„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
1„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
ЗдравјеНад половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина, кај нас 55,7 процентиНад половина од возрасните граѓани во земјава имаат прекумерна тежина, а „подебели“ во регионот се само Хрватите, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина односно Индекс на телесна маса (БМИ) еднаков или поголем од 25. Најголем процент на возрасни луѓе со прекумерна тежина имаат Малта (62,5%), Исланд (62,0%) и Латвија (60,4%), додека најмал Италија (41,9%), Швајцарија (45,6%) и Франција (46,4%). Кај нас 55,7 проценти од возрасното население има прекумерна тежина. Земјите со висока стапка на дебелина, пишува Ландгеист, исто така, имаат и високи стапки на луѓе со прекумерна тежина. Малта е втора земја со најголема дебелина во Европа и исто така земја со најмногу килограми во Европа. Швајцарија е земја со најмалку дебелина во Европа, но и втора земја со најмалку прекумерна тежина во Европа. Но, и неколку земји како Естонија, Финска, Исланд, Македонија, Романија, Словачка и Словенија кои имаат релативно ниски стапки на дебелина, но имаат некои од највисоките проценти на луѓе со прекумерна тежина во Европа. Од земјите во регионот само Црна Гора (48,1%) има помалку од половина од населението со прекумерна тежина, додека најголема стапка на возрасни со прекумерна тежина има Хрватска – (58,1%). Потоа следат Словенија (55,7%), Грција (54,9%), Бугарија (53,7%) и Србија (52,5%). Најшокантен факт е веројатно дека во речиси секоја земја во Европа, повеќе од половина од сите возрасни луѓе се со прекумерна тежина. Во Малта (62,5%), Исланд (62,0%) и Латвија (60,4%) е дури над 60%. Единствените европски земји каде помалку од 50% од населението е со прекумерна тежина се Италија (41,9%), Швајцарија (45,6%), Франција (46,4%), Кипар (47,9%), Црна Гора (48,1%), Холандија (48,3%) ), Белгија (48,9%) и Луксембург (49,7%). Но, да бидеме искрени, дури и резултатот на Италија од 41,9% е шокантно висок. Индексот на телесна маса (БМИ), според Евростат, од каде се земени и податоците, се дефинира како тежина во килограми поделена со квадратот на висината во метри. Луѓето на возраст од 18 години или повеќе се сметаат дека имаат недоволна тежина со (БМИ помал од 18,5), нормална тежина (БМИ помеѓу 18,5 и помалку од 25) и пред-дебела (БМИ помеѓу 25 и помалку од 30). Категоријата прекумерна тежина (БМИ еднаков или поголем од 25) ги комбинира двете категории пред-дебели и дебели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС шири дезинформации за лековитеВладата на ВМРО-ДПМНЕ го штити интересот на граѓаните, се проширува позитивната листа на лекови, се обезбедува поголем избор и пониски цени.СДС продолжува со лаги и манипулации на граѓаните. Чии интереси штити СДС? Тврдењата дека „се излажани пациентите" се неточни и намерно ја игнорираат целата слика. Точно е дека референтната цена на „Фостер" беше намалена откако генеричкиот лек влезе на позитивната листа, токму со цел да се создаде конкуренција и пациентите да добијат алтернатива, наместо да зависат од еден единствен производител. Алтернативата е достапна во земјата. Ова е стандардна пракса и препорака на СЗО за внесување на генерики кои ќе донесат заштеда, средства кои остануваат за здравствениот систем, а не за странски фармацевтски компании. Обвинувањата за „хаос и негрижа" не објаснуваат зошто СДС молчеше кога хронично болните пациенти со онколошки заболувања, останаа без биолошка терапија под нивна власт или кога умираа пациенто со цистична фиброза! Наместо да се бараат политички поени врз грбот на пациентите, властите преземаат конкретни чекори, проширување на позитивна листа и намалување на цените. И да, заштедените средства повторно ќе бидат употребени за нови лекови за истите пациенти. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните. Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјата. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап. СДС молчеше додека Филипче профитираше за време на корона кризата, а пациентите останаа без лекови. За разлика од изминатите 7 години, кога здравството беше во колапс и ликови како Филипче го руинираа и ограбуваа здравството за лични и партиски интереси, сега работиме на враќање на довербата кај граѓаните и здравство кое ќе биде исклучиво за пациентите. СДС да не собира политички поени врз здравјето на граѓаните. Тоа е СДС. Расипничкото владеење на СДС и ДУИ го испразни буџетот за својот луксуз и тендери, а цената ја плаќаа граѓаните. Здравството е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се зголемуваат плати, се реновираат оддели и се купува нова медицинска опрема. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска Уставниот суд ја одржа 18. седницаСоопштение по одржаната 18. седница на Уставниот суд.Денеска Уставниот суд ја одржа 18. седница и го одлучи следното: 1. У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025 Поради недоволно мнозинство гласови при гласањето, овој предмет останува отворен и во фаза на гласање. Оспорени акти: членовите 75-ѓ став 1 и 12 алинеја 1 и 2, 76-д став 5 алинеја1 и 2, и 78-а став 4 алинеја 1 и 2 од Изборниот законик Подносители на иницијативите: Политичка партија “Левица” и политичка партија „Демократи” 2. Реферат У.бр.24/2026 Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 83 став 4 од Законот за судовите. („Службен весник на Република Македонија” бр.58/2006, 62/2006-исправка, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Македонија” бр.96/2019). Одлуката е донесена со мнозинство гласови. Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски 3.Реферат У.бр.44/2026 Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на Член 9 во делот „без претходна согласност на Владата на Република Македонија” од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија” бр. 72/2016, 142/2016 и 233/2018 и Службен весник на Република Македонија” бр.14/2020 и 154/2023). Одлуката е донесена едногласно. Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски 4. Реферат У.бр.47/2026 Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 60 став 2 во делот „кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 60 години на живот за жена, односно 62 години на живот за маж” од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Македонија” бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020, 163/2021, 294/2021, 99/2022, 236/2022, 65/2023 и 192/2025). Одлуката е донесена со мнозинство гласови. Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 5. Реферат У.бр.227/2024 Овој предмет е повлечен од седницата, поради испитување на дополнителни околности. Останува активен и ќе биде ставен на Дневен ред на некоја од наредните седници. Одлука за донесување на План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелацијја за корекција на границите на градежната парцела 1.28 од ДУП Крајбрежен појас – локалитет Спортски Општина Ѓорче Петров, Скопје („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” бр.2/2024). Подносител на иницијативата: Томислав Крстевски преку адвокат Ивица Коневски 6. Реферат УЗ.бр.15/2026 Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на став 2 во делот „јавните” и став 3 во деловите „јавните” и „за околу 6.000 крводарители” од точка IV. Финансирање на програмата и став 2 во делот „јавните” од точка V. Распределба на средствата од Програмата за организирање и унапредување на крводарителството во Република Македонија за 2026 година, донесена од Владата на Република Македонија, бр. 57-1208/8 од 24.02.2026 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија”, бр. 43/2026 од 27.02.2026 година. Одлуката е донесена едногласно. Подносител на иницијативата: Злате Шулески II – ПРЕДЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СУДИР НА НАДЛЕЖНОСТ 1. CH-I-бр.1/2025 Судот одлучи дека за постапување по барањето за враќање на привремено одземени предмети е надлежен Основниот суд Радовиш. Одлуката е донесена едногласно. Подносител на предлогот: Министерство за економија и труд –Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор – Струмица III- БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА Реферат БЗСП.20/2025 Судот го одби барањето на Шерафедин Куртов од Велес за заштита на слободите и правата што се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на национална припадност. Одлуката е донесена со мнозинство гласови. IV- БАРАЊЕ ЗА ПРЕИСПИТУВАЊЕ ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУД Реферат УЗ.бр.75/2025 Судот ја отфрли иницијативата за преиспитување на Одлуката У.бр.94/2019 од 12 мај 2020 година година, донесена од страна на Уставниот суд на Република Македонија. Одлуката е донесена едногласно. ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО НАЦРТ- ОДЛУКА 1. У.бр.59/2025 Судот ја запре постапката за овој предмет. Во оваа фаза од постапката, Судот оцени дека Решението У.бр.59/2025 од 4 март 2026 година, со кое е поведена постапка за оценување на уставноста на член 9 став 2 во делот „на самостоен орган на државна управа“ од Законот за индустриската сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 21/2009, 24/2011, 12/2014, 41/2014, 152/2015, 53/2016 и 83/2018 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.31/2020 и 86/2025), е засновано врз погрешно утврдена фактичка состојба. Одлуката е донесена со мнозинство гласови. Тагови: Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГолем меѓународен успех на ученичка од МакедонијаСофија Ѓорчева од Кавадарци оствари меѓународен успех.На меѓународниот турнир „Математика без граници“, кој се одржа во Несебар, Бугарија таа освои златен пехар во најтешката категорија „Ludovico Ferrari“; златен медал на тимскиот натпревар, сребрен медал на финалниот индивидуален натпревар. До финалето стигна по четири квалификациски круга, во кои освои златен медал во секој круг. Освен тоа, Ѓорчева е и добитник на сребрен медал на „International Youth Math Challenge (IYMC)“, каде што го постигна највисокиот резултат меѓу учесниците од Македонија.Тагови: меѓународен успех Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook