Најбогатиот спортист со бакшиш и го сменил животот на келнерка (ВИДЕО) - Канал 5

Најбогатиот спортист со бакшиш и го сменил животот на келнерка (ВИДЕО)

Флојд Мејведер е познат како најбогатиот спортист на денешницата и најмногу сака да го троши своето богатство на купување скапи автомобили.

Најбогатиот спортист со бакшиш и го сменил животот на келнерка (ВИДЕО)

Само во една борба, Мејведер успеал да заработи неколку стотици милиони евра, па не е изненадувачки што тој е сопственик на една од најимпресивните колекции на автомобили во светот.

Сепак, покрај тоа што купува автомобили и се фотографира опкружен со пари, Мејведер активно донира пари во добротворни цели и им помага на оние кои имаат потреба.

Џон Шахиди е човекот кој управува компанија што се занимава со кариера на познатите sвезди на Јутјуб, а во интервју за подкастот „Импулсив“ тој раскажал приказна која го отсликува Мејведер во светло во кое луѓето не се навикнати да го гледаат.

Шахиди откри дека славната боксерка ѕвезда и дал на непозната келнерка дури 10 илјади долари и целосно и го променил животот.

"Мојот прв состанок со Флојд беше на вечера во Лас Вегас. Секако, сите го познаваа, тоа беше место каде што секогаш одеше, а келнерката што работеше добро го познаваше. Во еден момент, дамата која беше крупна, ја праша што прво ќе стори ако ги има на располагање сите пари на светот. Таа му одговори дека ќе се ослободи од долгот што го има на картичката. Потоа тој повторно и го постави истото прашање и таа поискрено одговори дека се срами , но би ги намалила градите бидејќи нивната големина и го отежнува движењето и животот воопшто “, рече Шахиди и додаде:

„Потоа ја праша колку ќе чини, веројатно околу шест или седум илјади долари. Таа одговори дека смета дека износот е приближно како што рекол тој, но дека не е сигурна затоа што никогаш не проверила со оглед на тоа што работела во мал ресторан во Лас Вегас, па тоа не е реална опција за неа. Пред да заминеме, Флојд извади десет илјади долари од торбата и ги стави во плик каде што беше сметката. Тој ми рече никогаш да не кажам никому дека го сторил тоа, бидејќи тој борец што луѓето го гледаат додека се бори затоа што не го сакаат, не сакаше тоа да се промени.”

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предвремени избори ќе има ако здружената опозиција во Собранието ги побара, порачува Мицкоски

Владата ќе прифати предвремени избори ако има барање од „здружената опозиција“, изјави премиерот Мицкоски, но лидерот на СДСМ Филипче вели дека нема координација со ДУИ и Левица а доколку власта сака може и без нив да ги распише. 

Предвремени избори ќе има ако здружената опозиција во Собранието ги побара, порачува Мицкоски

Темата за изборно соочување пред редовниот термин во 2028 останува со непроменети позиции, иако сите партии тврдат дека се подготвени да се одржат во секое време. Според премиерот фокусот на Владата сега е на испорачување на ветените проекти од претходните избори, за кои Филипче вели дека останале само на хартија.

„Тоа е наш приоритет, како да испорачаме повеќе за да имаме подобри услови за живот.Тоа е суштината на функционирањето на оваа Влада, остануваме посветени на тоа. Здружената опозиција Левица, ДУИ и СДСМ во парламентот можат да се соберат да поднесат инцијатива за предвремени парламентарни избори. Доколку здружената опозиција СДСМ, Левица и ДУИ поднесат, тогаш ние како Влада ќе дадеме соодветен одговор.“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

„Ние не сме здружена опозиција со ДУИ и со Левица, така како што сака тоа Христијан да го прикаже, единствената вистинска опозиција во државата е само СДСМ. / Избори доаѓаат после одреден временски период откако таа политичка структура која е на власт требало нешто да испорача. Што да испорачаа, ништо, а што ветија, сешто, се што ветија се излажаа. / Зошто му треба алиби од СДСМ кога има две третини во парламентот? Може кога сака да ги распише изборите. Избори ќе има кога ќе снема пари.“ -Венко Филипче – претседател на СДСМ.

Филипче повтори дека ставот на СДСМ во однос на измена на изборниот законик останува ист. И покрај очекувањата на министерот за правда Шасивари дека се вратат и ќе учествуваат во работната група, лидерот на партијата кажа дека аргументите на СДСМ се јасни и најави дека може само да ги испрати писмено до правда.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европската комисија утре попладне ќе го презентира предлог за реформи на процесот на проширување

Еврокомесарката за проширување – Марта Кос утре од Стразбур ќе го претстави прегледот на новите предпристапни политики на Унијата. 

Европската комисија утре попладне ќе го презентира предлог за реформи на процесот на проширување

Клучните предлози се однесуваат на ефективноста на процесот на проширување, но и промена во праксата на носење одлуки, што ја адресира и опасноста од т.н тројански коњи меѓу новите земји членки, посочува директорката на Институтот за европска политика – Симонида Кацарска.

Доколку земјите членки се согласат на принципот гласање со квалификувано мнозинство, тоа нема да донесе големи промени во оваа фаза на македонскиот евроинтегративен пат, но ќе има доколку се нарпраравт уставните измени и почне отворањето на кластерите – оценува Кацарска.

Дали земјите членки ќе го прифатат предлогот на Кос и дали тој ќе претрпи измени ќе се знае после стратешкиот состанок на Советот на ЕУ кон средината на месецов. Дополнително, утре од Кос се очекуваат и повеќе детали за патоказите за најуспешните земји кандидатки - Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По неколку дена тактизирање, бугарското МНР попладнево соопшти дека го прифаќа барањето за средба Чамова-Муцунски

Ќе има можност за билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите Муцунски и Петрова Чамова на маргините на министерскиот состанок за Коридорот 8 кој ќе се одржи во Софија во четврток. 

По неколку дена тактизирање, бугарското МНР попладнево соопшти дека го прифаќа барањето за средба Чамова-Муцунски

По барањето за средба што ја иницираше македонската страна на предлог од шефицата на ЕК, Фон дер Лајен, бугарското МНР во изјава за бугарската државна агенција БТА остава отворена врата за ваква можност.

-На 8 октомври во Софија ќе се одржи меѓународна министерска конференција за Коридорот VIII, чиј домаќин ќе биде министерката за надворешни работи, Велислава Петрова. Во рамките на форумот, на кој ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, ќе има можност за одржување на билатерална средба, што е дел од редовниот дијалог меѓу двете земји, велат од бугарското МНР.

Премиерот Мицкоски денеска повтори дека барањето за средба е испратено по добиениот совет од Фон дер Лајен при посетата на Скопје, и ги отфрли тврдењата дека има незадоволство од пораките на шефицата на ЕК. Изјавата, вели, била погрешно протолкувана. Очекува во периодот што следи да се интензивира процесот и да се најде решение за актуелната ситуација во која се наоѓа државата.

-Јас тоа го слушнав од опозицијата и од одредени медиуми блиски до опозицијата. Мислам дека не само што не ја говорат вистината, туку и се обидуваат сега и да ја искривуваат вистината. Јас, напротив, кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она коешто во иднина претставува посветеност лична и посветеност на Европската Унија, нѐ мотивира да продолжиме по патот на реформите и така и ќе продолжиме во периодот којшто следи. Јас само ќе кажам дека претседателката Фон дер Лајен, како никогаш досега, кажа дека оваа Влада прави инспиративна работа, еве да ја цитирам, за реформите и за сето она коешто е посветено на приклучување на државата кон EУ, изјави Мицкоски.

Според лидерот на СДСМ Венко Филипче, претседателката на ЕК јасно потврдила дека европскиот пат на Македонија не го загрозува ниту идентитетот, ниту јазикот, а власта, според него со манипулации ја држи државата во изолација и го кочи европскиот пат. Филипче кажа дека нема никави очекувања од евентуална среба меѓу министрите од двете страни.

-Што ќе прави Тимчо сега? Ќе клечи? Ќе витка кичма? Што ќе прави во Бугарија? Зошто треба да се оди во Бугарија кога ние имаме работа со Брисел на темата. Зошто сакаат да го билателаризираат прашањето кога не е така како што тие сакаат да го прикажат? Нека оди, тоа му е работа, прашањето е зошто не беше досега и што може да се очекува од таа средба? Јас ништо не очекувам. Затоа што се е изговор, овие луѓе не сакаат во ЕУ, изјави Филипче.

Муцунски и Петрова Чамова имаа една официјална средба во мај, годинава, на маргините на состанокот на НАТО во Шведска. Средбата се одржа во амбиент на затегнати билатерални односи и на иницијатива од македонскиот министер Муцунски, кратко по изјавите на Чамова во кои го употреби терминот „северномакедонски“, но таа заврши без позначаен напредок и без поместување на позициите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер