МакедонијаНајавените долгорочни мерки можат да ја стабилизираат инфлацијата, но на долг рок – сметаат економските експерти Иако се задоценти најавените догорочни мерки од страна на Владата за зауздување на инфлацијата ќе доведат до нејзино стабилизирање, оценуваат дел од економските експерти. Благица Петерески од инстиутот за економски истражувања и политки фајненс тинк за Канал 5 вели инфлацијата се подгрева пред се од личната потрошувачка која е зголемена поради повисоките плати и пензии, па оттука надлежните во иднина мора да се многу вниматлени по однос на ова прашање. „Најавените мерки кои што треба да водат до фисклана дисцилина иако се закасенти сепак одат во насока на стабилизација на стапка на инфлација. Тоа значи дека во иднина треба да имаме мерливи и јасни критериуми како ќе се усогласуваат платите и пензиите, дали се тоа индикатори кои значат да тоа биде усогласување со стапката на инфлација, растот на економијата се дел од потенцијалните индикатори меѓтуота исто така во делот на платите може да одиме и поригидно односно да ги врземе со порастот на продуктивноста се со цел вкупниот пораст на овие компоненети да биде во линија со економскиот раст и вкупната економска логика... “ - Благица Петрески – Фајненс тинк. Иако се уште мерките се само најава без конкретни детали за тоа како ќе се делува, Петрески оценува дека ќе треба да помине одреден временски период за да се почувствуваат ефектите од истите. „Се уште не знаеме каква форма на мерки ќе бидат само се најавени, треба да делуваат на два начини. Првиот начин е каде што ќе влијаат врз инфлаторните очекувања, каде што ако вие знаете дека оваа форма на плати, пензии се усогласуваат врз основа на јасни критериуми јасни се очекувањата во кој мера истите ќе бидат усогласени, а од друга страна ќе влијаат на вкупниот притисок на побарувачката, особено кај оние компонеенти кад ешто во јули месец забележавме дека има драстичен скок на цените....“ Благица Петрески – Фајненс тинк. Долгорочни мерки за справување со инфлацијата најавија од Владата пред два дена, посочувајќи дека се прави детална анализа. Се поизвесно е дека мерки како досегашните со органичување на маржите или цените не се во игра, бидејќи праксата покажала дека ефекетите од ваквите мерки, како што посочија од владата се прелевале во наредните месеци а потоа цените се балансирале. Тагови: цените Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаИранската валута падна на рекордно ниско ниво- за еден долар се потребни над 2 милиона ријали Иранската валута денеска падна на рекордно ниско ниво, при што еден американски долар се продаваше за повеќе од два милиони ријали на слободниот пазар, според веб-страниците што ги следат девизните курсеви.Курсот на слободниот пазар се разликува од официјалниот курс, кој моментално го става ријалот на околу 29 проценти повисок од доларот, објави Ројтерс. Падот на валутата доаѓа во време кога САД подготвуваат нов пакет санкции против Техеран, додека иранската економија се соочува со растечки проблеми. Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, се обиде да ја смири економијата, велејќи дека банката има доволно девизи за трговските потреби. Тој најави дека на индустрискиот сектор ќе му бидат обезбедени 20 милијарди долари девизи до крајот на годината. Хеммати, исто така, гарантираше дека ќе бидат обезбедени девизите потребни за увоз на основни производи и лекови. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува економијата на Иран да се намали за повеќе од пет проценти оваа година, додека инфлацијата на храната наводно надминала 100 проценти, а невработеноста во исто време се зголемува.Тагови: валута долар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаКина организира спортски игри за хуманодни роботи- еден го собори рекордот на Усеин Болт Кинески хуманоиден робот истрча 100 метри за само 9,39 секунди, побрзо од светскиот рекорд на Усеин Болт од 9,58 секунди. Импресивното време беше постигнато во квалификациската трка на Светските игри за хуманоидни роботи што се одржаа во Пекинг. Тиангонг Ултра, развиен од Пекиншкиот иновативен центар за хуманоидни роботи, ја освои својата квалификациска група на отворањето на второто издание на натпреварувањето. Го престигна натпреварувачот пред самата цел Иако првично заостануваше, Тиангонг Ултра го престигна Лајтнинг, робот поврзан со кинескиот производител на паметни телефони Хонор, на целта. Лајтнинг ја заврши трката за 9,47 секунди, што е исто така побрзо од 9,58 секунди што Болт ги истрча во 2009 година на Светското првенство во Берлин. Роботите, сепак, имаа малку повеќе проблеми со запирањето по спринтот. Откако ја поминаа целта, тие продолжија да се движат кон заштитните душеци. Тиангонг ја изгуби рамнотежата и се лизна кон работ на патеката, принудувајќи ги гледачите да избегнуваат, додека Лајтнинг беше изнесен од патеката откако падна. Огромен напредок за само една година Резултатот е особено интересен во споредба со минатогодишното натпреварување. На првото издание на Ултра игрите Тиангонг, тој победи на трката на 100 метри со време од 21,50 секунди. За само една година, времето е преполовено повеќе од преполовено. Истиот робот го освои првиот светски полумаратон за хуманоидни роботи во Пекинг минатата година. Кинеските државни медиуми објавија дека Лајтнинг истрчал 100 метри за 9,32 секунди за време на прелиминарното тестирање претходно во саботата и достигнал максимална брзина од 14,5 метри во секунда. Лајтнинг, исто така, го освои полумаратонот за хуманоидни роботи оваа година со време од 50 минути и 26 секунди. За овогодинешното натпреварување, истражувачите ги продолжија неговите нозе за десет сантиметри, од 95 сантиметри на 1,05 метри. Роботите боксуваат, играат фудбал и пинг-понг Спринтот е само еден дел од многу поголем настан. Второто издание на Светските игри на хуманоидни роботи трае пет дена, а роботите се натпреваруваат во бројни спортски дисциплини. Публиката може да гледа роботски бокс, фудбал, скок во височина, пинг-понг, боречки вештини, гимнастика, кревање тегови и танцување. Веќе на почетокот на натпреварот, се случија неколку сцени кои привлекоа внимание на социјалните мрежи. Еден робот ја изведе препознатливата прослава на Кристијано Роналдо на фудбалскиот терен со неговото познато „Сиууу“, додека на церемонијата на отворањето роботите учествуваа во синхронизиран марш. Иако сè може да изгледа како забава за публиката, спортските дисциплини им овозможуваат на производителите да тестираат способности кои се важни и за практичната примена на роботите - од брзина и рамнотежа до координација и способност за реагирање на промените во околината. Тие исто така мора да работат и работи од реалниот живот Овогодинешните Игри не се само за спорт. Од вкупно 51 дисциплина, 21 од нив се однесуваат на сценарија од реалниот живот. Роботите мора да извршуваат задачи поврзани со индустријата, домаќинството, трговијата, канцелариите, хотелите и спасувањето, меѓу другото. Некои од задачите што изгледаат едноставни за човекот претставуваат сериозен предизвик за роботите. На пример, тие мора да ракуваат со алатки, да поврзуваат кабли и да полнат електрични автомобили. Ваквите задачи покажуваат колку хуманоидните роботи напреднале, но и колку простор има за развој. Кина инвестира многу во хуманоидни роботи Кина ја смета хуманоидната роботика за една од своите стратешки важни индустрии и очекува дека напредокот во вештачката интелигенција и хардверот ќе ја забрза примената на ваквите машини во производството, логистиката и секојдневниот живот. Интересот за оваа индустрија силно расте во последните години, а кинеските технолошки компании инвестираат големи суми во развој на роботи кои еден ден би можеле да извршуваат работни места за луѓето или да ги заменат во физички тешки и опасни задачи. Светските игри на хуманоидни роботи се одржуваат во Националниот овал за брзо лизгање во Пекинг, познат како Ледена лента. Овогодинешното издание собра повеќе од 2.000 роботи од стотици тимови од различни земји, што е значително зголемување во однос на првото издание на натпреварот. Ако ја погледнете трката од 100 метри, на некои настани прашањето повеќе не е дали роботите можат да ги стигнат луѓето, туку колку брзо можат да ги престигнат.Тагови: Усеин Болт хуманоидни роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
ЕвропаСрбинот Милош (40) отишол во војна протов Украина- сега ќе му се суди во Белград Вишото јавно обвинителство во Белград (ВЈТ) денес до Високиот суд достави обвинение против 40-годишен српски државјанин, осомничен за учество во руско-украинската војна како припадник на руски воени единици.Вишото јавно обвинителство во Белград (ВЈТ) денес до Високиот суд достави обвинение против 40-годишен српски државјанин, осомничен за учество во руско-украинската војна како припадник на руски воени единици, за што е пропишана затворска казна до пет години, пренесе Индекс. Според соопштението за медиумите објавено на веб-страницата на ВЈТ, постои основано сомнение дека Милош Н. учествувал во војната и вооружениот конфликт на територијата на Украина од септември 2024 до ноември 2025 година како припадник на воената формација на Руската Федерација, една од страните во конфликтот, иако не е државјанин на таа земја и не бил ангажиран во никаква официјална меѓународна мисија. Србинот е обвинет дека „патувал во Москва по сопствена иницијатива, каде што потпишал договор со претставници на Министерството за одбрана на Руската Федерација за месечен надомест, во кој се обврзал да биде дел од вооружените сили на Руската Федерација во следните 12 месеци“. Зеленски неодамна го посети Белград Според член 386а од Кривичниот законик на Србија, српски државјанин кој учествува во војна или вооружен конфликт во странска земја како член на воени или паравоени единици, а нема државјанство на таа земја или е член на официјална мисија на меѓународна организација чиј член е Србија, подлежи на затворска казна од шест месеци до пет години. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оствари својата прва официјална посета на Србија претходно овој месец. Тој се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, а по состанокот изјавија дека не разговарале за воена соработка. На неодамнешниот самит Украина-Југоисточна Европа, Вучиќ беше единствениот кој не ја потпиша заедничката декларација со која се осудува агресијата на Русија врз Украина. Србија вели дека го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и е потписник на сите претходни декларации на Обединетите нации од почетокот на војната, но одбива да се придружи на меѓународните санкции против Москва за нејзината инвазија на Украина, што Кремљ официјално ја нарекува „специјална воена операција“. Зеленски, исто така, во Белград изјави дека на Украина ѝ е потребна воена помош од светот и дека тој ја очекува, но оцени дека „некои земји имаат ограничувања во ова“.Тагови: Србинот украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15