Акциите на Амазон пораснале за 4,4 проценти во средата на рекордни 2.878,70 американски долари, зголемувајќи го богатството на нејзиниот основач на 171,6 милијарди долари. Ова е повеќе од рекордните 167,7 милијарди американски долари од септември 2018 година, според индексот за милијардери на Блумберг.
Амазон заработи од масовната потрошувачка во електронската трговија за време на кризата со корона.
Приходите од 56,7 милијарди американски долари само оваа година го истакнуваат зголемениот јаз меѓу богатите и милионите кои ги изгубија работните места поради најлошиот економски пад од Големата депресија.
Компанијата одби да коментира за зголемувањето на богатството на Безос.
Повеќето милијардери со најголем профит неодамна се исто така дел од технолошкото милје. Меѓу нив е извршниот директор на Тесла, Илон Маск, кој додаде 25,8 милијарди долари на своето богатство од 1 јануари годинава, а основачот на „Зум Видео комуникации“, Ерик Јуан, чие богатство е скоро двојно повисоко , се зголеми на 13,1 милијарди долари.
Средствата на Мекензи Безос, која што се здобија со четири проценти од акциите во „Амазон“ по нејзиниот развод од Џеф Безос, се проценуваат на 56,9 милијарди долари.
Но, не секој милијардер оваа година ја здебелил својата сметка, забележува Блумберг. Амансио Ортега, сопственикот на модниот бренд „Зара“, изгуби 19,2 милијарди долари, претседателот на Беркшир Хатавеј, Ворен Бафет остана без 19 милијарди долари, а тајкунот на француска луксузна стока, Бернард Арно, е потенок за 17,6 милијарди долари.
Но, повеќето го преживеаја падот и вкупната нето вредност на средствата на 500 најбогати луѓе во светот сега е 5,93 трилиони долари, наспроти 5,91 трилиони на почетокот на годината, пишува Блумберг.