Заврши ерата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху кој по 12 години нема повеќе да биде на оваа позиција.
За време на говорот во израелскиот Кнесет, Бенет беше исвиркуван и прекинуван од страна на опозиционите пратеници кои викаа гласно и тропаа по масите.
Бенет најави отворање на ново поглавје во односите со арапските граѓани на Израел.
„Ние ги разбираме тешкотиите и потребите на арапската јавност“, рече тој, најавувајќи подобрувања во образованието, безбедноста и условите за домување. Израелските Арапи, сочинуваат 20 проценти од населението во земјата.
Поранешниот соработник, а сега ривал на Нетанјаху, Бенет призна дека токму Нетанјаху го отворил патот за соработка со партијата на израелските арапи, која сега е дел од владејачката коалиција, за прв пат во историјата на еврејската држава.