Надал и Серена со сигурни победи на „Ралон Гарос“ - Канал 5

Надал и Серена со сигурни победи на „Ралон Гарос“

Рафаел Надал започна ја започна со победа одбраната на својата титула на Отвореното првенство на Франција.

Надал и Серена со сигурни победи на „Ралон Гарос“

Надал, кој има десет трофеи од турнирот во Париз, го победи Симоне Болели (Италија) со 6:4, 6:3, 7:6 (9) за речиси три часа игра.

Дуелот беше прекинат минатата ноќ при резултат од 3:0 за Болели во третиот сет.

- Натпреварот беше тежок уште од вчера. Бев подготвен за сериозна битка. Но, тоа е нормално, во почетокот на турнирот секој игра многу добро. Против мене играше многу силен тенисер, за среќа успеав да го најдам вистинскиот пат. Денес Болели одигра многу добро, изјави Надал по дуелот.

Во вториот круг Шпанецот ќе игра против Гвидо Пеја (Аргентина), кој го елиминира Жоао Соуза (Португалија) со 6:2, 6:3, 6:4.

Серена Вилијамс пак постигна победа при нејзиното враќање на „Ролан Гарос“ по пропуштањето на минатогодишниот турнир, додека чекаше за своето прво дете. На стартот во Париз, трикратната шампионка (2002, 2013, 2015) по победата со 7:6 (4), 6:4 над чехињата Кристина Плишкова во натпревар, кој траеше час и 45 минути.

Иако не ја покажа својата најдобра игра, освојувачката на 23 Гренд слем титули покажа карактер и успеа да ја победи својата ривалка.

Во вториот круг, ривал на Американката ќе биде ставена под број 17 Ешли Барти од Австралија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Изутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар.

Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати.

Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени.

Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година.

Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Трендот на лажни СМС- пораки со известување за наводни сообраќајни прекршоци и казни поврзани со системот„Безбеден град“ продолжува.

Зголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казни

Од МВР предупредуваат граѓаните да бидат внимателни со пораките кои содржат линк каде се бара да се внесат лични или банкраски податоци и да извршат плаќања на наводна казна.. Станува збор за обид за измама и прибирање на лични податоци, објаснуваат од МВР..

Од министерството посочуваат дека официјалните смс-пораки за прекршок се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“. Во пораката треба да биде наведена регистарската ознака на возилото, а официјалниот линк треба да води кон доменот safecountry.mvr.gov.mk...

..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер