Надал: Морам да бидам подготвен на се - Канал 5

Надал: Морам да бидам подготвен на се

Шпанецот Рафаел Надал очекува тешка борба на мечот со Доминик Тим во финалето на Грен слемот Ролан Гарос.

Надал: Морам да бидам подготвен на се

Надал загуби од Австријците два од последните четири дуели.

- Во финалето ќе морам да играм со целата моја сила. Морам да се борам до крај, и морам да имам јасен план откако ќе излезам на теренот. Треба да направам малку повеќе од она што го направив досега на турнирот. Чувствувам дека имам потенцијал да додадам повеќе. Треба да најдам начин да го спроведам. Морам да развијам соодветни тактики. Психологијата и карактерот ќе играат многу важна улога. Неопходно е да бидам подготвен на се./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски

Ресорите меѓу владините коалиционери се веќе договорени, но не и персоналните решенија – тврди премиерот Христијан Мицкоски.

Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски

Вели за новите имиња кои ќе седнат на Иинденска ќе се носи одлука утре на седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по што ќе се знае кој министер каде ќе ротира, а каде ќе седнат нови лица. Мицкоски не сакаше да потврди дали Правда ќе оди кај кадар на Вреди, ниту дали ЗНАМ ќе го добие ресорот образование како замена за правда.

„Ние не сме раговарале за персонални решенија и за имиња. Принципиелно имаме договор околу ресорите. Јас во минатото кажав додека не се заврши седницата н Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори, ниту имиња. Почекајте до утре отприлика околу 20 часот јавноста ќе биде подетално запознаена“– Христијан Мицкоски, претседател на влада.

Од Вреди пак веќе посочија дека за ресорот правда постигнале договор со премиерот и дека наместо досегашните 5 со реконтрукцијата ќе добијат шест министерства. Освен правда, Вреди ќе имаат кадар за односи меѓу заедниците на местото на Иван Стоилковиќ, како и министри за култура и за спорт, на местото на Љутков и Ристовски. ВМРО-ДПМНЕ пак ги добива ресорите здравство и социјална политика од кои ќе си заминат Азир Алиу и Фатмир Лимани, како добро владеење и евринтеграции, а вицепремиерот Беким Сали ќе преземе друг ресор.

Според опозицските партии реконструкцијата на владата немало да донесе ништо ново, туку само продолжение на досегашните политики, кои според Филипче се во насока на изолација и осиромашување на граѓаните.

„Се виде во последните две години дека порграмска оперделба на Владата се три прашања блокирање на европскиот пат, унилатерална ревизија на Охридскиот догвоор и не почитување на вољата на албанскиот народ. Каква и да е распределбата, кои и да се тие министри коишто ќе бидат именувани или разрешени тие се во функција или на извршители или нан адвокати на оваа програмска определба. “– Бујар Османи, потпретседател на ДУИ.

По објавувањето на дефинитвниот состав на владата, предложените министри веќе в среда или четврток се очекува да бидат испратени до Собранието, но дали ќе се менува една третина од владиниот состав за што Собранието би гласало за секој министер поединечно или ќе бидат назначени поголем број нови кадри, со што ќе се избира целосно нова влада засега е незивесно.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукање во Германија, најмалку 5 мртви

Во вооружен инцидент во Штаде, Долна Саксонија, Германија, загинаа најмалку пет лица. 

Пукање во Германија, најмалку 5 мртви

Полицијата и службите за итни случаи спроведуваат голема операција во Штаде, град на околу педесет километри од Хамбург. Два хеликоптери кружат околу центарот на градот.

Уапсени се две лица, од кои едното е осомничено“, изјави портпарол на полицијата за Би-би-си.

Неколку лица се повредени по пукањето во објект за млади. Од полицијата соопштија дека не постои поголема опасност за јавноста.

„Билд“, повикувајќи се на полицијата, објави дека сите починати биле возрасни, а неколкумина биле повредени. Местото на злосторството се наоѓа во непосредна близина на младински центар. Истражителите почнаа да собираат докази и да ги испрашуваат сведоците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“

Фудбалската репрезентација на Аргентина совршено ја започна својата кампања за Светското првенство во 2026 година, обезбедувајќи место во нокаут фазата со победа во сите три натпревари од групата.

Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“

За да прослават, тимот организираше огромна скара во својот камп во Канзас Сити.

Фудбалерите, вклучувајќи го легендарниот голман Емилијано Мартинез и напаѓачот Лаутаро Мартинез, сами се погрижија за скарата и храната на тимот, а дури и претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), Клаудио Тапија, им се придружи на скарата.

Сцената каде претседателот на федерацијата стои рамо до рамо со играчите и подготвува храна е најдобар доказ за блискоста и опуштената атмосфера што преовладува во тимот на светскиот шампион во текот на целиот турнир.

Овој вид дружење покажува силно единство во тимот пред одлучувачките натпревари што ги очекуваат.

Аргентинците ќе играат против сензацијата Зеленортските острови во осминафиналето, тим кој за прв пат учествува на Светското првенство.

Зеленортските острови ремизираа со Шпанија и Уругвај во Групата Х, но Аргентина ќе влезе во натпреварот како јасен фаворит.

Доколку го поминат тимот на Капе Верде, Меси и другарите во следната фаза би играле против подобриот од дуелот Австралија -Египет во осминафиналето.

Актуелниот светски шампион според ждрепката би имал лесен ривал и во евентуалното четвртфинале.

Таму, Аргентина ќе се соочи со победникот од натпреварите Швајцарија-Алжир и Колумбија-Гана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер