3Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
ТенисНадал застана во одбрана на исвирканиот Ѓоковиќ (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ беше исвиркан од публиката , откако во осмина финалето на УС Опен , по загубените два сета , му го предаде мечот без борба на Стен Вавринка.Американската публика сметаше дека Ѓоковиќ глуми повреда и се откажа, бидејќи е немоќен против Швајцарецот. Во одбрана на најдобриот светски тенисер,денеска застана Рафа Надал, неговиот најголем ривал. "Новак не заслужува такво однесување од публиката. Тој е одличен спортист и ако се предаде, значи дека не можел веќе да игра ", изјави Надал. After retiring against Stan Wawrinka Novak Djokovic is booed by tennis fans in New York at Arthur Ashe Stadium. Harsh. #USOpen pic.twitter.com/kakrRWm2Q7 — Omar Moore (@thepopcornreel) September 2, 2019 Шпанецот фуриозно напредуваше до полуфиналето и е главен фаворит за освојување УС Опен. Надал верува дека на Ѓоковиќ му било најтешко во моментот кога го предал мечот. "Не успеа да го достигне новиот трофеј и тоа на неговата омилена подлога. Сигурно, од сите луѓе на стадионот, нему најтешко му паднало предавањето ", рече Надал, кој сега има одлична можност да го заземе првото место на ранг-листата на АТП до крајот на годината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки животПочина 76 годишен пациент од нилска треска на клиниката за инфективни болести. Пациентот по потекло е од ризичното прогласено подрачје од скопско Драчево. Пациентот бил 27 дена на клиниката за инфективни болести и бил со други хронични заболувања. Инфектолозите објаснуваат дека најчесто тешки пациенти на интензивна неега се повозрасните пациенти. Ова е четврт починат пациент од нилска треска. На клиниката во последните часови приемни се два нови пациенти меѓу кои и 24 годишен пациент со полесна форма на заболување. Вкупно се хоспитализирани 20 пациенти со нилска треска, кај двајца од нив се чекаат официјални резултати. Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека вечерва ќе има 13та по ред теренско прскање за комарци. Градоанчалникот издал налози на 20 август да се спроведе теренска дезинскеција против возрасни комарци, а на 21 август ќе се врши авионско прсакње. Според програмата од 23 до 26 август ќе има теренско прсакње против возрасни комарци. Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистовски: Технологијата се менува, но обврската кон државата остануваЧеститка од министерот Борко Ристовски по повод 18 Август - Денот на Армијата.Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, на централната свеченост што се одржа во Кампот за обука на вода во Охрид, во присуство на највисокиот воен и државен врв. По повод 18 Август – Денот на Армијата, Ристовски упати честитка до припадниците на Армијата и до сите кои низ годините биле дел од македонскиот одбранбен систем. „Денеска им оддаваме почит на луѓето кои ја избрале честа да ѝ служат на својата татковина. Македонската Армија е создадена заедно со независна Македонија и повеќе од три децении е еден од столбовите на нашата државност. Генерации македонски војници ја носеле униформата со достоинство, професионалност и подготвеност да застанат во одбрана на државата и на нејзините граѓани. Денес имаме современа Армија, рамноправен дел од НАТО, која се модернизира и се подготвува за новите безбедносни предизвици. Но технологијата и опремата се менуваат, а едно останува исто – човекот во униформа и неговата обврска кон државата, знамето и народот. На сите припадници на Армијата, на ветераните и на семејствата кои стојат зад нив им го честитам 18 Август – Денот на Армијата. Нека е вечна Македонија! Честит Ден на Армијата!“Тагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРејтингот на Трамп падна на најниско ниво во актуелниот мандатРејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво од почетокот на неговиот втор мандат, покажува најновата анкета на Ројтерс и ИПСОС.Истражувањето покажува дека само 33 отсто од испитаниците го одобруваат неговото работење, додека 64 отсто не го поддржуваат. Околу 80 отсто од Американците се изјасниле дека американското учество во конфликтот со Иран ќе трае подолго време, додека само еден од пет испитаници смета дека војната била оправдана. Падот на поддршката создава дополнителен притисок врз републиканците пред ноемвриските избори за конгресот..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook