Најбогатиот фудбалер на светот најде нов клуб: Ова е возбудливо (ВИДЕО) - Канал 5

Најбогатиот фудбалер на светот најде нов клуб: Ова е возбудливо (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Брунеи, Фаик Болкиах (22), најбогатиот фудбалер на светот, пред неколку дена го раскина договорот со португалскиот Маритим по нешто повеќе од една година и три месеци заедничка работа.

Најбогатиот фудбалер на светот најде нов клуб: Ова е возбудливо (ВИДЕО)

Во тој период Фаик играл само два пати за Б тимот на португалскиот тим, а само еднаш, против Спортинг Лисабон, седна на клупата на А тимот.

Но, Болкиах не чекал долго за нов договор. Тој потпиша за ФК Чонбури во 1-та лига на Тајланд и веднаш почна да работи со новиот тим. Од клубот се воодушевени што 23-годишниот им се приклучува, но истакнале и дека тој е најбогатиот играч на светот.

„Возбудливо е што потпиша со нас, сега сите медиуми во светот ја објавуваат веста за тоа. Тој е најбогатиот фудбалер на светот“, изјави менаџерот на тајландскиот тим Сасита Сингтотонг.

Сепак, тој додава дека таквите работи треба да се игнорираат и дека фокусот треба да биде исклучиво на теренот каде Болкиах треба да направи разлика во натпреварите од тајландското првенство.

Болкиах одел во фудбалската школа во Челзи и Лестер, со кои договорот му истекол на 1 јули минатата година, но не чекал долго за нов клуб. Тој потпиша за Лестер Сити во 2016 година, но не одиграл ниту една минута во англиското првенство, иако редовно настапувал за помладите екипи. Уште помалку бил користен во Маритим во 15-те месеци поминати таму.

Фаик е внук на султанот од Брунеи, Хасанал Болкиах, чие богатство се проценува на повеќе од 20 милијарди долари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“

По средбата во Драчево, синоќа се одржа јавна средба и во Домот на култура „Билјана Беличанец“, посветена на креирањето на новиот општински буџет на Општина Кисела Вода за 2027 година. 

Кисела Вода го креира Буџетот заедно со граѓаните: Одржани јавните средби во Драчево и во Домот на култура „Билјана Беличанец“

Присутните граѓани директно се вклучија и преку дискусија ги посочија најважните потреби и конкретни решенија за своите населби. Преку нивните идеи, заедно се одлучува за следните чекори и заеднички се креира буџетот, дефинирајќи ги вистинските приоритети.

Процесот се спроведува во соработка на Општина Кисела Вода со Finance Think, под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, со цел секој жител да има можност да придонесе во одредувањето на буџетските приоритети. Доколку граѓаните не беа во можност лично да присуствуваат на овие средби, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот: https://tinyurl.com/PrijaviProblem.

Сите пристигнати предлози се клучни за заедничко дефинирање на приоритетите, бидејќи гласот на секој поединец е важен за развојот на општината. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дојава за бомба! Авионот итно бил пренасочен кон аеродром на воената база

Патнички авион од типот „Ербас“, кој летал од Даблин (Ирска) кон Рим (Италија), бил пренасочен кон воена воздухопловна база во северна Франција, откако била пријавена закана со бомба.

Дојава за бомба! Авионот итно бил пренасочен кон аеродром на воената база

Оваа информација во четвртокот ја потврдија од кабинетот на францускиот премиер, наведувајќи дека ситуацијата се следи. Засега нема официјални информации за тоа кој ја упатил заканата, дали при прегледот на авионот е пронајдено нешто сомнително, ниту пак кога леталото би можело да го продолжи своето патување.

Како што пренесува „Еуроњуз“, по пренасочувањето на авионот, надлежните француски служби спровеле безбедносни процедури.

Инцидентот во Франција се случи само неколку дена откако четири патнички авиони на летови до Полска, Шпанија и Бугарија беа цел на слични закани. Сите авиони слетаа безбедно и не беа пронајдени експлозивни направи. Британската влада ги окарактеризира претходните извештаи како „злонамерни лажни закани“.

Два извештаи се однесуваа на летови до Варшава. Авионот на компанијата „SAS Scandinavian Airlines“, кој леташе од Копенхаген, слета нормално на аеродромот Шопен. Една писта беше привремено затворена додека безбедносните тимови го проверуваа авионот. Втората закана се однесуваше на авионот на компанијата „LOT Polish Airlines“, кој леташе од лондонскиот Хитроу.

Авионот беше пренасочен кон аеродромот Модлин наместо кон аеродромот Шопен, кој исто така беше привремено затворен за време на безбедносната проверка.

Во Шпанија беше активиран протокол за итни случаи откако беше пријавена бомба на лет на „Рајанер“ од Манчестер кон Мурсија. Авионот слета безбедно, а припадници на Граѓанската гарда го прегледаа леталото. Откако не беа пронајдени експлозиви, протоколот за итни случаи беше укинат.

Четвртиот случај беше забележан на лет на „Виз ер“ од Бергамо кон Софија. Бугарските служби го прегледаа авионот по слетувањето во главниот град, а според соопштението од Министерството за внатрешни работи, авионот пристигнал без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

46 годишен скопјанец со кривична пријава за објавување на серии на неговиот ФБ профил

46 годишен скопјанец доби кривична пријава од секторот за компјутерски криминал за дело повреда на авторско право и пиратерија на видео материјал.

46 годишен скопјанец со кривична пријава за објавување на серии на неговиот ФБ профил

46 годишниот маж во 2024 година како администратор на фејсбук страница незаконски и неовластено преку јавна објава емитувал ексклузивни авторски права на ТВ серија што биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер