Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
1Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
ТенисНадал неизвесен за АО Во моментов најдобриот светски тенисер Рафаел Надал поради повредата на десното колено, не се знае дали ќе настапи на првиот Грен слем турнир во годината, Австралија Опен кој почнува на 15 јануари.Шпанецот со сигурност нема да настапи на егзибицискиот турнир во Абу Дабу. Тешко е дека Надал ќе се подготви за турнирот во Бризбејн (1-7 јануари), по што следува Грен слемот во Мелбурн. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДали руски „Иљушин“ влегол во воздушниот простор на Финска? Финската гранична служба денес соопшти дека во четвртокот руски извидувачки авион „Иљушин-20“ наводно го нарушил воздушниот простор.Како што беше соопштено, постои сомневање дека руски извидувачки авион го нарушил финскиот воздушен простор јужно од Уто, во Финскиот Залив, пренесува Yle. Според финската гранична служба, наводното нарушување на финскиот воздушен простор траело околу три минути. Во својата најдлабока точка, авионот навлегол околу 4,7 наутички милји во финска територија, во Финскиот Залив. Граничната служба покрена прелиминарна истрага за случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрпски фудбалер фатен со 1,5 тони кокаин и оружје, дрогата му припаѓала на „Балканскиот картел“Српски фудбалер фатен со 1,5 тони кокаин и оружје: дрогата му припаѓала на „Балканскиот картел“, а тој не бил единствениот уапсен.Поранешниот српски фудбалер Урош Милошевиќ, е уапсен во Португалија со 1,5 тони кокаин и оружје, во врска со „Балканскиот картел“. Поранешниот српски фудбалер, идентификуван како Урош Милошевиќ, е уапсен на автопат во Португалија додека превезувал повеќе од тон и пол кокаин и две воени оружја, објави локалниот портал „А Бола“. Дрогата, чија вредност се проценува на повеќе од 70 милиони евра, му припаѓала на „Балканскиот картел“, според пишувањата на локалниот медиум „Жорнал де Нотисијас“. Акцијата на португалската полиција, која резултираше со пресретнување на комбето минатата среда, откри дека 31-годишниот поранешен фудбалер, покрај големото количество наркотици, превезувал и наполнето воено оружје подготвено за употреба. Апсењето уследи по други акции насочени против истата криминална организација. Една недела претходно, во заедничка операција на португалската и шпанската полиција, во Шпанија беа уапсени уште двајца членови на картелот, при што беа запленети 3,7 тони дрога. „Организацијата, чија база е на југот на Шпанија, дејствува низ цела Европа и ја користела португалската крајбрежна област како место за истовар на големи количества кокаин“, беше појаснето. Истиот извор наведува дека Милошевиќ имал скромна фудбалска кариера во Србија, настапувајќи за помалку познати клубови како Чукарички, ИМ Раковица, Телеоптик и Синѓелиќ Белград.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛукровски оствари средба со поглаварот на ИВЗГрадоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денес оствари средба со поглаварот на Исламската верска заедница, Шакир ФетахуНа средбата беше разговарано за предизвиците со кои се соочува општеството, значењето на меѓусебната почит и почитувањето на различностите, како и за важната улога што ја имаат верските заедници во градењето соживот, разбирање и доверба меѓу граѓаните. Соговорниците ја истакнаа важноста на верувањето и духовните вредности за народот, како и потребата од продолжување на меѓусебната соработка во интерес на сите граѓани. Во знак на благодарност и почит за досегашниот ангажман и придонес, на градоначалникот Сотир Лукровски му беше врачена благодарница. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Сотир Лукровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05