 2001 година, односно 31 декември 2007 година, старосната граница за стекнување право на старосна пензија за маж и жена постепено се зголемува, велат од МТСП. Претходно, согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување од крајот на 1993 година, кој е прв со кој се уредува пензиското и инвалидското осигурување по осамостојување на земјава, условите за стекнување право на старосна пензија биле 63 години за мажи и 60 години за жени со најмалку 20 години стаж. Оние осигуреници кои не наполниле пензиски стаж од 20 години стекнуваат право на старосна пензија кога ќе наполнат 65 години живот (маж), односно 63 години (жена) и најмалку 15 години стаж на осигурување. Според податоците од МТСП, со законски изменувања и дополнувања од 2001 година се уредува дека осигурениците кои на денот на почетокот на примената на овој закон имале најмалку исполнет пензиски стаж од 35 години (маж), односно 30 години (жена), правото на старосна пензија можат да остварат и со исполнување на 40 години (маж), односно 35 години (жена) пензиски стаж, без оглед на возраста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44