ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!
2ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!
КултураНад 60 филмови на осмиот „МакеДокс“Со македонската премиера на документарниот филм „Со љубов“, снимен по сценарио на Атанас Георгиев и во режија на Илија Цветковски, вечер ќе биде отворен осмиот Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој ќе се одржува до 25 август во и на платото пред Куршумли-ан во Скопје.Посетителите ќе можат да погледнат 68 филмови во пет сегменти: Главна програма, Нови автори, Кратки филмови, Студентска и Детска програма. Тематски фестивалот ќе биде фокусиран на визуелната нарација со мото „Расприкажани слики“, следејќи ја познатата изрека „Една слика вреди илјада зборови“. Годинава на фестивалот посебно внимание се посветува на снимателите т.е. на директорите на фотографија, а особено во докуменатрниот филм. Оваа година за „МакеДокс“, како што информираа организаторите, аплицирал 2.791 филм од 120 држави, но само 68 се во програма, кои помалку користат говор, но повеќе раскажуваат со своите слики. На фестивалот ќе биде прикажан уште еден македонски филм, „Планински кавијар“ на авторот Јордан Дуков во продукција на ТВ Телма. Во Главната програма на фестивалот се седум филмови кои ќе се натпреваруваат за наградата „Голем кромид“. Одлуката ќе ја донесе жири во состав: Антон Калеја, Владимир Блажевски, режисер и документарист на играни и документарни филмови и Туе Стин Мулер од Данска. За наградата „Млад кромид“ за најдобар филм на млад автор ќе одлучува жири во состав: Кристина Первила-Андерсон, Селин Мурат и Талал Дерки. За наградата „Кокарче“ за најдобар студентски документарен филм ќе одлучуваат Ана Јакимска, Ненад Поповиќ и Филип Велковски. Годинава, првпат на „МакеДокс“ ќе биде доделена и награда за краток документарен филм „Сечкан кромид“, а за наградата ќе одлучуваат Ања Медвед, Катарзина Гондек и Роберто Блат. Сите филмови што ќе бидат прикажани на „МакеДокс“ влегуваат во конкуренција за Наградата за етички идеи, за која ќе одлучува жири во состав: Анета Дучевска, Брина Вогелник и Вито Флакер. Наградите, што ќе бидат доделени на последната вечер на фестивалот, се дело на академскиот скулптор Примож Селишкар. Земја во фокус годинава е Грузија. Според организаторите, Грузија не е одбрана случајно и изобилува со стара и со напредна кинематографија. Првата кино проекција во Грузија се случила во 1896 година, а во 1909 година се снимил првиот долгометражен грузиски филм. На 8. „МакеДокс“ ќе може да се проследи избор на седум најнови грузиски документарци, шест долгометражни и еден краткометражен. Покрај филмската програма, на фестивалот ќе се одржат работилницата за визуелна нарација и камера „Една слика, илјада зборови“ на која предавањата од 21 до 25 август во Даут-пашин амам ќе ги држат гостите Кристина Первила-Андерсон и Туе Стин Мулер, како и работилницата за фотографија „Камера опскура“, која ќе ја води фотографот Сашо Н. Алушевски. Во текот на фестивалските денови ќе се одржи и втората сесија на работилницата за креативен документарен филм „Докуникулци“. На отворањето на фестивалот ќе настапи „Фолтин“, на 23 август словенечкиот ансамбл со специфичен израз „Брина“, а на затворањето на фестивалот македонската група „Баклава“. Во рамки на „МакеДокс“ се Док-муабетите под смоквата на кои авторите, но и публиката, имаат можност одблиску да се запознаат меѓусебно. Ќе има и промоција на книгата „Социјалниот архетип во документарниот филм“ на Маријана Котевска Георгиева и фото-изложба „Расприкажани слики од грузиски ракурс“. Агенцијата за филм и Министерството за култура во рамки на спроведувањето на програмата „Креативна Европа“ (Култура и МЕДИА) ќе организираат промотивен настан, кој ќе се одржи на 23 август во 11 часот, во медиа-центарот на црквата „Св. Спас“ во Скопје. Осмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија, МЕДИА - потпрограма на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон и Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху и шефот на Мосад планирале воени операции во Иран- Американците дознале и ги спречилеСпоред извештајот на израелската телевизија Канал 12, премиерот Бенјамин Нетанјаху и шефот на Мосад, Роман Гофман, планирале да извршат операција на иранска територија ноќта пред израелските избори. Израелски безбедносен оперативец наводно погрешно ги известил САД за планот, по што Вашингтон спречил негово спроведување. Канал 12 не објави детали за планираната операција и не е јасно точно како Вашингтон дознал за планот. Според извештајот, некои високи израелски безбедносни претставници се спротивставиле на операцијата бидејќи се плашеле дека може да предизвика голема ескалација со Иран и да ги одложи изборите. Изборите се одржаа на 27 октомври, но блокот на Нетанјаху освои 53 од 120 места и во моментов нема мнозинство во Кнесетот. Во посебен извештај се наведува дека началникот на Генералштабот, Ејал Замир, предупредил дека Иран може погрешно да ги протолкува потезите на Израел и да започне напад. Канцеларијата на Нетанјаху: Ова се лаги Израел Хајом објави дека Гофман го поддржал предлогот на Нетанјаху, додека Замир се спротивставил на него. Според весникот, операцијата би можела повторно да го разгори конфликтот со Иран, но нема да биде голема воена офанзива. Кабинетот на Нетанјаху претходно ги отфрли извештаите за предизборен напад врз Иран како лажни. Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема намера прво да го нападне Иран пред гласањето, но ќе одговори со сила во случај на ирански напад.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Мосад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски.Кога нема аргументи за суштината на прашањата, очигледно остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација. Квалификацијата „патриот на батерии“ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски. Во 2017 година, пред локалните избори, Димитриевски се откажа од пратеничкиот мандат и без политички калкулации влезе во изборната битка за градоначалник на Куманово. Не си остави резервна позиција во Собранието доколку ги изгуби изборите. Наспроти тоа, дел од тогашното раководство на СДСМ, кандидати за градоначалници, ги задржаа пратеничките мандати како сигурна алтернатива. Токму тука е разликата во политичкиот пристап и одговорноста. Патриотизмот не се мери со навреди, туку со одлуки, постапки и преземена одговорност. Нашиот став за правосудниот испит е јасен: тој треба да се полага на македонски јазик, согласно Уставот и законите. Македонскиот јазик не е предмет на политички пазарења и коалициски калкулации. ЗНАМ е подготвен за разговори со владините партнери, но нема да отстапи од своите принципи. Истиот принцип го застапуваме и во однос на евроинтеграциите. Македонија сака членство во Европската Унија, но не прифаќа постојани еднострани отстапки кон Бугарија без реципроцитет. Нашиот предлог за одложено дејство на уставните измени останува на маса. Очекуваме почитување на правата на Македонците во Бугарија и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Во однос на обвинувањата на СДСМ за наводни средби, лобирања и поврзаност со Алта банка, бараме да се соопштат конкретни докази, факти и документи. Доколку постојат докази за незаконско постапување, надлежните институции треба да постапат. Сериозни обвинувања не смеат да бидат средство за дневнополитичка пресметка. ЗНАМ не отвора прашања за македонскиот јазик за да му обезбеди алиби на кого било, туку затоа што тоа е прашање од суштинско значење за државата. А што се однесува до наводниот пад на рејтингот на ЗНАМ, потсетуваме дека во 2024 година, кога дел од аналитичарите ни предвидуваа поддршка од околу 1 процент, граѓаните ни дадоа 56.232 гласа, 5,59 проценти и шест пратенички мандати. Тоа се официјални изборни резултати, а не нечии проценки. Според интерната анкета на Движењето ЗНАМ, актуелната поддршка за партијата е над 4,5 проценти, што одговара на приближно 50.000 до 55.000 гласови доколку изборите би се одржале денес. ЗНАМ нема да ги менува своите принципи според дневнополитичките потреби, нема да тргува со македонскиот јазик и нема да прифаќа еднострани отстапки без реципроцитет. Македонија не е предмет на политички пазар. Таа е наша одговорност и обврска. Патриотизмот се докажува со дела, со став и со подготвеност да се преземе одговорност за државните интереси. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ТехнологијаПакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата. Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж. Идентитетот е непознат Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата. Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата. Историското значење на летот CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23. Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.Тагови: вселенска станица астронаут Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook