1ТИМОТ PEUGEOT TOTALENERGIES ПОКАЖА ИСТРАЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ОСОБЕНО ТЕШКОТО ИЗДАНИЕ НА 24 ЧАСА LE MANS
3Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
Тениснадал поразен во 1/4 финалето на АТП турнирот во БризбејнЕден од најдобрите светски енисери во историјата, трофејниот Шпанец, Рафаел Надал е поразен во четвртфиналето на АТП турнирот во Бризбејн од 43. тенисер во светот, Австралиецот Џордан Томпсон. Откако не искористи три меч топки во вториот сет, Шпанецот беше поразен по жестока битка, која траеше цели три часа и 24 минути, со резултат 2:1 во сетови (5:7, 7:6, 6: 3). За исцрпувачкиот мечл зборува и фактот што Надал, кој токму во Бризбејн го одигра првиот меч по долгата пауза поради повредата , во еден момент мораше да побара лекарска помош. Имено, Надал на крајот од третиот решавачки сет беше принуден да побара лекарска помош поради болките кои ги чувствуваше во горниот дел на бутот, во висина на колкот, што му правеше проблеми. Навистина, тој го продолжи натпреварот и потоа, но по движењата и болните гримаси на лицето се виде дека не е се во најдобар ред. Томпсон во полуфиналето ќе игра против Григор Димитров од Бугарија, кој со 6:1, 6:4 го совлада локалниот играч Ринки Хиџиката. Во второто полуфинале ќе играат првиот носител Данецот Холгер Руне и Русинот Роман Сафиулин. Инаку, Надал во Бризбејн, ги победи Доминик Тием и Џејсон Кублер во два сета, пред да биде поразен во маратонски меч од Томпсон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
ФудбалОфицијално: Силва во Реал М. Португалецот Бернардо Силва (31) е нов играч на Реал Мадрид.По девет сезони во Манчестер Сити, португалскиот репрезенативец Бернардо Силва го смени клубот. Во следните две сезони, тој ќе го носи дресот на трофејниот Реал Мадрид, каде што пристигна на експлицитно инсистирање на Жозе Мурињо. Денеска, „Кралевскиот клуб“ објави дека португалскиот репрезентативец потпишал и со тоа формално се приклучил на Реал Мадрид. Во битката за потписот на Силва, Реал имаше жестока конкуренција од Барселона и Атлетико. До пред само неколку дена, Каталонците беа во „пол“ позиција да го доведат, но потоа еден повик промени сè - повикот на Мурињо. Новиот тренер на Реал буквално им кажа на челниците на клубот дека „Силва мора да биде доведен“, за што, на крајот, тој најмногу придонесе преку личен напор и преговори со фудбалерот. Поволна околност за клубот е статусот на Силва како слободен агент по истекот на неговиот договор со Сити, па затоа не беше потребно да се исплати обештетување, поради што беше „само“ важно да се убеди Португалцот да го изберат Реал, покрај Барса и Атлетико. Но, тука на сцената стапи, специјалниот Мурињо , кој со своите вештини на убедување успеа да го натера Силва да се сврти кон реал и да потпише договор со гигантот од Мадрид. Така Португалецот стана ново засилување за Реал за краток период, бидејќи клубот го обезбеди потписот на Марко Кукурела од Челзи, а во наредниот период се очекуваат и пристигнувањата на Ибрахима Конате од Ливерпул и Дензел Дамфрис од Интер.Тагови: бернардо силва Манчестер сити Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
ЕкономијаТрибина во Народната банка во соработка со Амбасадата на ШвајцаријаДовербата во централните банки и домашната валута е темел на економската стабилност.„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација на Народната банка, Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската комора во Македонија. На настанот се зборуваше за актуелните макроекономски прашања и светските предизвици во услови на зголемена неизвесност, геополитички тензии, промени во трговските и финансиските текови и забрзан технолошки развој. Во своето обраќање, гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески истакна дека стабилниот девизен курс на денарот во однос на еврото веќе три децении претставува важен столб на макроекономската стабилност во земјава. „Иако светскиот монетарен систем се соочува со нови предизвици и постепени промени, Народната банка е посветена на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност преку кредибилни политики и меѓународна соработка. Народната банка успешно се справи со последните светски шокови, ја намали инфлацијата и ја зачува стабилноста на девизниот пазар. Девизните резерви се на солидно ниво, а довербата во денарот и во банкарскиот систем е зачувана“, истакна гувернерот Славески. Во своето обраќање, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација Кристоф Зомер нагласи дека историјата на швајцарскиот франк покажува дека стабилноста на една валута не е резултат на случајност или на поединечни политики, туку на децении одговорно управување, институционален континуитет и долгорочна визија. „Технологијата може да го промени начинот на кој се движат парите, но довербата во парите и понатаму ќе зависи од институциите. Во време на брзи промени, централните банки се меѓу најважните столбови на стабилноста, кредибилитетот и довербата. Нивната улога не е само техничка. Таа е суштински поврзана со зачувувањето на довербата, како едно од највредните добра што може да ги поседува една економија“, истакна амбасадорот Зомер. Посебно внимание на трибината му беше посветено на одбележувањето на јубилејот 80 години централнобанкарска традиција во земјава. Беше нагласено дека ваквите значајни јубилеи потврдуваат дека силните институции се градат постепено, преку континуитет, професионалност и доследна посветеност на јавниот интерес. Во рамките на настанот беше истакнато и значењето на Меморандумот за соработка меѓу Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) за периодот 2025 – 2028 година, којшто ќе придонесе за унапредување на аналитичките алатки на монетарната политика, понатамошна модернизација на финансискиот сектор и за зајакнување на институционалните капацитети на Народната банка. Економистот Коста Вајена одржа презентација на настанот, додека на панел-дискусијата учествуваа и професорот од Женевскиот институтот за постдипломски студии Cедрик Тиј, економистот од Народната банка на Швајцарија Флоријан Вебер и претседателот на Одборот на директори на „Макстил“ Димитар Цветковски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМизрахи предложи формирање регионална мрежа за индустриско наследство во рамките на ЦЕИПратеничката Рашела Мизрахи учестуваше во работата на Генералниот комитет за култура на Парламентраната димензија на Централноевропската Иницијатива што се одржа на (ПД на ЦЕИ) што се одржа од 15 до 16 јуни 2026 година во Катовице.Пратеничката Рашела Мизрахи учестуваше во работата на Генералниот комитет за култура на Парламентраната димензија на Централноевропската Иницијатива што се одржа на (ПД на ЦЕИ) што се одржа од 15 до 16 јуни 2026 година во Катовице, Шлезиско Војводство, Полска. Посетата на Шлезиското Војводство беше организирана на три локации Тарновски Гори, Бајтом и Катовице додека фокусот на состанокот беше насочен на темата: Ревитализација на пост-индустриските области во Централна Европа. На маргините на состанокот се организираа теренски посети на стари рудници, топилници и челичарници со цел да се прикаже брзиот развој на шлезискиот регион, поддржан од локалните и централните власти и финансиран од Европската Унија. Главниот акцент беше ставен на трансформацијата на пост-индустриските области во културни места и простор за заедницата во општините. На настанот учестуваа пратеници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешката Република, Италија, Молдавија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Украина како и претставници на Извршниот секретаријата на ЦЕИ со седиште во Трст. Пратеничката Рашела Мизрахи во својата дискусија укажа дека ревитализацијата на пост-индустриските области не претставува само урбанистички и економски предизвик, туку е прашање на зачувување на културното наследство, идентитетот и колективната меморија на заедниците. Наместо овие локации да се третираат како товар, сè повеќе европски градови ги препознаваат како можност за создавање нови центри на културата, иновациите, образованието и креативните индустрии. Таа истакна дека нашата држава не е изземена од глобалните трендови на деиндустријализацијата. Некои од старите индустриски комплекси од 19-тиот и 20-иот век се прогласени за заштитени историски споменици, додека други се уништени со урбаниот развој. За дел од оние индустриски капацитети кои беа затвори за време на процесот на приватизација имаше обиди за нивната ревитализација преку браундфилд инвестиции, како што е примерот со поранешниот текстилен гигант Македонка, кој денес е дом на бројни компании. Друг пример е железничката станица во Скопје која беше уништена со земјотресот од 1963 година а сега е музеј. Исто така техничкиот музеј Матка кој e сместен на местото на поранешната хидроцентрала е инвестиција на приватна компанија. Во оваа насока, пратеничката Мизрахи истакна дека Централноевропската иницијатива може да биде значаен катализатор за идна соработка во оваа област. Преку размена на добри практики, поддршка од експерти и заеднички проекти и подобро искористување на европските фондови може да се креираат нови модели на успешна трансформација на пост-индустрискиот простор. Таа предложи во рамките на ЦЕИ да се разгледа можноста за воспоставување регионална мрежа за индустриско наследство, која ќе овозможи поврзување на институциите, локалните власти, универзитетите и организациите од областа на културата. Таквата мрежа би можела да придонесе за размена на искуства, подготовка на заеднички проекти и поголема видливост на индустриското наследство на нашиот регион на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter