Најдобриот дефанзивец на Олимписките игри наместо во Москва на пат кон НБА!? - Канал 5

Најдобриот дефанзивец на Олимписките игри наместо во Москва на пат кон НБА!?

Најдобриот дефанзивец на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во париз, српскиот бек Алекса Аврамовиќ се поблиску до премин во клуб од НБА лигата.

Најдобриот дефанзивец на Олимписките игри наместо во Москва на пат кон НБА!?

По одличните игри во дресот на Србија на Игрите во Париз и освоената бронза, досегашниот плеј на Партизан иако ги имаше договорено сите детали за трансфер во редовите на гигантот ЦСКА Москва блиску до премин во клуб од најсилното светско првенство, НБА лигата.

Неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ реши да ја разгори фантазијата на навивачите и да ја објави можноста кошаркарот да потпише за некој од НБА тимовите.

Ражнатовиќ откри дека Алекса има клаузула во договорот да се повлече од постоечкиот договор со тимот од Москва поради потенцијален договор во НБА. А, како што стојат работите во моментов, оваа најава многу лесно би можела да се реализира.

Имено, како што пренесува ozonpress.net од Чачак, за српскиот кошаркар се заинтересирани две екипи.

- Аврамовиќ сигурно ќе оди во ЛА Клиперс или Атланта Хокс. Преговорите се во тек и се надеваме дека се ќе заврши во заеднички интерес - вели изворот за кој овој портал наведува дека е близок до семејството Аврамовиќ, наведувајќи дека тие клубови дале најконкретни понуди и дека 99 отсто од работите се договорени.

Иако беа договорени сите детали од договорот Аврамовиќ да ја продолжи кариерата во руска ЦСКА, трансферот требаше да биде парафиран и официјализиран по Олимписките игри во Париз. Очигледно, тоа нема да се случи и тој оди во НБА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Училишен прибор и ранче за секое прваче од Карпош

Општина Карпош на почетокот на новата учебна година ќе ги пречекаат најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор.

О. Карпош: Училишен прибор и ранче за секое прваче од Карпош

Оваа активност се реализира согласно годишната програма на Одделението за образование, за која од Буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари.

По повод почетокот на учебната година, градоначалникот Сотир Лукровски, ќе ги посети основните училишта на територија на Општина Карпош, при што на првоодделенците ќе им бидат врачени ранчињата и училишниот прибор.

Со оваа мерка, Општина Карпош ќе им посака топло добредојде на најмладите ученици и успешен почеток на нивното образование, а воедно обезбедува и финансиска поддршка за семејствата во пресрет на новата учебна година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Основното училиште „11 Октомври" со нова библиотека-медијатека од септември

Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври" се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. 

Герасимовски: Основното училиште „11 Октомври" со нова библиотека-медијатека од септември

Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи.

„Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова модерно катче е наменето за едукација, учење и завршување на училишните обврски за нашите основци ,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Освен книги, енциклопедии, прирачници и речници, во библиотеката ќе бидат достапни и дневни весници, списанија и публикации, а просторот ќе биде опремен со интерактивен панел, компјутери и интернет конекција. Проектот ќе им овозможи на 600 ученици и вработени да ги прошират своите знаења преку богатите содржини на медијатеката.

Дополнително, оваа година училиштето воведе нов систем за електронска библиотека – софтверското решение „еБиблиотека“, кое овозможува целосна дигитализација и дигитално управување со библиотечниот фонд и услугите, со електронско следење на книги, членови и позајмувања. Училиштето располага со книжен фонд од 20 204 наслови, во кој се вклучени стручна литература, лектирни изданија и останати наслови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на Био Пазарот

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на својот Фејсбук објави дека напредуваат градежните активности на Био Пазарот.

Јанчев: Напредуваат градежните активности на Био Пазарот

Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци.

[✔️] Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер