Најатрактивната српска пејачка се разболе од голите нозе и скудната облека (ФОТО) - Канал 5

Најатрактивната српска пејачка се разболе од голите нозе и скудната облека (ФОТО)

Најатрактивната српска пејачка, Катарина Грујиќ ги смени своите животни навики од корен, откако 15 дена мораше во болница да се лекува поради разголените нозе и оскудната облека.

Најатрактивната српска пејачка се разболе од голите нозе и скудната облека (ФОТО)

„Голите нозе и оскудната гардероба на минус 20 ми го зедоа здравјето. После сè што ми се случи, решив дека повеќе нема да правам такви работи. Не можам да кажам дека ќе носам долна облека во иднина, или чорапи кога сум во сандали, но ќе одам на бина директно од автомобилот и по настапот ќе одам дома да спијам.Нема веќе да одам боса, да излегувам, да останам до наутро ... сигурно тоа веќе нема да си го дозволам “, изјави пејачката за Ало, со надеж дека и другите пејачки ќе ја следат.

Nightout in #mykonos 🎀🇬🇷

A post shared by Katarina Grujić (@katarinagrujic.doll) on

"Добивав терапија четири пати на ден и тоа многу силни антибиотици. Овие терапии се многу тешки, па јадев и спиев лошо. Иако го имате целото време на овој свет да размислите, вие размислувате само за вашето здравје и се молите да се подобри “, заклучи таа.

#aboutlastnight 💎 @ria.couture

A post shared by Katarina Grujić (@katarinagrujic.doll) on

Катарина заврши во болница кон средината на август по нападот на страшна болка. Лекарите заклучиле дека станува збор за тешко воспаление на бубрезите, па таа морала да помине 15 дена во болница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прекината епидемијата во Гостивар - нема нови случаи поврзани со водата

Крај на епидемиолошката состојба во Гостивар – по скоро месец од почетокот на кризата, повеќе нема пријавени случаи на стомачни заболувања поврзани со пиење на вода од чешмите, меѓутоа здравствената состојба продолжува да се следи.

Прекината епидемијата во Гостивар - нема нови случаи поврзани со водата

Крај на епидемиолошката состојба во Гостивар – по скоро месец од почетокот на кризата, повеќе нема пријавени случаи на стомачни заболувања поврзани со пиење на вода од чешмите, меѓутоа здравствената состојба продолжува да се следи, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски. Тој дополни дека засега не се пријавени ни случаи на Хепатит, за кои се стравуваше дека може да се појават на опашката на епидемијата.

-Денеска Центарот за јавно здравје Тетово одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар. Спрема нивните епидемиолошки податоци, нема веќе случаи на гастроентеритис или ентероколитис или стомачни проблеми поврзани со водата за пиење. / Хепатит не е забележан случај во Гостивар, ние сме во секојдневна комуникација со сите здравствени власти во следење на состојбата бидејќи таа не е статична,- - Сашо Клековски, министер за здравство.

Од Кризниот штаб за Гостивар велат дека согласно последните податоци од Центарот за јавно здравје Тетово, водата е исправна за пиење.

Од опозициската СДСМ и денеска побараа објавување на целосен извештај за како што велат, сите лабораториски анализи од сите институции што вршеле испитувања.

-Каде е целиот извештај за водата во Гостивар? Клековски објави само четвртина. Делче само. За останатото, граѓаните ги упати кај ЦУК, кај АХВ и кај „Комуналец“. Ако сакате да знаете што сте пиеле – шетајте од институција до институција и соберете си го досието сами. – СДСМ.

Постои сомнеж дека водата во Гостивар била неисправна за пиење и во време кога Венко Филипче бил министер за здравство – велат од ВМРО ДПМНЕ и го повикаа Јавното обвинителство да ги истражи овие наводи.

-Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење. -ВМРО ДПМНЕ.

Откако минстерот Клекоски ги повика Гостиварски Водовод и општина Гостивар да го објават официјалниот извештај од мерењата, оттаму се уште нема одговор, а подетален извештај засега не е објавен ниту од Агенцијата за храна и ветеринарство кои пред една недела ја прогласија гостиварската вода безбедна за пиење на основа на резултати добиени од ИЈЗ и ЈП Водовод и канализација – Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски и Филипче со спротивни ставови за затворањето на предметот со модуларните болници

За Мицкоски скандлозна, за Филипче потврда дека како министер работел законски – двајцата лидери со дијаметрално спротивни ставови ја коментираа вчерашната одлука на Обвинителството за затворање на предметот за набавката на модуларните.

Мицкоски и Филипче со спротивни ставови за затворањето на предметот со модуларните болници

За Мицкоски скандлозна, за Филипче потврда дека како министер работел законски – двајцата лидери со дијаметрално спротивни ставови ја коментираа вчерашната одлука на Обвинителството за затворање на предметот за набавката на модуларните ковид болници, откако утрвдиле дека нема злоупотреба на службената должност и нема штета на буџетот...

Лидерто на СДСМ, побара и извинување од прмеиерот Мицкоски, за, како што рече, петгодишната кампања за ширење на ланижни вести за пожарот во Тетово..

-Јасно кажа, обвинителството нема злоупотреба на службената должност, нема штета на буџетот и тоа го отсликува целокупното мое работење секаде, дали на клиника во интерес на пациентите некорумпирано, така и во рамките на другите функции кои што сум ги имал, се во интерес на граѓаните без никаква штета по никого. Затоа сега барам организираната криминална група ВМРО да се извини. Не мене да ми се извини, да се извини криминалната група и Христијан Мицкоски да се извини на семејствата на загинатите. Затоа што пет години си поигруваат со нивните чувства, со нивните емоции и со нивната жал,- изјави – Венко Филипче – Претседател на СДСМ.

Но, премиерот Мицкоски смета дека одлуката на ОЈО ГОК отвора дополнителни прашања, особено затоа што предметот е затворен по пет години, а е поврзан со модуларните болници во време на ковид-кризата. Мицкоски вели дека не станува збор за политичка амнестија и дека предметот повторно може да се отвори доколку се појават нови докази.

-Сакам јавноста да знае дека ова не е политичка амнестија на тој обвинител кон поранешните негови наредбодавци бидејќи секогаш може да се појават нови детали поврзани со овој процес и секогаш овој процес може повторно да стане актуелен и пред јавноста практично да се покрене од самиот почеток. Многупати сум ги коментирал тие одлуки во рамки на нашиот правосуден систем, за жал една од тие скандалозни одлуки е и оваа,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Предистрагата за набавката на 19 модуларни болници беше отворена во 2021 година, и по речеси пет години вчера беше затворена. За разлика од предметот за набавката на модуларните болници, во одделниот судски процес за пожарот во Тетово има осудителна пресуда.

Апелацискиот суд во Гостивар во ноември 2025 година ги зголеми казните за поранешните директори Флорин Бесими и Артан Етеми – од по една и пол година на по три години затвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест активни пожари низ државата,најсериозен пожарот кај Липковско кој повторно се разгоре

На едно место се гасне и става под контрола, на друго место избива нова стихија  – жешкото време и засилениот ветер остануваат најголем, непријател на пожарникарите. 

Шест активни пожари низ државата,најсериозен пожарот кај Липковско кој повторно се разгоре

На едно место се гасне и локализира, на друго место избива нова стихија – жешкото време и засилениот ветер остануваат најголем непријател на пожарникарите. Главен предизвик во моментов е пожарот кој се разгоре во Липковско, во близина на С. Матејче со кој од утринава се води битка и од земја и од воздух.

Таму попладнево се упатија три „пинцгауери“ и еден „БТР“ возила со полициска придружба..

А, од утрината активирани се и трите ер-трактори. Директорот на ДЗС – Ангелов вели дека огнот се шири кон населените места, но дека ја држат состојбата под контрола.

-Веднаш го нападнавме со трите ер-трактори, во почетна фаза, трите ер-трактори во 9 налети истурија по 9 тона вода, значи 81 тон вода истурени на местото каде што настана овој пожар, се прошири, излезе од контрола, се движи во насока на манастирот над С. Матејче и во насока на С. Матејче, постои денес можност да ги загрози блиските села, но и таму ќе концентрираме доволно луѓе, доволно опрема за одбрана на селата, со тоа што овие села се полни со луѓе и нивната одбрана вообичаена е полесна затоа што немаме толку висока вегетација во самите села,- -Стојанче Ангелов – Директор на ЦЗС .

И натаму гори во мариовскиот регион. Пожарникарите таму поминаа уште една тешка ноќ, освен со вода, на огнот му се спротивставуваа и со оган, односно контролиран контра-пожар.

А, по неколкудневните деноноќни битки, утрината, додека чекаа да им се исушат униформата и чизмите на сонце, исцрпените пожарникари седнаа во манастирот Св. Ѓорѓи кај С. Дуње Мариовско на домашна супа која сами ја зготвиле.

Прашан дали соодветно се справува државата со пожарите – премиерот Мицкоски посочи дека во изминативе две години воспоставен е соодветен систем, зголемена е механизацијата, активирани се сезонски пожарникари, а трите авиони се на располагање и не се сервисираат како во минатото во време на пожари.

-Можам да заклучам дека, ако оваа година се спореди со она што се случуваше во Европа, ќе потенцирам, пожарите кои беа во Франција, Шпанија, во соседна Грција, Хрватска, Црна Гора, во соседна Србија ова што последно се случува, ценам како држава дека ние се справивме најдобро до сега,- - Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Во измнативе денови активни се и хеликоптерите, па од МВР испратија апел до операторите на дронови да се воздржат, па наместо да ги управуваат леталата во близина на хеликоптерите и да ги снимаат, истите да ги приземјат за да не се загрози екипажот.

-Особено нагласуваме дека присуството на дрон во зоната во која дејствува хеликоптер претставува сериозна опасност за безбедноста на летот. Судир на дрон со хеликоптер може да предизвика сериозно оштетување, губење на контролата над воздухопловот и директно загрозување на животот на екипажот, како и на лицата и имотот на земја,- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Пожарот кај Македонски Брод и по неколку дена продолжува да им создава главоболки на пожарникарите, а активен е и оној кај Студеничани. Активирано е жариштето во околината на Крушево, а изби ново и кај Кичево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер