Надал: Не може и јас и Федерер и Ѓоковиќ да бидеме најголеми, може само еден - Канал 5

Надал: Не може и јас и Федерер и Ѓоковиќ да бидеме најголеми, може само еден

Рафаел Надал, рекордерот по бројот на грен слем титули е подготвен за новата сезона.

Надал: Не може и јас и Федерер и Ѓоковиќ да бидеме најголеми, може само еден

Минатата сезона ја одбележаа повредите откако ги освои Австралија опен и Ролан Гарос.

"Минатата сезона беше фантастична за мене бидејќи освоив два Гренд Слема и покрај тешките моменти и повредите. Сега се чувствувам многу подобро. Не сакам повеќе да се жалам на повреди, се испостави дека постојано зборувам за тоа. Уште не размислувам за крајот на кариерата“, изјави Надал за Марка.

Надал има 22 грен слем титули, една повеќе од Новак Ѓоковиќ и две повеќе од Роџер Федерер, легендарниот Швајцарец кој оваа година ја заврши кариерата.

„Не се уморувам да се расправам за најголемите. Мојот став кон тоа не се промени сите овие години. На крајот ќе има само еден најголем. Нема да биде лесно да се дефинира кој е тоа, бидејќи секој има свој сопствени аргументи. На крајот на краиштата, двајца од нас тројца се уште сме активни тенисери. Најважно ми е што и Федерер и Ѓоковиќ и јас направивме многу повеќе отколку што сонувавме и испишавме историја. Секако дека сакам да бидам најголем. Тоа не е моја опсесија, но сакам да бидам“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август.

Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум места

Состојбата со пожари на отворен простор денеска е подобра во однос на вчера, но повторно досега има дваесетина пожари, од кои 8 се активни во овој момент, соопшти попладнево директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум места

Како најкомплексен пожар за гаснење останува пожарот во Студеничани, над селото Рамни Габер. Цел ден дејствуваат етракторите, значително е намален поголем дел од горните краци, но потребно е уште многу работа за истиот да биде изгаснат – вели Ангелов.

Пожар попладнево избил и во атарот на село Борино и село Житоше, во Крушево. Ангелов вели дека се работи за тешко пристапен терен и таму ќе биде упатен еден полициски хеликоптер кој набргу треба да започне со дејство, бидејќи во близина има непосреден извор за полнење на вода.

Сериозен пожар попладневo избил и во велешко – во селото Салм. Ангелов вели дека пожарникарите водат битка да го заштитат селото, но посочи дека верува во нив и очекува уште денеска да биде изгаснат.

YouTube video

Ангелов соопшти дека вчера имало и иницент во прилепско, каде што двајца пожарникари биле физички нападнати.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 21 век - Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

Во Гостивар денеска видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица. Пијат вода пред камери. Велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“.

СДСМ: 21 век -  Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Над 5.000 заболени.Повеќе од 2.000 хоспитализирани луѓе.

Болницата во Гостивар е нефункционална.Пациенти се префрлани во Тетово.

И сега, кога конечно рекоа дека водата е чиста, наместо одговорност - циркус.

Наместо извинување - здравица. Наместо одговорност - ПР спектакл.

Во 21 век во европска држава политичари пијат вода пред камери за да докажат дека повеќе не е отруена. Тоа не е успех. Тоа е срам.

Гостивар не требаше да чека еден месец. Гостивар не требаше да добие три цистерни за цел град.

Гостивар не требаше да гледа како функционери се фалат со „вкусна вода“ откако илјадници луѓе завршија во болница.

Оваа Влада и Мицкоски го претворија здравствениот и хуманитарен скандал во театар.

Граѓаните не бараат здравица. Бараат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер