Надал во октомври прави свадба!! - Канал 5

Надал во октомври прави свадба!!

Еден од најдобрите тенисери во историјата, кралот на земја Рафаел Надал по 14 години врска со убавата Марија Перељо – Чиска  одлучил дека е време за судбинското „ДА“.

Надал во октомври прави свадба!!

33 годишниот Рафа конечно решил да му стави крај на ергенскиот живот и со брак да ја официјализира својот љубов со Марија.

Шпанскиот тенисер во октомври ќе и го каже судбинското „ДА“ на Марија по дури 14 години во врска.

Шпанските медиуми откриваат детали од венчавката на годината.

-Рафа и Чиска ќе застанат пред олтарот на 19 октомври во Поленси, малото шпанско гратче на морскиот брег. Комплетниот луксузен комплекс на градот, во кој се вклучени, базен, приватни соби, дури и хелидром се изнајмени за оваа прилика и ќе им бидат ставени на располагање на многуте гости, пренесе „Мајкорка дејли“.

Меѓу гостите на свадбата ќе има ногу познати лица од светскиот џет сет. На свадбата ќе пристигнат неколку фудбалери на Реал Мадрид, многу тенисери, пред се Шпанци со кои Рафа играл во репрезентацијата на мечевите од Девис купот.

На листата на гости го нема името на лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, што е очекувано за медиумите поради тоа што ниту Рафа не беше присутен на свадбата на Ноле.

Затоа место на оваа свечена манифестација е резервирано за шпанскиот крал Хуан Карлос кој приватно е одличен со Рафаел Надал.

Инаку, Марија Чиска е дипломиран економист и стручњак за финансии, таа веќе неколку години е директор на Хуманитарната фондација на Рафа Надал . Убавата Шпањолка не е типична жена на спортист, Марија нема профили на социјалните мрежи и ретко се појавува во јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Принцот Хари го загуби судскито спор против „Деили Меил“- скапо ќе го чини (ВИДЕО)

Принцот Хари и шест други познати личности добија наредба да му платат на издавачот на „Дејли меил“ почетни 9,54 милиони фунти.

Принцот Хари го загуби судскито спор против „Деили Меил“- скапо ќе го чини (ВИДЕО)

Принцот Хари и шест други познати личности добија наредба да му платат на издавачот на „Дејли меил“ почетни 9,54 милиони фунти откако го загубија случајот за повреда на приватноста во Високиот суд во Лондон, објави Би-Би-Си.

Седумте тужители, меѓу кои и Елтон Џон и Лиз Харли, имаат рок до 28 август да ја платат сумата, а дополнителни 25 милиони фунти ќе бидат платени подоцна, што е голема победа за издавачот „Асошиејтед њузпејперс лимитед“ (АНЛ).

Групата ја тужеше АНЛ поради обвинувања за незаконско собирање податоци, што издавачот жестоко ги негираше.

Судијата Никлин ги отфрли нивните барања на 7 јули, велејќи дека јавните личности не успеале да ги докажат своите тврдења.

Пресудата доаѓа само неколку дена откако војводата и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, објавија дека планираат да се вратат во Велика Британија, со нивните деца, принцот Арчи (7) и принцезата Лилибет (5), кои треба да започнат училиште во септември.

Седумте тужители на кои им е наредено да ги платат почетните 9,5 милиони фунти се принцот Хари, Елтон Џон, неговиот сопруг Дејвид Фурниш, Сер Сајмон Хјуз, Сејди Фрост, Лиз Харли и бароницата Дорин Лоренс.

Десетици луѓе дадоа докази за време на судењето, вклучувајќи го и принцот Хари и другите тужители. Војводата од Сасекс долета од САД за лично да присуствува на судењето.

Голем број сегашни и поранешни новинари и раководители во ANL, исто така, дадоа докази, негирајќи какво било кривично дело.

Во заедничка изјава по пресудата од минатиот месец, принцот Хари и бароницата Дорин Лоренс рекоа дека дошле на суд „барајќи правда и одговорност“, но не добиле ниту едното ниту другото, рекоа тие.

„Ова е целосно и очигледно прикривање, но за жал не е сосема неочекувано“, рекоа тие.

ANL побара повеќе од 9,9 милиони фунти како привремена исплата, во исчекување на утврдувањето на конечните судски трошоци.

Сепак, адвокатите на тужителите тврдеа дека привремената исплата треба да биде нешто над 7,9 милиони фунти.

Судијата Никлин претходно пресуди дека тужителите мора да ја платат привремената сума до 28 август.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромни мршојадци сѐ почесто слетуваат на преполните грчки плажи- туристите преплашени (ВИДЕО)

Ова лето, на грчките плажи се појави неочекувана атракција - мршојадци!

Огромни мршојадци сѐ почесто слетуваат на преполните грчки плажи- туристите преплашени (ВИДЕО)

Социјалните медиуми се полни со видеа од овие прекрасни птици како буквално паѓаат или слетуваат на плажите меѓу туристите. Некои дури и директно на лежалки под чадорите.

На некои луѓе можеби им е застрашувачки кога белоглавиот мршојадец, птица со распон на крилјата од повеќе од два метра, ги шири крилјата на плажата, но многу други се воодушевени од овие сцени.

Сепак, овој необичен феномен има свое многу јасно научно објаснување. Мршојадците, всушност, страдаат од исцрпеност и дехидрација среде екстремно високи температури, што ги принудува да ги прекинат своите небесни крстарења и да побараат помош од луѓето.

Имало и случаи на овие прекрасни птици кои слетуваат на хаубите на автомобили во движење, не можејќи повторно да полетаат.

Според организацијата АНИМА, Здружението за заштита и грижа за диви животни, ваквите феномени се особено чести на плажите на Крит оваа година.

„Низ Крит, граѓаните и туристите се среќаваат со исцрпени и дехидрирани млади мршојадци, понекогаш дури и во морето. Нашите теренски работници им пружаат прва помош и ги испраќаат кај нас со вечерни траекти“, соопшти АНИМА.

„На повеќето од нив им е потребна инфузиона терапија, а две птици биле подложени на ортопедска операција.“

„Во текот на последните денови од јули и првите денови од август, повеќе од 20 млади мршојадци од Крит пристигнаа во АНИМА, како и еден од Палеора во Етолија и Акарнанија“, соопшти здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладне

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.

Утре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладне

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

24 Попова Шапка, 30 Крушево, Лазарополе, 33 Претор, 34 Берово, Маврови Анови, 35 Охрид, 36 Крива Паланка, Битола, Прилеп, 37 Виница, 38 Тетово, Струмица, Гевгелија, 39 Штип, Кавадарци, Демир Капија, 40 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Попладнево ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност која до крајот на денот ќе се намали. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер