Награда за Дарја Ризова на 57. МЕСС за улогата во „Електра“ - Канал 5

Награда за Дарја Ризова на 57. МЕСС за улогата во „Електра“

Дарја Ризова ја доби наградата „Рејхан Демирџиќ“ за најдобра млада актерка на 57-то издание на театарскиот фестивал МЕСС во Сараево кој заврши вчеравечер со доделување на наградите. Ризова е наградена за улогата во претставата „Електра“ во режија на Андриј Жолдак.

Награда за Дарја Ризова на 57. МЕСС за улогата во „Електра“
Како што соопшти Македонскиот народен театар, одлуката била едногласна, а претседателот на жирито, хрватскиот театролог Дарко Лукиќ, истакнал дека иако се работи за млада актерка, таа ги уверила со зрелоста преку начинот на кој ја реализирала особено сложената улога во рамки на режисерските барања.

- Актерката имаше многу голема енергија и присутност на сцената, и доста долг период беше постојано присутна пред публиката. Во еден релативно монохроматски режисерски регистер, токму нејзината улога донесе многу суптилност, боја и нијанси, и поради тоа наградата за најдобра млада актерка се доделува на Дарја Ризова, образложил Лукиќ.

Во конкуренција за наградите беа продукции од 12 земји: Белгија, Полска, Италија, Аргентина, Босна и Херцеговина, Шпанија, Хрватска, Србија, Франција, Бугарија, Швајцарија и Црна Гора, потпишани од светски лауреати, како: Паоло Маџели, Арпад Шилинг, Давид Еспиноса и Мило Рау.

Жирито во кое покрај Лукиќ беа и театарскиот теоретичар Пиетро Валенти и режисерот, драмски писател и актер Мигуел Ојарзун, одлучи Гран-при „Златен ловоров венец“ за најдобра претстава во целина да ја додели на претставата „Пет лесни парчиња“ од Белгија/Швајцарија, „Златен ловоров венец“ за најдобар режисер доби режисерот на таа претстава - Мило Рау, а „Златен ловоров венец“ за најдобро актерско остварување и е доделен на Силвија Калдерони за улогата во претставата „MDLSX“.

Жирито додели и две специјални награди за претставите: „Ноќен живот“ на авторот Паоло Маџели и „Еден гест“ на полскиот режисер Војтек Зимилски.

Беа доделени и наградите на малиот МЕСС од гласовите на децата – за претставата „Мала наука за животните“, од Дирекцијата на МЕСС - наградата „Марко Ковачевиќ“ за театарска критика, публицистика и театрологија на Дарко Лукиќ и наградата за придонес - на инклузивниот театар „ПокоЛоко“ од Загреб.

Следната изведба на „Електра“ на матичната сцена е на 26 октомври во 20 часот.

- Покрај тоа што за оваа изведба влезот за студентите е слободен, дирекцијата на МНТ одлучи во чест на наградата да им овозможи на сите гледачи слободен влез. Публиката може да ги подигне билетите на билетарницата на МНТ, на денот на претставата од 14 до 19 часот, соопшти МНТ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. 

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

САД се залагаат за дипломатско решение на војната меѓу Украина и Русија, но без дијалог со Москва шансите за мирно решение се многу мали, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф по средбата со украинскиот претседател Зеленски во Киев.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со Зеленски и Трамп. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека клучните прашања, вклучително и територијалните, можат да бидат решени само на состанок на највисоко политичко ниво. Виткоф заедно со другиот специјален пратеник кушнер претходно беа на средби со Путин во Москва, но не беше постигнат опиплив напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер