Наградуваната „Уна“ на Звездара театар со изведби на 7 и 9 септември во МНТ - Канал 5

Наградуваната „Уна“ на Звездара театар со изведби на 7 и 9 септември во МНТ

Поради исклучителниот интерес од публиката, наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград ќе има изведби на 7 и 9 септември во Македонскиот народен театар.

Наградуваната „Уна“ на Звездара театар со изведби на 7 и 9 септември во МНТ

Билетите за двете изведби се достапни онлајн преку веб-страницата на МНТ, како и на билетарницата, која работи секој работен ден од 13.00 до 20.00 часот.

„Уна“ доаѓа во Скопје како едно од впечатливите регионални театарски остварувања, во режија на Дејан Пројковски, еден од најзначајните македонски режисери, со Никола Ристановски во главната улога.

Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, претставата отвора интимен и длабоко емотивен простор во кој се преплетуваат љубовта, сеќавањата, минливоста и изборите кои го определуваат човековиот живот.

Во улогата на професорот Мишел Бабиќ настапува Никола Ристановски, чие маестрално актерско остварување во „Уна“ наиде на исклучителен прием кај публиката и критиката, потврдено со значајни фестивалски признанија. Покрај него, во претставата играат Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо.

Со својата препознатлива режисерска естетика, Дејан Пројковски ја обликува „Уна“ како интимна и визуелно впечатлива театарска приказна, во која личното станува универзално, а односот меѓу човекот, слободата и љубовта добива ново значење.

Вредноста на претставата е потврдена и со низа значајни фестивалски признанија.

Никола Ристановски е добитник на наградата „Зоранов брк“ за најдобро актерско остварување на фестивалот „Денови на Зоран Радмиловиќ“ во Заечар, како и на признанијата за најдобар актер на Актерските свечености „Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац и фестивалот „Театар фест Петар Кочиќ“ во Бања Лука.

Претставата ја освои наградата од публиката на „Денови на Зоран Радмиловиќ“, а на Фестивалот „Театар во еден чин“ во Младеновац ги освои наградите за најдобра претстава и награда од публиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Струмица одземени речиси 1,1 милион евра, пари стекнати на нелегален начин

За парите тие немале потекло, па против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за даночно затајување и перење пари.

Во Струмица одземени речиси 1,1 милион евра, пари стекнати на нелегален начин

Полицијата од една фирма и две физички лица од Струмица одзела речиси 1,1 милион евра, од кои во готовина речиси 600.000 евра, а другите се внесени на трансакциска сметка, објавија денеска на заедничка прес-конференција директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, претставници на СВР Струмица, УЈП, Финансиската полиција и Јавното обвинителство.

За парите тие немале потекло, па против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за даночно затајување и перење пари.

Надлежните институции проверуваат како и на кој начин биле стекнати средствата, како и евентуалната поврзаност со кривичните дела за кои се води постапката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Западен нил“ попушта, но тројцата пациенти кои се на респиратот се во критична состојба

Епидемиолошката крива на западно-нилската треска почнува да опаѓа, но Скопје останува епицентарот на вирусот со општините каде што е прогласена епидемија, а досега има евидентирано само два случаи во внатрешноста - Куманово и Велес.

„Западен нил“ попушта, но тројцата пациенти кои се на респиратот се во критична состојба

Според официјалните податоци од Инфективната клиника, поради воспаление на мозокот предизвикан од вирусот „западен нил“ сега се хоспитализирани 9 пациенти, 8 се потврдени на вирусот, а од нив тројца се во критична состојба и се приклучени на апарати за дишење. Како оздравени се водат 40 случаи.

Од регистрираните случаи, 44 или околу 79% се машки, а 12 или 21 отсто се жени.

Според епидемиолошките податоци, најинтензивен период на појава на симптомите бил август што се смета за досегашен пик бидејќи дури 36 случаи, односно 64 проценти од вкупниот број се регистрирани тогаш. Во јули имало 17 случаи, два во јуни и еден во мај.

Дека вирусот циркулира и понатаму потврдуваат и од Агенцијата за храна и ветеринарство бидејќи по угинатиот гавран во Ресен, и кај уште два гаврани кои биле подигнати во Карпош 2 кај Драмски театар, и во Карпош 4 е детектирана западно нилска треска.

-Досега се добиени три позитивни лабораториски резултати. Присуството на вирусот е потврдено кај уште два угинати гаврани пронајдени на подрачјето на Скопје. Со досегашното следење на западнонилската треска е потврдена циркулација на вирусот кај птиците на територијата на град Скопје и нема потреба од понатамошно лабораториско испитување на поединечни случаи на угинати птици.- Агенција за храна и ветеринарство

Во Карпош досега нема евидентирано случаи со тешка форма на болеста, а според според интерактивната мапа на Министерството за здравство најголемата концентрација на потврдени случаи останува во општините каде е прогласена епидемија. Кисела вода, поточно Драчево останува на врвот по бројот на потврдени случаи 11, Бутел – 6, Гази баба - 5 потврдени, Аеродром – 4, а случаи има и во Чаир и Центар, како и во повеќе општини во скопската околина.

Инаку, според анализите на Институтот за јавно здравје најпогодени се повозрасните граѓани – 45 од заболените, односно 80,4 проценти, се на возраст над 60 години. Сите починати пациенти се мажи од Скопје, со просечна возраст околу 70 години, само кај еден од нив не се потврдени други хронични состојби, односно коморбидитети.

Според податоците од Институтот за јавно здравје досега 56 те потврдени случаи се бројка што е поголема од вкупниот број на евидентирани случаи во Македонија во последните 15 години. Во последната недела, според извештајот на ИЈЗ има шест нови случаи, а вирусот зеде 7 жртви со што смртноста кај тешката форма на болеста е околу 12 проценти.

Додека здравствените власти велат дека се преземаат сите активности со цел да се намали ризикот од пренос особено покрај потенцијалните жаришта како што се канали со застоена вода со прскања од копно, опозициската СДСМ бара одговорност за институционалните пропусти, и како што велат оттаму задоцнетата реакција што чини животи. Левица пак освен за ненавременото постапување, обвини и за неажурност од страна на Инстутутот и криење на извештаите за статистички податоци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска: Од денеска и Македонија е дел од вертикалниот гасен коридор

Македонија и официјално се приклучи кон вертикалниот гасен коридор.

Божиновска: Од денеска и Македонија е дел од вертикалниот гасен коридор

Откако министерката за енергетика Божиновска денеска во Солун потпиша меморандум за соработка. Со приклучувањето кон овој коридор, како што нагласи Божиновска, земјата треба да обезбеди дополнителна енергетска стабилност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер