Над 600 љубители на Порше се собраа на едно место, држејќи социјална дистанца (ВИДЕО)

Тие го зачинија дружењето со гледање на филм заедно, без да го загрозат своето здравје.

Шпанија е тешко погодена од пандемијата на коронавирус, но сега животот полека се нормализира. Обично се избегнуваат големи настани, но можно е да се организираат во согласност со сите упатства на тамошните релевантни институции. Локалниот дилер на престижниот германски бренд, Porsche Iberica, го покажа ова на најдобар начин.

Тие ги поканија сопствениците на Порше на кино во Мадрид. Одговорија околу 250 од нив, а вкупно се собраа околу 600 љубители. Тие го зачинија дружењето со гледање на филмот заедно, а изборот падна на филмот Bad Boys For Life, најновото продолжение на хит серијата Bad Boys. Заедно со Вил Смит и Мартин Лоренс, Порше редовно има забележителна улога во филмот, додека во последното продолжение, најновата 911 ја доби таа можност.

Неколку генерации од 911 се собраа во избраното друштво на Порше, а Бакстер и Кајман беа добро претставени. Меѓу нив беше и 924 и неколку електрични Тајкани. СУВ манијата беше исто така присутна , па Макан и Каин го зазедоа своето место.


Делегација од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10 армиски резервисти загинати кај Карпалак

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија  денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак" во Прилеп.

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по повод 19-годишнината од загинувањето на 10 армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје и пред комплексот „Карпалак" во Прилеп.

Во понеделник, 10 август 2020 година, делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во село Љубанци, и во касарната „Илинден" во Скопје, по повод 19-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, скопско.

РЕК Битола : Се санираат состојбите во рудниците и се оспособуваат багерите за ископ на јаглен

Се санираат состојбите во рудниците во РЕК Битола по елементарната непогода и поплавите кои се случија на откопните полиња за јаглен предизвикани од обилните врнежи во изминатиот месец, а особено во последната недела.

Денеска на терен во рудниците повторно беа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски.

Исклучливо со сопствени средства и ресурси, неколку багери се вратени во функција, се испумпува водата и калта од откопните полиња, се вложуваат напори за брза набавка на неопходните дополнителни технички ресурси. Доколку е потребно, ќе пристигне и помош од соседна Србија, каде компанијата сродна на АД ЕСМ има искуство со неодамнешни поплави на производствените капацитети.

Предизвиканите штети на системот за ископ и транспорт на јаглен нема да влијаат врз производната цена на електричната енергија, бидејќи сите ресурси се осигурани од страна на соодветно осигурително друштво и штетата за комбинатот и за компанијата ќе биде покриена.

Од страна на генералниот директор Ковачевски беше испратена огромна благодарност за пожртвуваноста на сите вработени во РЕК Битола и во АД ЕСМ при санирањето на последитие од поплавите. Истовремено, Ковачевски ги осуди нападите врз РЕК Битола и вработените од страна на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, со оценка дека во моментов таквите партиски пресметки преку грбот на најголемиот државен производител на електрична енергија се несериозни и штетни за целата држава која во најголем дел се снабдува со струја од РЕК Битола.

,, Вчера се состана Управниот одбор на АД ЕСМ заедно со стручниот колегиумот на РЕК Битола токму тука во комбинатот. Беа утврдени понатамошните чекори кои ќе се преземат и беа утврдени конкретните задачи по служби и по секој еден вработен. Мотивацијата меѓу вработените е голема, сите се на работните места, нема годишен одмор, нема викенд, сите се вратија на работа за да дадат свој придонес овој комбинат кој е гордост на сите нив повторно да се врати во нормално функционирање и да го надмине овој голем и огромен предизвик за сите нас.

Тоа што не помага и што создава чувство на разочараност кај вработените се политичките пресметки што се прават преку нивниот грб од страна на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски.

Зачуденоста на вработените е уште поголема затоа што Мицкоски бил и директор во еден период. Сега од него дочекаа да слушнат дека не треба да им се дава и вода за пиење по рудниците.

Го повикувам Мицкоски да дојде тука, ќе го однесам во рудникот ако нема отидено, за да види што е рудник, што се рудари и што е елементарна непогода во јагленови откопни полиња,,-изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски информираше дека во изминатиот период во рудниците се правеле и дополнителни брани и канали со цел да се заштитат пониските места за ископ и на тој начин е спречено да дојде и до полоша ситуација од моменталната. Ќурчиевски изјави дека со натчовечки напори на вработените во комбинатот, во функција полека се враќа дел од механизацијата за ископ.

,,Во функција веќе е вратен еден од багерите, 323, а очекуваме до утре во функција да се врати и багерот 630/1 со претоварниот уред, и со тоа да го обезбедиме континуираното снабдување со јаглен на термоелектраната и да го одржуваме нивото на депонијата на моменталната состојба, односно околу 80.000 тони јаглен, што е вообичаена количина за летниот период. Сите сили во наредниот период ќе бидат насочени кон оспособување и најголемиот багер, КУ 300 ,,-изјави директорот Ќурчиевски.

АД Електрани на Македонија

Пронајдена црната кутија од индискиот Боинг 737

Црната кутија е пронајдена во пилотската кабина на патничкиот авион на местото на несреќата во јужната држава Керала, изјави за Ројтерс официјален претставник на Генералниот директорат за цивилно воздухопловство.

Боинг-737, од Ер Индија кој ги враќал Индијците блокирани во Дубаи поради пандемија на коронарна вирус, по обилниот дожд ја промаши пистата на меѓународниот аеродром Каликут.

Денеска бројот на жртви од оваа несреќа се зголеми на 18, додека 16 лица се сериозно повредени.

притисни ентер