Најбогатиот човек на светот и неговиот брат ќе одлетаат во вселената (ВИДЕО) - Канал 5

Најбогатиот човек на светот и неговиот брат ќе одлетаат во вселената (ВИДЕО)

Основачот на Амазон, Џеф Безос следниот месец заедно со неговиот брат ќе лета во вселената, во првиот вселенски лет на неговата ракетна компанија „Блу Ориџин" (Blue Origin), најави милијардерот.

Најбогатиот човек на светот и неговиот брат ќе одлетаат во вселената (ВИДЕО)

„Уште кога имав пет години, сонував да патувам во вселената и на 20 јули ќе тргнам на тоа патување со мојот брат", објави Безос на Инстаграм.

Компанијата „Блу Ориџин" го затвори првиот круг на апликации минатиот месец, а доби повеќе од 5.200 понуди од 136 земји.

Во моментов, најголемата понуда во вториот круг на регистрации на летови е 2,8 милиони долари, според веб-страницата на компанијата.

Процесот ќе трае до 10 јуни, а завршната фаза е на 12 јуни.

Компанијата планира да го изврши својот прв суборбитален лет со својот вселенски брод на 20 јули, што ќе биде пресвртница во конкуренцијата за реализирање на своето прво приватно комерцијално патување во вселената.

Претходно беше објавено дека „Блу Ориџин" планира да им наплаќа на патниците најмалку по 200.000 американски долари за ова патување, засновано врз плановите на ривалот на Безос, милијардерот Ричард Бренсон, сопственик на „Вирџин Галактик".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Дел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера.

Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. 

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар на плац на автобуската компанија во близина на селото Тркање, кочанско

Голем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во близина на селото Тркање, предизвикувајќи сериозна материјална штета. 

Голем пожар на плац на автобуската компанија  во близина на селото Тркање, кочанско

Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинска пумпа .

Со брза интервенција на протипожарните единици од Кочани и Виница пожарот е изгаснат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер