Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
Шоу бизНајавена е новата сезона на „Сексот и градот“, се враќа еден од омилените ликови (ФОТО)Објавени се нови фотографии од сетот на серијата And Just Like That, продолжението на Сексот и градот.Втората сезона доаѓа кај фановите, а овие фотографии открија дека се враќа еден од омилените актери од оригиналната серија. Имено, HBO Max со фотографии го најави враќањето на Џон Корбет, актерот кој го отелотвори Ејдан, големата љубов на Кери. „Шш, не кажувајте никому“, пишува во описот на споделените фотографии. На фотографиите, Кери и Ејдан шетаат по улица и се држат за раце, што сугерира дека поранешната двојка повторно ја разгорела својата романса. View this post on Instagram A post shared by And Just Like That... (@justlikethatmax) Поминаа повеќе од десет години откако обожавателите на серијата ги видоа Ејдан и Кери заедно. Во 2010 година, Ејдан се појави во Сексот и градот 2, кога тој и Кери случајно се сретнаа во Абу Даби и се бакнаа. Првпат се појави во третата сезона од серијата, а нивната врска завршува кога Кери ќе му го скрши срцето. По раскинувањето со Кери, тој се ожени со колешката Кети и со неа доби три деца, а втората сезона ќе ја открие состојбата на нивниот брак и каква иднина го чека со Кери. Продуцентот на серијата Мајкл Патрик Кинг објасни зошто Ејдан не се појавил во првата сезона од серијата. „Чувствувавме дека сето тоа ќе биде премногу за Кери. Првата сезона беше предизвик и сакавме да се фокусираме на нејзиното закрепнување откако Фаца почина и да го следиме нејзиното патување кон светлината - затоа последната епизода од првата сезона симболично се нарекува „Гледање“. Ејдан сега многу ќе влијае на развојот на ситуацијата“, коментира тој. Инаку, пред неколку недели беше објавена фотографија од сетот на која се гледа како Кери ја носи нејзината венчаница на Вивиен Вествуд во која требаше да се омажи за Фаца во филмот од 2008 година. Таа фотографија го поттикна прашањето дали Кери повторно ќе се омажи и со кого. View this post on Instagram A post shared by And Just Like That... (@justlikethatmax) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСекој втор возрасен, а секој петти малолетник пуши, бројот постојано растеВо просек секој граѓанин кој пуши цигари во просек троши по 600 евра, скоро 50 % од возрасните граѓани во Македонија пушат цигари, загражувачки е што и деца на 14 годишна возраст користат производи со тутун.Во просек секој граѓанин кој пуши цигари во просек троши по 600 евра, скоро 50 % од возрасните граѓани во Македонија пушат цигари, загражувачки е што и деца на 14 годишна возраст користат производи со тутун и треба поголема контрола за проджба на производи со тутун и експонираноста на производите кои се многу блиски како избор во продажбата, објаснуваат од Аналитика тинк-тенк. Како еден од ефектите за откажување од цигари е цената на цигарите, за скоро 47% е оваа причина, и 36% проценти се откажале заради лекарски совет. Она што е важно е носење на законот за забрана за пушење, што е во комисика процедура скоро девет месеци. Постапката во Собранието трае поради разгледување амандмани и барање дополнителни мислења од домашни експерти, велат членови на комисијата. Шефот на канцеларијата на СЗО, Аким Али со став, цигарите од различни категории треба да се поскапат, за да станат недостапни за младите. „На младите луѓе не им треба да им се дозволи да пушат цигари и да користат тутунски производи. Кога ќе поминам покрај училиште и гледам како млади луѓе пушат, а пушат и нивните наставници, е многу загрижувачки за мене“, Аким Али Шеф на канцеларија на СЗО. Според истражувањата, за скоро 18 проценти цигарите станале подостапни во одност на просечната плата, бидејќи палтите растеле побрзо од цената на цигарите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ ја поднесе интерпелација за гувернерот Трајко СлавескиПратениците на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието ја поднесоа интерпелацијата за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески за Алта банка.Со интерпелацијата бараме да се утврди политичка одговорност за постапувањето на гувернерот Славески во скандалот со Алта банка. Интерпелацијата се однесува на постапката во која Славески и Народната банка дале претходна согласност Алта банка АД Белград да стекне квалификувано учество во тогашната Стопанска банка АД Битола. Бараме одговор кои проверки биле направени за инвеститорот, сопственичката структура и потеклото на капиталот, како биле проценети ризиците за депонентите и врз основа на што била дадена согласност за именување на Давор Мацура во Надзорниот одбор на банката во Битола. Славески треба да одговори и што разговарал со премиерот Христијан Мицкоски за влезот на Алта банка со неговите „консултации“. СДСМ очекува Собранието да расправа по интерпелацијата и да утврди политичка одговорност, а Јавното обвинителство да постапи по веќе поднесените кривични пријави за скандалот со Алта банка.Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредби на Гаши во Загреб: Соработка и европска перспективаГаши оствари средба со Претстедателот на Република Хрватска, г. Зоран Милановиќ.Во рамкте на официјалната посета на Република Хрватска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Африм Гаши, придружуван од претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Хрватска, Благица Ласовска, и членовите на Групата, Димитар Ковачевски, Каљтрина Беќири и Сали Мурати, остварија средба со Претстедателот на Република Хрватска, г. Зоран Милановиќ. На средбата, беше нагласено значењето на партнерските односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска, како и дека двете држави негуваат пријателски односи и споделуваат заеднички заложби за унапредување на билатералната соработка во повеќе области. Во однос на европската интеграција, претседателот Гаши ја потврди стратешката определба на Република Македонија за полноправно членство во Европската Унија а воедно посочи дека е и важно да се зачувува предвидливоста и кредибилитетот на процесот на проширување на Европската Унија, со доследна примена на принципот на строга, но правична условеност и вреднување на напредокот врз основа на постигнатите резултати и исполнувањето на Копенхашките критериуми. Во делот на регионалната соработка, беше истакната заедничката заложба за унапредувањето на регионалната соработка и добрососедските односи. Беше нагласена определбата отворените прашања да се решаваат преку дијалог и компромис, врз основа на заемно почитување имајќи ја предвид заедничката одговорност за стабилноста и напредокот на регионот. Програмата на официјалната посета предвидуваше и средба со министерката за регионален развој и фондови на Европската Унија на Република Хрватска, г-ѓа Наташа Микуш Жигман. На средбата претседателот Гаши информираше дека Република Македонија активно е вклучена во спроведувањето на Новиот план за раст за Западен Балкан, кој претставува значаен инструмент за забрзување на реформските процеси, поттикнување на економскиот развој и постепено приближување кон единствениот пазар на Европската Унија. Понатаму, беше изразен интерес за натамошно продлабочување на соработката со Република Хрватска и размена на искуства во областа на програмирањето, управувањето и користењето на фондовите на Европската Унија, особено во контекст на обврските и можностите што произлегуваат од процесот на пристапување. Воедно, беше нагласено значењето на хрватските искуства и добри практики во подготовката и спроведувањето на развојни проекти финансирани од ЕУ, со посебен акцент на јакнењето на административните капацитети како предуслов за поефикасно искористување на европските фондови.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook