Надал ќе ги пропушти на турнирите во Пекинг и Шангај - Канал 5

Надал ќе ги пропушти на турнирите во Пекинг и Шангај

Актуелниот најдобар тенисер во светот Рафаел Надал соопшти дека поради повредата на коленото нема да учествува на турнирите во Пекинг и Шангај.

Надал ќе ги пропушти на турнирите во Пекинг и Шангај

Надал се повреди во полуфиналето на Ју-Ес опен и му го предаде натпреварот на аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро.

- По прегледите во Барселона, одлучивме дека е најдобро да не учествувам на турнирите во Кина, соопшти Надал.

Шпанскиот тенисер требаше да ја брани титулата во Пекинг, а во финалето на мастерсот во Шангај беше поразен од Роже Федерер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Дали причините на Петровска се поради хеликоптерите, да не излезе дека Гета може вода да ѝ носи?

Претседателот на СДСМ, д-р  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека јавноста треба да знае дали зад мотивите на пратеничката Славјанка Петровска за критика на раководството на СДСМ, се кријат други причини.

Филипче: Дали причините на Петровска се поради хеликоптерите, да не излезе дека Гета може вода да ѝ носи?

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека јавноста треба да знае дали зад мотивите на пратеничката Славјанка Петровска за критика на раководството на СДСМ, се кријат други причини, и дали нејзиното однесување има поврзаност случајот со набавката на хеликоптерите.

„За пратеничката Славјанка Петровска, се прашувам што е причина за ова. Да не е изјавата на Мисајловски дека потпишала за 37 милиони евра поскап договор за хеликоптери, од кога Комисијата донела друга одлука? Да не излезе дека Дејвид Гета може вода да и носи. И сега тие луѓе кажуваат што и како требало“, рече Филипче.

Филипче порача дека наместо денес да даваат совети како треба да се води партијата, ова мала група поранешни функционери треба да одговорат и за своето делување во времето кога биле дел од раководството на СДСМ.

„Игор Ивановски и таа група која што беа дел од раководството на партијата, сега покажуваат други ставови. Луѓето кои што очигледно молчеле, кога Бујар Османи го образложувал Францускиот предлог. Андреј Петров бил член на Извршниот одбор на партијата, што не кажал нешто тогаш за Европа? Андреј Петров, кој што е потписник на петиција за човек од црна листа да излегува од притвор. Игор Ивановски, кој што беше член на кој знае колку управни одбори, 10 -тина илјади евра имаше месечен приход и телефон на никој не дигаше, сега ќе кажува што требало да се прави со партијата. Па ја погребаа партијата, за малку ќе ја погребеа партијата. На издишување беше. “, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ Филипче потенцираше дека оние кои ја оставија партијата во тешка состојба денес не можат да се појавуваат како авторитети и да делат лекции како треба да се води СДСМ. Тој посочи дека актуелното раководство две години работи на консолидација на партијата и, за разлика од нив, се бори против власта и ги разобличува нејзините најголеми скандали.

„Ние сите во изминативе две години тешко работиме, се консолидираме и тие сега ќе кажуваат како треба. Кога ќе кажуваат? Кога ги вадиме најголемите скандали на власта. Па кој е наивен? Ке ми носеле план? Каков план ќе носеле? Таков каков што го прави они, ич не треба да го носат, видовме што направиј. Или некој друг? Ако знаат поинаку, што не направија направија поинаков.Ако сакаат да се вклучат, сега еве имаме избори во Брвеница. Ќе ги ставиме во распоредот па нека помагнат, ако сакаат вистински да помогнат на партијата. Ако не, нека ми се тргнат од патот, затоа што ќе ги згазам како шлепер жаба “, рече Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето

Фановите се загрижија за нејзиниот изглед, а дел од нив сметаат дека таа премногу ослабела.

„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето

Супермоделот Адријана Лима ги загрижи фановите со своето последно појавување во Париз, а видеото кое кружи на TikTok дополнително ги вознемири.

На видеото се гледа како познатиот супермодел излегува од автомобилот. Вниманието го привлекоа нејзините долги нозе, а дел од фановите коментираа дека изгледа премногу слабо.

Супермоделот претходно зборуваше за промените во својот изглед и за тоа дека одбива да го менува своето тело заради другите.

Коментарите под видеото се вжештија, а повеќето луѓе се прашуваа што ѝ се случило.

„Дали богатите луѓе се богати затоа што не јадат?“; „Не разбирам зошто сите се изгладнуваат, ова е навистина вознемирувачки да се гледа“; „Луѓе, ова не е нормално“.

@elie.rodet_photo #adrianalima #pfw #revolve ♬ son original - Justine Antoine

Што кажа Адријана Лима за своето тело по породувањето

Во 2023 година, Адријана зборуваше за физичките промени со кои се соочила по својата трета бременост.

Во интервју за „People“ таа откри дека сè уште работи на прифаќањето на промените.

„Секој ден морам да се потсетувам: Слушај, прифати се себеси. Прифати го своето тело“, изјави таа.

Таа објасни дека нејзиното тело сè уште се менувало по раѓањето на детето и дека тоа понекогаш ѝ носело несигурност. Таа истакна и дека бременоста и закрепнувањето различно влијаат на секого, а со годините се променил и начинот на кој нејзиното тело реагира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европските експерти: „Драматични подобрувања во условите, стручноста на лекарите и исходите за пациентите“

Од три пациенти во 2021 до 126 во 2026 година: Современа терапија за цистична фиброза од двегодишна возраст

Европските експерти: „Драматични подобрувања во условите, стручноста на лекарите и исходите за пациентите“

Министерството за здравство денеска го претстави проширувањето на третманот на цистичната фиброза. Современата CFTR-модулаторна терапија сега е достапна за вкупно 126 пациенти, а во 2021 година ја добиваа тројца. Терапијата ја добиваат сите пациенти што ги исполнуваат медицинските критериуми, почнувајќи од двегодишна возраст, како и пациентите со ретки генетски мутации.

Со тоа Македонија е меѓу земјите во регионот што ја обезбедуваат терапијата уште од двегодишна возраст.

Проширувањето е овозможено со зголемениот буџет на државата и на Фондот за здравствено осигурување и со успешните преговори со производителот Вертекс.

Пет години постепен напредок

Темелот го постави неонаталниот скрининг: во 2018 година започна како пилот-програма, а од април 2019 година е национална програма. Така болеста се открива уште во најраниот период од животот. Во 2021 година, со условен буџет од Фондот, првите тројца пациенти ја добија терапијата Калидеко. Потоа следуваше Трикафта, најнапред за пациентите со напредната белодробна болест. До крајот на 2023 година терапија примаа 12 пациенти, а беше објавено и Националното упатство за третман на цистична фиброза. Во 2024 година терапијата стана достапна за сите подобни пациенти над 12 години и започна вклучувањето на децата од 6 до 11 години.

„Од тројца пациенти во 2021 година до 126 денес. Зад секоја од тие бројки стои дете, семејство и нова надеж. Тоа е резултат на континуирана институционална поддршка и на заедничка цел: секој пациент со цистична фиброза што ги исполнува медицинските критериуми да има пристап до современа, таргетирана терапија“, изјави министерот за здравство.

Пациентите живеат многу подобро и многу подолго

Македонските центри за цистична фиброза се дел од Твининг-проектот (збратимување) на Европското здружение за цистична фиброза (ECFS). Педијатрискиот центар соработува со Универзитетската болница „Шарите“ од Берлин, а развојот на службата за возрасни го поддржува Кралската болница „Папворт“ од Кембриџ.

Д-р Чарлс Хаворт, пулмолог за возрасни од болницата „Папворт“, вели дека со новите CFTR-модулатори „пациентите се многу подобро, живеат подолго, а популацијата на возрасни со цистична фиброза продолжува да расте, што секако е голема приказна за успех“. При секоја посета на Скопје тој гледа „драматични подобрувања во условите, стручноста на лекарите и исходите за пациентите“.

Д-р Мирјам Штал, педијатриски пулмолог од „Шарите“, додава: „Имаме месечни состаноци онлајн и ги разменуваме нашите идеи и размислувања за пациенти кои се тешки за лекување. Мислам дека постигнавме прилично добар напредок во грижата за луѓето со цистична фиброза во Скопје.“

Разликата најдобро ја опишува пациентот Фики Гаспар. Пред терапијата беше на кислородна поддршка и речиси половина година поминуваше во болница. Денес вели: „Престанав да користам кислородна поддршка, функционалноста на белите дробови порасна од 15% на преку 55%. Имам семејство, имам син, работам цело работно време, можам да спортувам.“

Во Македонија денес се регистрирани 138 пациенти со цистична фиброза. Земјата е дел од Европскиот регистар на пациенти со цистична фиброза, па резултатите се следат и се споредуваат со европските стандарди.

Значајни новини за следниот период се формирање центар за возрасни пациенти со цистична фиброза, како и воведување нов лек „Алифтрек“, кој во моментот е во тек на регистрација во земјава, наменет за пациенти кои имаат повеќекратни мутации на ова заболување

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер