3Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
ТенисНадал елиминиран по маратонски меч со Милер Шпанскиот тенисер и четврти носител на Грен слемот Вимблдон, Рафаел Надал не успеа да се пласира меѓу осумте најдобри, откако синоќа загуби од Жил Милер од Луксембург со 3-2 во меч кој траеше 4 часа и 50 минути.Милер поведе со 2-0 (6:3 и 6:4), Надал возврати во третиот и четвртиот сет (6:3 и 6:4), а вистинска драма да се случуваше во решавачкиот петти сет кој траеше повеќе о два часа и му припадна на тенисерот од Луксембург со 15:13 во гемови. Имаше Милер можност и порано да го заврши дуелот, но не искористи во два наврата по две меч топки, за тоа да му успее во 28.гем од петтиот сет кога ја искористи петтата меч-топка. Жил Милер во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Хрватот Марин Чилиќ. Денеска на програмата е последниот осминафинален меч во кој се среќаваат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Адријан Манарино (Франција). Почетокот е закажан за 13 часот./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОгромно невреме во Романија: Едно лице загина, полиција и пожарникари на улицитеНајмалку едно лице загина во силно невреме што го погоди главниот град на Романија, Букурешт, и 20 окрузи, соопштија службите за вонредни ситуации.Тие рекоа дека едно лице загинало кога дрво паднало врз автомобил. Официјалните лица изјавија дека десетици домови и возила во 60 градови и села биле оштетени во бурата, а речиси 2.000 повици за помош биле примени само во Букурешт, објави „Digi24“. مشرقی یورپ کےملک رومانیہ میں خوفناک طوفان باد و باراں دارالحکومت بخارسٹ سمیت60شہر اور دیہات بری طرح متاثر،،سڑکیں اور گلیاں جھیل کامنظر پیش کرنے لگیں:خبرایجنسی شہریوں کومحفوظ مقامات پرمنتقل کرنےکاعمل جاری ہے#Romania #Bucharest #Storm #Flood #HeavyRain #FlashFlood #ExtremeWeather pic.twitter.com/jAhlisGxjz — Zafar Iqbal (@zafariq92311503) July 1, 2026 Официјалните лица изјавија дека полицијата и пожарникарите се распоредени во неколку окрузи и работат на евакуација на луѓето од поплавените домови и расчистување. 🚨 شاهد | أمطار غزيرة تتسبب في غمر مدخل محطة مترو ساحة النصر (Piața Victoriei) في العاصمة الرومانية 🇷🇴 بوخارست، ما أدى إلى تسرب المياه داخل المحطة وتعطل الحركة.#Romania #Bucharest #Floods #Storm #Weather pic.twitter.com/7Zmx0W6tJC — طقس_العالم ⚡️ (@Arab_Storms) July 1, 2026 Тие рекоа дека неколку метро станици во Букурешт биле поплавени. ⛈️Bükreş ve Ilfov bölgesini aniden bastıran şiddetli fırtına, dolu ve yağış vurdu: 1 ölü! ☔️Ilfov'da seyir halindeki bir otomobilin üzerine ağacın devrilmesi sonucu 1 kişi hayatını kaybetti. Fırtınada 144 ağaç devrilirken, 26 araç hasar gördü. 🌩️Fırtınada çok sayıda çatı… pic.twitter.com/6PYQiCr8wv — Romanya Haber (@romanya_haber) June 30, 2026 На бурата ѝ претходел топлотен бран со температури над 40 степени Целзиусови во делови од Романија во понеделник и вторник. Извор: Б92Тагови: невреме Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГерманците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервистиГерманската влада одобри нацрт-закон за задолжително повикување на воени резервисти на обука, дел од плановите за зголемување на бројот на војници и воените капацитети на Германија за одбрана од можна руска агресија.Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус постојано предупредува дека Германија мора да биде подготвена за војна и мора да ја подобри својата способност за брзо мобилизирање на силите во случај на голем конфликт на европско тло. Тој потврди дека германското Министерство за одбрана верува дека потпирањето на доброволно учество во армијата повеќе не е доволно со оглед на безбедносната ситуација во Европа. Се очекува Бундестагот да го разгледа нацрт-законот по летниот одмор, а министерството очекува законот да стапи на сила на почетокот на следната година. Извор: Б92Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизираОбилните врнежи кои попладнево го зафатија главниот град предизвикаа низа штети, а најкритично беше во општините Кисела Вода, Аеродорм и Гази Баба. Сосотојбата е веќе стабилизирана, има поплавени подруми, но сообраќајниците и подвозниците се веќе проодни, информираше градоначалникот на Град Скопје во изјава за Канал 5. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter