Надал против Тием во четвртфиналето на Мастерсот во Рим - Канал 5

Надал против Тием во четвртфиналето на Мастерсот во Рим

Рафаел Надал во четвртфиналето на Мастерсот во Рим ќе игра против Доминик Тием откако двајцата тенисери синоќа постигнаа победи во осминафиналето. Ова за нив ќе биде трет меч во последните 20 дена, а на преходните два победи Надал.

Надал против Тием во четвртфиналето на Мастерсот во Рим


Шпанскиот тенисер во осминафинале го совлада Џек Сок со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4), додека Доминик Тием беше поуспешен од Сем Квери со 2-1 во сетови (3:6; 6:3 и 7:6)и тоа беше единствениот осминафинален меч што се одигра во три сета.

Во другите четвртфинални мечеви ќе играат: Џон Изнер – Марин Чилиќ, Александар Зверев – Милош Раониќ и Новак Ѓоковиќ – Хуан Мартин Дел Потро.

На женскиот дел од турнирот денеска ќе играат исто така четвртфинални мечеви, а двојките се: Симона Халеп – Анет Контавеит, Кики Бертенс – Дариа Гаврилова, Јелена Свитолина – Каролина Плишкова и Венус Вилијамс – Гарбине Мугуруза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода

Во текот на изминатата вечер (21/22.08.2026) во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за мотоцикли, мопеди трицикли и четирицикли при што санкционирани се 262 возачи. Од нив за возачи на мопеди и мотоцикли изречени се 102 мерки и тоа 93 санкции за управување мотоцикли без заштитна кацига, четири мерки за несоодветна категорија, пет санкции за управување без положен возачки испит и 160 останати мерки за други видови на прекршоци меѓу кои за не носење возачка дозвола, не носење сообраќајна дозвола, не истакнати таблици, минување на црвено...

Исто така привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригада

Заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на формирањето на седмата Македононска ударна бригада 22 август 1944 година.

Во Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригада

На свеченоста беше интонирана химната на Република Македонија, по што присутните положија свежо цвеќе пред спомениците.

Во име на општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони пред спомениците на народните херои Васко Карангелевски и Пецо Гудовски во градското шеталиште во Битола, заменик градоначалничката Крстиќ.

Пригодно обраќање имаше претседателот на огранокот за формирањето на седмата Македонска ударна бригада, а свеченоста ја организираше Здружението на ветерани на одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Битола.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петкоска: За две години 28 нови авиодестинации, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува Македонија со Европа и светот

​Воздушната поврзаност е важна за секоја модерна и развиена држава. 

Петкоска: За две години 28 нови авиодестинации, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува Македонија со Европа и светот

Таа значи полесно патување за граѓаните, повеќе можности за туризмот и бизнисот и поголема отвореност на Македонија кон Европа и светот.

Токму затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на проширување на мрежата на авиодестинации од македонските аеродроми.

Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води македонската Влада, постигнати се конкретни резултати, така што се воведени нови 28 авиодестинации.

Така, од Скопје сега може да се патува во Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Дубаи, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро во Сардинија и Палермо во Сицилија.

Додека од аеродромот во Охрид, македонските граѓани можат да летаат за Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена.

Со новите дестинации, нашите граѓани добиваат повеќе директни врски со европските центри, полесно патуваат за работа, образование и туризам, но и полесно ги посетуваат своите семејства и пријатели кои живеат во странство.

Истовремено, со секоја нова директна линија Македонија станува подостапна за странските туристи, а особено значајно е тоа за Охрид и за македонскиот туризам, бидејќи поголемата воздушна поврзаност значи и поголема можност за привлекување туристи од нови пазари.

Но, подобрата воздушна поврзаност е важна и за бизнисот, за привлекување инвестиции и за поврзување на македонските компании со европските пазари. Кога една држава има повеќе директни авиолинии, таа станува подостапна и попривлечна за инвеститорите, компаниите и меѓународните партнери.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено да работи на проширување на мрежата на дестинации и создавање услови за нови авиолинии од Скопје и Охрид, затоа што Македонија треба да биде држава со повеќе можности, подобра поврзаност и отворени врати кон светот.

YouTube video

Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер