Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)
2Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)
Шоу бизНагради по избор на критичарите 2026: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филмФилмот „Една битка по друга“ (One Battle after Another) со Леонардо ди Каприо и Шон Пен, е големиот победник на 31. доделување Наградите по избор на критичарите (Critics Choice Awards 2026). Остварувањето ја освои Наградата за најдобар филм, а Пол Томас Андерсон е награден како најдобар режисер. Сепак, најмногу признанија - вкупно по четири им припаднаа на филмовите „Грешници“ (The Sinners) и „Франкенштајн“. „Грешници“ триумфираше во новата категорија за најдобар кастинг и филмска екипа, а ги зеде и наградите за најдобар млад актер, оригинално сценарио и музика. А пак, „Франкенштајн“ ги освои одличјата за најдобра споредна машка улога (Џејкоб Елорди), најдобар продукциски дизајн, најдобар костим и најдобра фризура и шминка. Во главните категории за глума, победија Тимоти Шаламе за неговата улога во филмот „Марти Величествениот“, и Џеси Бакли за „Хамнет“. Најдобра женска споредна улога одглуми Ејми Мадиган во „Исчезнатите“ (Weapons). Песната „Golden“ од филмот на Нетфликс „Кеј-поп ловци на демони“ (KPop Demon Hunters) е прогласена за најдобра песна, а филмот ја освои и Наградата за најдобар анимиран филм. Во телевизиските категории доминираше „Адолесценција“ (Adolescence) - за најдобра мини-серија со три награди за глума, потоа - ТВ-серијата „Интензивна нега: Питсбург“ (The Pitt) за најдобра драмска серија и „Студио“ (The Studio) за најдобра комедија. Наградата за најдобро ток-шоу ѝ припадна на „Емисијата на Џими Кимел“. Доделувањето, што се одржа во салата „Баркер“ во Санта Моника, Калигфорнија, САД, го водеше Челси Хендлер, и тоа четврта година по ред. Оваа година беа воведени четири нови категории - најдобар кастинг и филмска екипа, најдобра забавна програма, дизајн на каскадерски сцени и звук. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
ФудбалРодри официјално го потпиша договорот со БарселонаНајдобриот фудбалер од последниот Мундијал, капитенот на новиот свтески првак Шпанија, Родри официјално го потпиша договорот со шпанскиот шампион– Барселона го „врза“ до 2030 година. Барселона доби огромно засилување во средниот ред, она што се најавуваше со денови, сега стана реалност – Родри е новиот фудбалер на каталонскиот клуб. Барселона и Манчестер Сити постигнаа договор за трансфер на шпанскиот репрезентативец, кој потпиша договор со клубот од „Камп Ноу“ до 30 јуни 2030 година. Доаѓањето на еден од најдобрите играчи за врска во светот претставува голем потег за Барселона, која доби играч способен да донесе стабилност, контрола и искуство на најважните натпревари. Родри фудбалски созреа во младинскиот погон на Атлетико Мадрид, но се афирмираше во Виљареал, од каде што во 2018 година се врати во Атлетико. Само една година подоцна, тој премина во Манчестер Сити, каде што под водство на Пеп Гвардиола прерасна во еден од најдобрите фудбалери во светот. Со Сити освои бројни трофеи, вклучувајќи неколку титули во Премиер-лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите во 2023 година, кога Родри го постигна единствениот гол во финалето против Интер и му го донесе првиот европски трофеј на англискиот клуб. The master of space and time touches down in Barcelona ⏱️ pic.twitter.com/BESJxrGg3w — FC Barcelona (@FCBarcelona) August 18, 2026 Со шпанската репрезентација го освои Европското првенство во 2024 година, по што ја доби и „Златната топка“, а оваа година триумфираше и на Светското првенство.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
КултураУнгарска вечер на „Охридско лето“ со младите и талентирани уметници Ноеми Салаи и Александра БалогПрекрасен концерт за кларинет и пијано се одржа вчеравечер во рамки на Унгарската вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се организира со поддршка од Амбасадата на Унгарија во Скопје. Во црквата „Света Софија“ настапија младите унгарски уметници со плодни меѓународни кариери, кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог. Александра Балог се вбројува помеѓу највозбудливите пијанисти на нејзината генерација. Таа е добитничка на стипендијата „Фулбрајт“, наградена е со наградата „Прима“ во 2023 година, што е најпрестижна награда за младите уметници во Унгарија и во 2024 година е вброена на листата „Најдобри 30 под 30 години“ од страна на „Форбс“ – Унгарија. Исто така е победничка на Меѓународниот натпревар за пијанисти „Бела Барток“ во Грац во 2017 година. -Да се настапи во оваа црква со воодушевувачка историја и неверојатна акустика е навистина фасцинантно. Ноќта ја започнавме со две дела од Роберт Шуман кои се познати за кларинет а исто така и за друг инструмент, во случајов пијано. Потоа свиревме унгарска музика. Мојата колешка Ноеми живее во Њујорк, а јас повремено таму, повремено во Европа, така што кога сум во Њујорк настапуваме многу често заедно, изјави младата пијанистка Балог која оваа концертна сезона настапува во Салата „Корто“ во Париз, Палатата на убави уметности во Мексико Сити, како и во Будимпешта, Лондон, Токио, Сингапур, Пекинг и во Шангај. Александра Балог дипломира на Кралската музичка академија во Лондон во класата на Иан Фоунтаин (2019), ја поминала тригодишната уметничка програма на Унгарската академија за уметности и се стекнала со уметничка диплома од Универзитетот во Грац во класата на Маркус Шример (2023). Како Фулбрајтова стипендистка, во моментов студира на Музичкиот конзерваториум на Колеџот „Бард“ во класата на Риеко Аизава. Кларинетистката Ноеми Салаи е родена во Унгарија. Започнува да учи музика на осумгодишна возраст, а кларинет свири од нејзината десетта година. Дипломира на колеџот „Бард“ во САД, а потоа магистрира на „Џулијард“ во Њујорк. Таа е единствена кларинетистка која во периодот 2018-2020 е избрана да биде дел од престижната програма „Ансамбл конект“ која ја организира „Карнеги Хол“. Учесничка на повеќе фестивали во Унгарија и во САД и соработува со познати уметници како Чарлс Најдих, Франк Морели и Питер Франкл. Како победничка на натпреварот „Призма“ во 2018 година во Канада, таа добива можност да настапува со Московскиот симфониски оркестар во Русија. Како оркестарски музичар настапува со престижниот Унгарски фестивалски оркестар под диригентство на Иван Фишер на нивната турнеја во Единбург, во Будимпешта и во Њујорк. Соработува со камерниот оркестар „Орфеус“, со Симфонискиот оркестар на Бингхамптон, со ансамблите на „Џулијард“, со Симфонискиот оркестар на Принстон, како и со ансамблот за современа музика „Аксиом“. Свири и во Светскиот оркестар кој го носи името на Золтан Кодај под диригентската палка на Тамаш Васари.Во 2019 година таа е добитничка на златен медаљ на Интернационалниот натпревар на Менхетен во Њујорк, а е носителка на признанија и награди од натпреварите во Унгарија, Италија, Словенија, Босна и Херцеговина, Канада и САД.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран ја губи контролата во Ормускиот ТеснецКонтролата врз Ормускиот теснец стана клучно прашање во конфликтот со Иран. Во последните месеци, и Иран и САД изнесуваа тврдења за доминација, создавајќи неизвесност. Сега доказите стануваат појасни: САД, чија морнарица патролира низ теснецот, ја зацврстуваат својата позиција, додека Иран губи значителен дел од контролата врз оваа витална поморска рута, пренесува Си-Ен-Ен (CNN). Според податоците на „Кплер“ (Kpler), компанија што ги следи пловилата преку транспондери и сателити, повеќе од 80 проценти од преминот низ Ормускиот теснец во изминатите две недели се одвивал по рутата кај Оман. Станува збор за бродска рута одобрена од ОН, на која Иран силно се противи. Иран инсистира на контрола врз теснецот и има нападнато десетици пловила што се обиделе да поминат покрај северниот брег на Оман. И покрај овој ризик, повеќето бродови во последно време ги игнорираат барањата на Иран и минуваат низ теснецот под ветената заштита на американската морнарица. „Сè укажува на тоа дека Иран ја изгубил контролата врз теснецот, барем делумно“, изјави Хомајун Фалакшахи, виш аналитичар за сурова нафта во „Кплер“. Ова претставува целосен пресврт во однос на ситуацијата пред еден месец, кога „Kpler“ не забележа речиси никаков сообраќај по оманската рута. Остриот пад на сообраќајот на рутата што ја претпочита Иран го спречи Техеран да наплаќа транзитни такси – нешто што се обидуваше да го направи во текот на пролетта. Иако Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран истече оваа недела – што теоретски би му овозможило на Техеран повторно да започне со наплата на такси – податоците на „Kpler“ покажуваат дека тие не успеваат во тоа. „Повеќето актери од Блискиот Исток ниту се согласуваат, ниту го спроведуваат барањето на Иран за транзитни такси. Токму затоа оманската рута е најлогичното решение“, изјави Ден Пикеринг, основач и главен директор за инвестиции во „Pickering Energy Partners“. Кувајт, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ангажираат супертанкери (VLCC) за транспорт на нафта од Персискиот Залив низ Ормускиот Теснец. Потоа, тие ја префрлаат нафтата на танкери на купувачите надвор од опасната зона, во Оманскиот Залив, според зборовите на Енди Липоу, претседател на „Lipow Oil Associates“.Тагови: Иран Ормутскиот теснец САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter