Над илјада и двеста затвореници гласаат во 14 казнено поправни домови - Канал 5

Над илјада и двеста затвореници гласаат во 14 казнено поправни домови

Од 7 часот утринава мензата во затворот Идризово е претворена во гласачко место каде гласаат затворениците. 

Над илјада и двеста затвореници гласаат во 14 казнено поправни домови

Оние што сакаат да го остварата своето право на глас на вториот круг на локалните избори од затворската полиција со комбиња се носат во групи на гласање во мензата каде избирачката комисија ги пречекува за да се запазат сите процедури. Тука гласањето не се врши со уредот за идентификација на гласачи УБИГ бидејки затворениците немаат лични карти туку според затворските книшки односно по матичен број се наоаѓа кој затвореник од која општина е и соодветно на тоа му се даваат едно две или четири ливчиња. Само за неколку места во општина шуто оризари имаше предвидено гласачки ливчиња и за совеничкилисти додека претежно добиваат по едно ливче а оние од Скопје од општините каде се гласа и за градоначалник на градоти и на општината добиваа по две ливчиња

Затворениците велат дека го следеле предизбониот период и ветувањата на идните градоначлници и сега очекуваат по овој втор криг тие да се зафата со работа пред се околу хигиената и инфраструктурата на местата каде што живеат нивните семејства.

Во казнено поравната установа Идризово во втриот круг право на глас имаат 620 затвореници што е речиси двојн помалку во однос на првиот круг бидејки нема да гласаат оние каде изборот е завршен во првиот круг

Тука право на глас имаат затвореници од 30 различни општини. Секој глас наместо во кутија тука се става во плико кое понатаму се става групирано по општини и според процедурите по завршувањето на гласањето гласачниот материјал со брза пошта и со полициска придружба ке се достави до секоја општинска комисија од каде потекнува глсачот.

Инаку денеска се гласа во 14 казнено поправни установи а право на глас имаат 1256 лица кои се во затвор или во домашен притвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.

Лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците

Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“.

„Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата.

Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира

Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети.

„Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата.

„Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата.

Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје

Филхармонијата беше домаќин на музички спектакуларчен концерт насловен „Мозаико Медитерано“ на грчката лирска сопранистка Марија Костраки и ансамблот предводен од виолинистот Андонис Сусамоглу.

Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје

Настанот во организација на Амбасадата на Грција понуди уникатен спој на медитерански музички традиции, со посебен фокус на творбите на познатиот композитор Манос Хаѕидакис.

Пред полната голема сала и покрај големиот интерес, концертот помина во преубава атмосфера, воодушевувајќи ја публиката која уживаше во врвните изведби...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија .

Зеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија и дека понатамошните одговори, односно целите за напади со долг дострел, веќе се утврдени.

„Благодарен сум на секоја единица за нивната прецизност и на сите наши одбранбени и безбедносни сили на Украина за систематската природа на украинските напади со долг дострел. Операцијата против руската индустрија за рафинирање на нафта продолжува, како одговор на руските напади врз украинските енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

Зеленски додаде дека електраните, енергетските мрежи, снабдувањето со топлина, снабдувањето со вода и цивилната логистика на територијата на Украина се под постојани напади од руски беспилотни летала и ракети „Шахид“, и дека Русија не ја менува природата на своите агресивни активности и дека ги напуштила чекорите за деескалација за кои зборуваа партнерите и дека планира понатамошни напади.

Тој рече дека искуството од хуманитарната операција во градот Олешки, кој е под руска контрола, во југоисточна Украина, каде што кон крајот на октомври беше воспоставено локално примирје за неколку дена за хуманитарни активности, покажува дека ако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја запре војната, може да дојде до смирување.

„Украина не треба да биде убедена дека е потребен мир што е можно поскоро. Ние го сакаме тоа. Русија треба да одлучи дека времето за војна е завршено. Нашите напади со долг дострел, нашите напади со среден дострел, како и целиот притисок од партнерите врз Русија поради оваа војна, тоа е она што создава мотивација за вистински преговори“, нагласи Зеленски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер