Надал: Време е да се вратам

Поранешниот најдобар светски тенисер, Шпанецот Рафаел Надал, објави денеска дека ќе им се врати на натпреварувањата и ќе настапи на турнирот Бризбејн Интернешнл, кој се одржува јануари и служи како загревање за Австралија Опен.

Освојувачот на 22 грен – слем титули последен пат се појави на тенискиот терен во јануари годинава кога се откажа во второто коло поради проблеми со колкот.

„По една година отсуство од натпреварувањата, време е да се вратам“, рече Надал во видео објавено на социјалните мрежи.

„Ќе бидам во Бризбејн, првата недела од јануари. Се гледаме таму“, порача шпанскиот тенисер.

Надал претходно изрази желба уште еднаш да настапи на Ролан Гарос и да ја претставува Шпанија на Олимписките игри во Париз идната година пред да се повлече на крајот на својот 23 сезона во професионалниот тенис./МИА

Иако доаѓа без обештетување, Реал на Мбапе ќе му даде милиони за потписот

Реал официјално нема да му плати на Пари Сен Жермен никакво обештетување за трансферот на Килијан Мбапе, бидејќи договорот на Французинот истекува летово, но далеку од тоа дека „кралскиот клуб“ ќе избегне „да го отвори кесето“.

Имено, како што тврди италијанскиот новинар Фабрицио Романо, Реал ќе мора да му плати на играчот од 100 до 150 милиони евра во период од пет години само заради потписот на Мбапе.

Токму толку Мбапе ќе потпише со Реал, а се наведува дека неговата плата ќе биде фиксен дел од 14 милиони евра, односно со бонуси би можела да порасне и до 30 милиони.

Реал и Мбапе се уште официјално го немаат потпишано договорот, иако веќе се е јасно - потврди и првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Хелаифи. Шпанските медиуми додаваат дека останува само да се разјаснат некои ситници во односот помеѓу клубот и играчот.

Латас: Овие 80% на избори треба дадат доволно гласови да не зависат од тие 20%

Јонуз: Не е Ахмети виновен што ти не си способен да водиш држава.

Латас: Во која општина според ЕВН не може 80% да наплати струја? Ако за нешто Македонија нема држава нема поради што едно малцинство ја води цела држава, тоа што Агим го кажа 20% држат за врат 80% и тоа е од некого поддржано и не е од Македонија туку е од надвор, во смисла промена на устав, во смисла два пати СДСМ губи на избори по ред од ВМРО-ДПМНЕ но со Албанските партии останува на власт ете тоа е цената. Значи јас ќе бидам со тебе, но ова чекам од тебе... Затоа овие 80% на избори треба дадат доволно гласови на некоја друга опција за не зависат од тие 20%. Во војната 2001 Бранко излегуваше на Тв и го демотивираше сопственото членство да не се активира во одбрана на државата и тој беше претседател од СДСМ, сме виделе кој како се однесува во кризните ситуации и како ќе се однесува во иднина.

Јонуз: Не е Ахмети виновен што ти не си способен да водиш држава. Ахмети вели сум нашол село без кучиња и ќе си правам што сакам. Тој ја држи цела Македонија вклучително и неалбанското население. Имаш народ што не знае како да води држава и виновен ти е Албанецот. Тој се обединил направил кохерентност во сопственото ткиво, поставил цели и задачи и успеал. Ти ќе правиш конгрес во Солун, го направи? Моделот на водење политика во Македонија е проблемот.

Млада Албанка го убила татко си, зашто сакал да ја омажи за човек кого не го сакала

Полицијата во Албанија уапсила девојка (19), која е осомничена дека го убила нејзиниот татко Д.М.

Грозоморното злосторство се случило на 13 февруари, а полицијата дури денеска ја приведе ќерката на убиениот, објави Топ Ченал.

"Го убив затоа што сакаше да ме сврши. Немав излез, па зедов пиштол и го застрелав. Сѐ направив сама", наводно рекла ќерката.

Деталите за ова бизарно злосторство ја шокираа Албанија и регионот. На веста за страшната смрт ѝ претходела потрага по Д.М. Имено, неговиот син Х.М.(25) на 13 февруари околу 22.30 часот се јавил во полиција и рекол дека неговиот татко излегол од станот и дека оттогаш не може да стапи во контакт со него. Четири дена подоцна, на 17 февруари, автомобилот на Д.М., бил пронајден доста далеку од местото на живеење. Набрзо било утврдено дека бил убиен.

Медиумите пишуваат дека телото на Д.М., било пронајдено во неговиот стан, а доказите почнале да укажуваат на неговата 19-годишна ќерка. По апсењето изјавила дека направила сѐ затоа што татко ѝ сакал да ја натера да се омажи, но дека претходно имале несогласувања по бројни прашања.

Истрагата за целиот случај се уште е во тек.

притисни ентер