Најдена е тригодишната Матилда, која исчезна во страшните поплави во Австралија (ВИДЕО) - Канал 5

Најдена е тригодишната Матилда, која исчезна во страшните поплави во Австралија (ВИДЕО)

3-годишно девојче и нејзиното кутре беа пронајдени живи , на 24 часа откако исчезнаа во регионот Пилбара во северозападна Австралија , област погодена од поплави.

Најдена е тригодишната Матилда, која исчезна во страшните поплави во Австралија (ВИДЕО)

Девојчето исчезна во средата откако го напуштило својот дом во Норена Даунс. Во потрага по девојчето, биле вклучени и хеликоптери.

Вчера попладне, тригодишната Матилда била забележана од хеликоптер на 3,5 километри оддалечена од нејзиниот дом.

Кога надлежните го спасија девојчето, таа беше валкана со кал, но во добра здравствена состојба. Покрај неа, било и нејзиното кутре, кое не се разделило од неа, соопшти полицијата.

„За среќа, Матилда и нејзиното кутре сега се со семејството“, рекоа тие.

Началникот на полицијата во Пилабара, Ким Масам, им се заблагодари на сите кои беа вклучени во потрагата по девојчето, но исто така го пофали и нејзиното кученце кое остана со неа цело време.

YouTube video

Пилбара е само еден од австралиските региони погодени од обилните врнежи од дожд и поплавите.

Метеоролозите предвидуваат нестабилно време во текот на следните четири до пет дена. Дождот во некои области може да биде силен, но за да се запре пожарот е потребен умерен и постојан дожд.

Австралија од септември се бори против најлошата сезона на пожари, при што загинаа 29 луѓе и милиони животни. Уништени се повеќе од 2500 куќи, а големината на опожарената област е со големина на Бугарија.

Во државата Нов Јужен Велс горат уште 85 пожари, од кои 30 се под контрола, додека 19 пожари се активни во Викторија, соопштија пожарникарите.

Влажното време со часови го расчистуваше чадот над најголемите градови во Австралија, но Канбера и Мелбурн се најдоа во првите 30 најзагадени градови низ целиот свет.

Метеоролозите велат дека студеното и влажното време ќе биде само привремено олеснување и дека топлината ќе се врати во наредните недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој

Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој на административните службеници.

Продлабочување на партнерството со Грција: Министерството за јавна администрација отвора нови перспективи за професионален развој

Во рамки на официјална посета на Атина, Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со високи претставници од Министерството за внатрешни работи и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција (ЕКДДА), на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења и експертиза во областа на јавната администрација.

На средбата присуствуваа заменик-министерката за внатрешни работи на Република Грција, г-ѓа Параскеви Харламбојани, претседателот на ЕКДДА, г-дин Василис Егзархос, раководителката на Академијата за професионален развој на административните службеници, д-р Ангела Бурбули, раководителот на Националното училиште за јавна администрација, г-дин Анастасиос Хондројани, како и генералната директорка на „Reform Greece“, г-ѓа Адамантија Манта.

По билатералната средба се потпиша и Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Република Грција, со кој се воспоставува институционална рамка за долгорочно партнерство во областа на професионалната обука, истражувањето и иновациите во јавната администрација.

Партнерство со ЕКДДА е од особено значење за развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, чија цел е воспоставување современ и одржлив систем за континуирано професионално усовршување. Преку искуствата и експертизата на грчката Академија и Националното училиште за јавна администрација, се отвораат нови можности за унапредување на наставните програми, развој на современи модели на обука согласно европските стандарди и јакнење на професионалните компетенции на административните службеници.

„Со продлабочување на регионалните и европските партнерства создаваме конкретна вредност за институциите и за граѓаните на нашата земја. Нашата цел е професионална, компетентна и ефикасна јавна администрација, а за тоа се потребни знаење, континуирана обука и силни институции. Грчкото искуство е значајно во развојот на нашата Академија и во изградбата на современ систем за професионален развој на административните службеници“ истакна министерот Минчев.

Ова партнерство претставува уште еден значаен чекор во продлабочувањето на билатералната соработка меѓу двете земји, заснована на меѓусебна доверба, институционално поврзување и размена на добри практики. Преку ваквите иницијативи, Министерството за јавна администрација ја потврдува посветеноста за континуирано јакнење на административните капацитети и унапредување на јавните институции во интерес на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“

Под слоганот „Кисела Вода, заедно секој ден“, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес го презентираше отчетот за сработеното во првата година од нејзиниот мандат. 

Отчет за една година мандат на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска: „Кисела Вода, заедно секој ден“

Како што истакна таа, уште од првиот ден нејзиниот основен принцип на работа е општината да не се раководи од изолирана канцеларија, туку директно од терен, низ постојан, отворен и искрен дијалог со граѓаните. Нејзиното управување, цврсто се темели на целосна законска издржаност, апсолутна транспарентност и брзо, ефикасно решавање на проблемите кои произлегуваат директно од секојдневните потреби на жителите.

Во својот отчет, градоначалничката посочи дека изминатиот период Општина Кисела Вода се зацврсти како ефикасен сервис кој испорачува реални резултати, без да маргинализира ниту една населба и населено место. Како клучни достигнувања во делот на инфраструктурата, беа посочени реализацијата на над 10 километри нов асфалт, поставувањето на 4,5 километри нова водоводна мрежа, како и изградбата на 1.200 метри атмосферска и 800 метри фекална канализација. Дополнително, на целата територија се заменети 4.900 стари светилки со ново ЛЕД осветлување.

Целосно се реконструирани сообраќајниците „Ѓорѓи Димитров“, „Саса“ со сите нејзини краци во Пинтија, „Томе Арсовски“, „Жил Верн“, улиците „527“, „Герника“, „Речиште“ и дел од „Киро Фетак“. Во делот на подземната инфраструктура, изградена е нова водоводна мрежа на улицата „Речиште“, додека еден од најзначајните проекти е почетокот на изградбата на новиот водовод со резервоар во населбата Каменик. Нов крак од фекалната канализација е изведен во Пинтија, во тек е изградба на фекална мрежа во Бабин Дол, додека нова атмосферска канализација е поставена на улицата „Томе Арсовски“, паралелно со капиталната реконструкција на атмосферскиот „Црн Канал“ во Драчево. Се прави темелна реконструкција на објектите на месната заедница Пинтија и месната заедница Драчево, кои се наоѓаат во завршна фаза на реализација.

Особено внимание е посветено на воведувањето нови стандарди во комуналната хигиена. Системски се исчистени над 100 диви депонии од кои се собрани повеќе од 150 тони отпад, а воведено е и континуирано подигнување на кабастиот отпад директно од домовите на граѓаните. За првпат се поставени специјализирани контејнери за селекција на текстилен отпад пред месните заедници, основните училишта и градинките, каде веќе се собрани над 10 тони.

Во однос на грижата за најмладите, Стаменкоска Трајкоска информираше дека се отворени две нови градинки, „Верверичка“ и „Ѕвездички“, додека изградбата на третата нова градинка во Расадник е во завршна фаза. Паралелно се реализира и доградба на нови училници во основните училишта „Невена Георгиева Дуња“ и „Кирил Пејчиновиќ“. Континуирано се модернизираат сите училишта, па така во ООУ „Партенија Зографски“ комплетно се реновирани тоалетите, вклучувајќи и нов тоалет за инвалидни лица и поставена е нова интернет мрежа; во ООУ „Круме Кепески“ целосно е реновирана училишната кујна и трпезарија; а во подрачното ООУ „Рајко Жинзифов“ во Пинтија е реализирана целосна енергетска реконструкција. За поддршка на семејствата, општината обезбеди 5.500 бесплатни комплети училишни униформи за сите основци и 550 целосно опремени ранчиња за сите првачиња.

На планот на спортот, како круна на заложбите се издвојува целосната обнова на култната спортска сала „Расадник“, која по децении запоставеност им е вратена на граѓаните, проект реализиран преку Министерството за спорт. Покрај ова, пуштена е во употреба и новоизградената спортска сала во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Припор, а паралелно, во соработка со Министерството за образование и наука, се гради новата сала во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ и се врши темелна реконструкција на спортските сали во централните училишта „Круме Кепески“ и „Кузман Шапкарев“.

Општина Кисела Вода покажа и силен капацитет во социјалната заштита преку исплата на 12.000 денари за секое новороденче, финансиска поддршка од 10.000 денари за возачки дозволи за матурантите, како и преку воведувањето на системски бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за децата во соработка со Асоцијацијата „ГАСПАР“ и Здружението „Ајнштајн“. Дополнително, грижата за граѓаните и за енергетската ефикасност се потврдува преку редовните субвенции за набавка на пелети, печки на пелети, како и субвенции за обнова на фасади.

Културниот живот беше издигнат на високо ниво преку првиот детски музички фестивал „Киселко“ и домаќинството на меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, во двете кино сали на територија на општина Кисела Вода отворени во соработка со “Киноверзум”.

Во сферата на културното наследство, при археолошките ископувања во соработка со Националниот археолошки музеј и Конзерваторскиот центар - Скопје, откриен е доцноантички полихромен мозаик на локалитетот Пеленица кај Драчево.

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска упати особена благодарност за институционалното партнерство и поддршката, нагласувајќи дека ваквиот интензивен развој бара вистинска соработка. Таа изрази искрена благодарност до Советот на Општина Кисела Вода и до претседателката Светлана Колариќ, до сите советници кои недвосмислено го поддржаа растот на општината и застанаа зад добрите проекти, како и до општинската администрација, чиј труд и секојдневна посветеност ги реализираат овие процеси.

Беше истакнато дека огромен дел од овие капитални проекти се изведени благодарение на силната и безрезервна поддршка од премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија, како и од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Градот Скопје. Но, пред и над сè, како што е наведено во отчетот, најголемата благодарност им припаѓа на граѓаните, бидејќи сите овие дела се директен резултат на предлозите и заедничката работа со нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка

Паника, страв и очај се виде во очите на пратеникот Венко Филипче кој беше матиран со вистината од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ: Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка

РЕАКЦИЈА НА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Лагите на Венко Филипче и СДС околу Алта банка се срушија како кула од карти и вистината излезе на виделина.

Иако тие ја свикаа надзорната расправа за Алта банка, на којашто присуствуваат сите надлежни претставници на институциите и одговараат на нивните поставени прашања, тие веднаш бараа паузи и ја прекинуваа расправата, со една единствена цел, да ја избегнат вистината, којашто оди на штета на Филипче и СДС.

Во своето излагање, претседателот Мицкоски, јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записникот од 194 седница на Владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата бил Димитар Ковачевски и на самата седница на Владата се отворила темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими излегува со информација во која бара од Владата да му одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија.

Уште во 2023 година владата на СДС и ДУИ на владина седница му дала насока на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура.

Затоа Филипче и СДС се гласни, затоа што им се открија нивните задни намери поврзани со Алта банка во Македонија.

П.С. Филипче да одговори дали и какви сметки имаат тој и неговите сопартијци во Алта банка?

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер